Без струја делови од Петровец, Центар и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 10.30 часот ќе бидат корисниците од селата Летевци и Брезница, како тунелот Катланово во општина Петровец, информира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот че немаат и корисниците на ул. Козара бр.27А во општина Центар и на ул. Апостол Петков во општина Ѓорче Петров.

Голем дефект во енергетскиот систем остави четири централноазиски држави без струја


Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се соочија со масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, предизвикани од ненадејно нарушување на преносниот систем во меѓусебно поврзаната централноазиска енергетска мрежа, соопшти казахстанското Министерство за енергетика. Министерствата за енергетика на четирите земји ги потврдија дефектите и информираа дека екипите на терен веќе работат на постепено стабилизирање на […]

Аларм во БиХ: Сушата, застарените капацитети и недостатокот на инвестиции го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија


Босна и Херцеговина е загрозена од ограничувања во снабдувањето со електрична енергија поради сушата, но и од повеќегодишното доцнење во енергетската транзиција и недоволните инвестиции во нови производствени капацитети, предупреди во понеделник енергетскиот експерт и поранешен премиер на Федерацијата БиХ Едхем Бичакчиќ. Бичакчиќ изјави за телевизијата Н1 дека климатските промени носат подолги сушни периоди, пожари, […]

Не размислуваме за поскапување на струјата, туку за поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа, вели Мицкоски


Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија, туку се обидува да најде формула со која цената на струјата евентуално ќе се намали или барем да се зголеми периодот на евтина тарифа. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски на настан во Владата на кој се потпишаа договори за реализација на третата фаза […]

Треба ли Македонија да стравува од енергетската криза во Европа


Невообичаено долгиот период на многу топло време во Европа и намалените водостои на некои од најголемите реки како Рајна и Дунав, од една страна ја зголемија потрошувачката на електрилчна енергија, а од друга, доведоа до намалување на производството кај хидроелектраните и до најави за можно исклучување на некои од нуклеарните централи. Нуклеарката Пакш, која обезбедува […]

Без струја делови од Карпош и Центар


Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Карпош и Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од „ЕВН Македонија“.  Без електрична енергија во општина Центар предвидено е да останат улица „Железничка“ број 20, 22, 22-а, 26 и 30 и улица „Герман“ број 26 и […]

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство


Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за […]

„Нема струја, нема вода, нема бензин“: Летото на Крим се претвори во кошмар


  Прво, гостите престанаа да доаѓаат. Додека украинските дронови и ракети го напаѓаа Крим во текот на пролетта и во текот на летото, руските туристи почнаа да ги откажуваат своите резервации во малата гостилница што ја води Марина во Евпаторија, одморалиште на брегот на Црното Море на полуостровот. Потоа бензинот стана оскуден, што го отежнуваше […]

Делови од Горно Соње и Бардовци без струја


Без електрична енергија денеска од 07.00 до 16.00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње, информира РЦУК Скопје. Оод 09.00 до 13.30 часотструја ќе немаат и дел од корисниците околу црквата во населбата Бардовци.

Повеќе од седум часа утре делови од Скопско без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од општина Петровец. Од таму информираат дека без електрична енергија ќе останат селата Огњанци, Чифлик.Петровец(дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанеријас. Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле и тунел Катланово. Прекинот ќе трае во […]

Голем дел од Скопје утре без струја: Од Ист гејт до Бутел


Поради реализација на инвестициски зафат за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, в петок, 10 јули 2026 година, во делови од Скопјe ќе има прекини во снабдувањето со струја. Од Електродистрибуција информираат дека нивните екипи во периодот од 06:05 до 08:05 часот ќе работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа. Во наведениот […]

Нов енергетски колапс во Куба ја продлабочи кризата: Жителите на Хавана излегоа на улиците


Жителите на неколку населби во кубанската престолнина Хавана излегоа на улиците за да протестираат против продолжените прекини на електричната енергија, додека властите се обидуваат да ја обноват електричната мрежа по колапсот што го погоди целиот остров по трет пат оваа година, објави Ројтерс во среда. Милиони Кубанци сè уште беа без струја и покрај тврдењата […]

Целодневна евтина тарифа ќе има и во сабота? „Ова е добра идеја“, вели првиот човек на Регулаторна, Ацо Ристов


Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите […]

Разбиена криминална организација во Грција што крадела струја и нанела штета од над девет милиони евра


Три лица се уапсени, а уште 105 се осомничени дека се дел од криминална организација, која со специјализирани манипулации на електрични броила крадела струја во повеќе делови на Грција, при што нанела штета што надминува девет милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е […]

ЕСМ в година ќе покрива 70 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, што значи тоа за сметките за струја


Државната компанија АД ЕСМ веќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Следната година, наместо досегашните 100 проценти, ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова, како што рече денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, е последната обврска од реформската агенда. Сите останати се […]

Како ветерот и сонцето ги намалија сметките за струја во Шпанија


Шпанските домаќинства заштедуваат 10 евра месечно на сметките за струја благодарение на ветерните фарми и сончевите панели инсталирани во последните пет години, открива нов извештај. Според центарот за истражување на климата Ембер, стратешката експанзија на обновливата енергија по руската инвазија на Украина во 2022 година ги заштити шпанските домаќинства од најновите зголемувања на цените на […]

Без струја повеќе делови од Скопје


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините  Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода.  Во периодот […]

Без струја две улици во чаршија и повеќе скопски села


Без струја денеска од 7:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Покриена чаршија и дел од улицата Ковачка во Стара скопска шаршија. Како што соопшти Регионалнит центар за кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, […]

Дел од општина Центар и неколку скопски села без струја


Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно […]

Струјата може да поевтини 5 до 10 отсто, вели Мицкоски


Владата прави потрошувачко портфолио, кое треба да го усогласи со дистрибутерот „ЕВН хоум“ и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната – најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше […]