Струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште, без вода дел од Карпош


Без вода во текот на денешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, денеска ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ […]

Бузалково, Сливник и Клуковец на празник останаа без струја, ЕВН работи на отстранување на дефектот


Граѓани на велешките села Бузалково, Сливник  и Клуковец реагираат поради тоа што останале без струја. Од ЕВН известија дека дефектот бил саниран, но повторно се појавил и дека работат и на други дефекти во Велес.  Инаку, Бузалково има 2.050 жители, Сливник има 650 и Клуковец е со 505 жители. Како што известија жители на овие […]

Без струја утре делови од Карпош, Сарај и Бутел


Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од селата Горно Нерези и Горни Крушопек. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Призренска“ бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53 во Општина Бутел. Како што соопшти РЦУК – Скопје, […]

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство


Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 775.397 мегават часови електрична енергија, 43,679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за […]

Ќе се издава коригирана фактура: Двочасовен состанок на Здружението на инженери и РКЕ:


Во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), денеска се одржа двочасовен состанок помеѓу претставници на Здружението на инженери и членовите на РКЕ, на кој биле прифатени забелешките дека фактурирањето врз основа на проценета потрошувачка на електрична енергија доведува до разлики во износите на сметките. Како што соопштија од Здружението на инженери ова може да предизвика финансиска […]

Без струја делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош


Во повеќе делови од Скопје денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, според известувањата од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и Канализација. Без струја ќе бидат делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, а вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош. Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична […]

Здружението на инженери поднесе претставка до РКЕ за високите сметки за струја


Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија. „Бараме конкретни решенија за: 1. спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата и 2. елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН. Бараме: -Да се изврши измена на Правилата […]

Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување


Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што […]

Без струја делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од ул. „Јани Лукровски“


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопштија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска од 09:00 […]

КСОМ реагира на високите сметки за електрична енергија


Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска на прес конференција апелираа до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што граѓаните ги добиваат за електрична енергија од страна на ЕВН. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески рече дека до нив секојдневно пристигнат поплаки од граѓани кои се жалат на […]

Во декември 70,2 отсто од потрошената струја од домашно производство


Лани во декември државава вкупно потрошила 789.741 мегават часови електрична енергија, 38,762 милиони нормални кубни метри природен гас, 379.630 тони јаглен и 92.282 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 70,2 отсто од потрошената електрична енергија во декември била од домашни извори, а 98,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени […]

Вевчани и околните села в среда и четврток без струја


Неселните места Вевчани, Октиси, Лабуништа и Добојвани ќе останат без струја на 26 и 27 февруари поради инвестициски зафати во дистрибутивната мрежа, информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски. Според соопштението, в среда на 26 февруари во периодот од 9 до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа […]

Делови од Чаир и Чучер Сандево без струја


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја од 8 до 10 часот ќе бидат објектите во трговскиот центар Чаирчанка и корисниците на улиците „Стојна Стевкова“ и „Панче Неделковски“ во општина Чаир, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Од 10 до 15 часот струја ќе немаат и Пречиститилната станица во […]

Дел од Општина Аеродром без струја


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски“ – подулици број 3, 4, 5 и 7 во Општина Аеродром. Прекинот, како што соопшти РЦУК – Скопје, е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. 

За 1.000 денари поевтини сметки за струја за две категории семејства


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална […]

Сопственик на угостителски објект во Струга, го штелувал броилото за струја


СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Р. сопственик на угостителски објект од Струга поради кражба на електрична енергија. „На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин […]

Една година по 1.000 денари пониска сметка за струја за ранливите категории граѓани


Владата одлучи да ги субвенционира, односно да ги намали сметките за струја за граѓаните кои спаѓаат во ранлива група, следната година.   – Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени со оваа програма да се стекнат со […]

Мајмун ја остави Шри Ланка без струја


Еден мајмун ја остави цела Шри Ланка без струја. „Мајмун дојде во контакт со мрежен трансформатор, предизвикувајќи краток спој кој го „сруши“ целиот електроенергетски систем на Шри Ланка“, изјави министерката за енергетика Кумара Јајакоди. Ова се случи во неделата, а снабдувањето со електрична енергија на земјата со 22 милиони жители се обновува и денес, соопштија […]

Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров


 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, поточно од раскрсницата со „Тодор Чангов“ бр.10 до раскрсницата со „Ѓорги Капчев“ бр.25 […]

Божиновска најави посебен пакет со „понормална“ цена на струјата за комуналните претпријатија, болниците, школите…


Се прави сеопфатна анализа за потрошувачката на струја во јавните комунални претпријатија, болниците, школите, училиштата,… кои имаат енормни сметки, се размислува да се направи посебен пакет за нив со „понормална“ цена, а се работи и на формирање балансна група во која ќе бидат групирани. Деновиве не може да се каже кое ќе биде решението, но […]