Без струја дел од село Буковиќ и ул. „Струшка“ во Карпош


 Корисниците на ул. „Струшка“ во општина Карпош денеска од 9 до 12 часот ќе немаат електрична енергија. Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од горниот дел на село Буковиќ во општина Сарај. 

Клучен систем на океански струи би можел да се распадне. Исланд направи невиден потег


Oстровот Исланд  својата релативно блага клима ја должи на клучна мрежа од океански струи кои ја транспортираат топлината на север од Атлантикот. Без нив, островот би бил значително постуден и поизложен на бури. Соочена со сè поголеми докази дека системот би можел да се распадне, исландската влада презеде невиден чекор прогласувајќи го ризикот за закана […]

Австралија ќе нуди на домаќинствата по три часа бесплатна енергија


Австралија ќе им понуди на домаќинствата најмалку три часа бесплатна електрична енергија секој ден, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен. Граѓаните ќе можат да користат бесплатна енергија добиена од сонцето во периодите на најголемо производство, главно во средината на денот. Во Австралија, околу четири милиони домови веќе имаат соларни панели на своите покриви. Програмата […]

По 5 часа, Прилеп доби струја


Прекинот со напојување на електрична енергија кај Прилеп и околните села е саниран во 00.49 часот. Моментално нема прекин со снабдувањето на електрична енергија. Поради дефект вчера, цел Прилеп беше во мрак 5 часа. Од ЕВН Македонија дополнително појаснија дека дефектот не бил во нивната дистрибутивна мрежа, туку на високонапонскиот преносен систем на МЕПСО, кој […]

Од домашно прозводство покриена 93,2 отсто од потрошувачката на струја во август


Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика. Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 мил. нм3 природен гас, 267 987 тони јаглен и 110 475 […]

Без струја делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Центар, Сарај и Студеничани


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места. -Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја че бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, […]

Украина се соочува со сурова зима: Принудени сме да воведеме намалувања на електричната енергија


Украина воведува итни прекини на електричната енергија во сите освен во два региона, откако серија руски напади предизвикаа голема штета на нејзиниот енергетски систем, соопштија украинските власти во среда. Русија ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина како што се приближува зимата, сериозно оштетувајќи го производството на гас и повремено потопувајќи ги големите градови, […]

Шпанците стравуваат од масовни прекини на електричната енергија


Шпанците веќе се најдоа во темнина неколку пати оваа година, а властите повторно предупредуваат дека земјата може да остане без електрична енергија и повикуваат на итни мерки и спречување на преоптоварување. Шпанија се соочи со прекин на електричната енергија во април оваа година, кој траеше повеќе од десет часа и погоди дури 60 милиони луѓе. […]

Крњево и делови од Аеродром и Ѓорче Петров, утре без струја


 Без струја утре ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. -На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, […]

Без струја делови од Ѓорче Петров


 Денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Веле Марков“, „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшковиќ“ и „Рафаел Батино“ во општина Ѓорче Петров. Како што унформираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 09.00 до 15.00 часот. 

Во Србија граѓаните плаќаат поскапа струја од 13 држави во Европа


 Граѓаните на Србија ја плаќаат поскапо електричната енергија од жителите на 13 европски држави, а владини претставници тврдат дека цената е на дното на листата на земји од Стариот континент и ќе остане таква и по 1 октомври, кога цената ќе се зголеми за 6,6 проценти. Како што пишува неделникот „Радар“, ако цената вклучува бројни […]

Утре повеќе тетовски села без електрична енергија со часови


Жителите на повеќе тетовски села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, најавија од електродистрибуција. Од 09:00 часот наутро до попладневните часови без струја ќе бидат: • Стримница – делови од селото, од 09:00 до 14:00 и повторно од 09:00 до 14:30 часот • Прушовце – објектот на Шакир за производство на прозори, […]

Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром. Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ – крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а […]

Без струја дел од општина Шуто Оризари


 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од потрошувачите лоцирани на улиците „Тиквешка“, „Демирхисарска“ и „Хаџи Јован Шишков“ во општина Шуто Оризари.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје. 

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство


Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. Според податоците од Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9  отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за […]

Една серверска фарма за ВИ бара моќност колку за цел Њујорк


Серверските фарми доживуваат побрз и поголем пораст од кога било претходно, додека вештачката интелигенција (ВИ) предизвикува сѐ поголема побарувачка за процесорски капацитети, коишто трошат струја колку цели градови, а електричната мрежа на САД се бори да држи чекор со вратоломната експанзија. Ограничувањата во напојувањето станаа најголемото тесно грло на градењето на нашата иднина со вештачката […]

По 1.000 денари месечно за струја за семејства во ризик


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши проверката на сите пристигнати барања поднесени по Јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица кои припаѓаат на категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Постапката за проверка е спроведена врз основа на потпишаните Меморандуми за соработка со Управата за јавни приходи и […]

Уште не профункционирала опремата за проверка на електричните броила како што вети Божиновска


Иако министерката за енергетика Сања Божиновска уште на 23 февруари годинава при посетата на Бирото за метрологија најави итно активирање на државната лабораториска опрема за проверка на електричните броила, во реалноста таа опрема сѐ уште не е ставена во функција. За време на посетата, таа изјави дека „ерата на високи сметки и неточни броила заминува во […]

Без струја дел од жителите од неколку општини


 Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жители од неколку населени места.  Без струја во период од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. 20 во село Бразда, Општина Чучер Сандево. Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе […]

Без струја корисници од неколку улици во Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисници од неколку улици во Кисела Вода. Како што информираат од РЦУК, во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Иван Хаџиниколов“, „Герника“ и „Сердарот“ во населба Драчево, општина Кисела Вода.