Ресторан, фитнес и спа-центар преку тајна шахта си крадел струја во Тетово


По претходни контроли во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди тешка кражба на електрична енергија. Објектот работи како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, извести Елекртодистрибуција. Како што објавија, констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна […]

Без струја делови од Центар и Кисела Вода


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 8.30 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од ул.„Тодор Александров“ – Комплекс „Олимписко село“ во општина Центар. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, […]

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра


Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила. РКЕ информира дека во новиот  Правилник […]

Во декември 78,4 отсто од потрошената струја од домашни извори


Лани во декември во земјава вкупно се потрошени 821 436 мегават часови електрична енергија, 47,058 милиони нормални кубни метри природен гас, 261 591 тони јаглен и 100 606 тони нафтени продукти. Според податоците од Државниот завод за статистика, 78,4 отсто од вкупно потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,6 проценти од потрошениот јаглен […]

Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, во Шуто Оризари нема струја


Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, најавен и прекин на електрична енергија во дел од Шуто Оризари. Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради дефекти и технички интервенции. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-80 мм […]

Откриено крадење струја за копање биткоини на „Бутелска“ – ќе платат 16 милиони денари


Со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, соопшти Електродистрибуција. Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект […]

Тивка револуција: Кина ја гради мрежата на иднината


Кина изгради систем за електрична енергија што остатокот од светот може само да го замисли. Мрежите со ултра висок напон (UHVDC) поврзуваат огромни извори на обновлива енергија во внатрешноста на земјата со мегаградови на крајбрежјето, а технологијата што го овозможува ова станува нов извозен капитал на Кина. Аналитичарите предупредуваат дека Европа заостанува уште повеќе Кога […]

Без струја улицата „Тодор Чангов“ – крак 48 во Аеродром


Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром). Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде  во периодот од 09.00 до 11.00 часот

Бурата Јоханес остави 40 илјади домаќинства без струја во Шведска


Во северна Шведска бурата Јоханес со многу силни ветрови, остави над 40 илјади домаќинства без струја. Снежните врнежи и силните ветрови се особено истакнати во северните делови на земјата, а бурата се шири брзо. Портокалови и жолти предупредувања за временските услови се издадени во целото кралство, а локалните медиуми известуваат за ветрови од над 41 […]

Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче


Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието,  посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.   „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама […]

Четири тетовски села денеска без струја


Дел од тетовските села Цепчиште, Јажинце, Доброште и Слатино утре, 23 декември 2025 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа. Според најавата, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Во селото Џепчиште без струја ќе останат објекти кои се наоѓаат кон центарот на селото, додека во Јажинце прекинот ќе […]

Без струја корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците на улица „Христо Татарчев“ бр. 14 кон објект со куќен број 30 (Општина Кисела Вода).

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја


ЕСМ побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Причината е во секојдневните блокади на грчките земјоделци. Доставата на енергенси потребни за производство на електрична енергија е отежната, па поради тоа Електрани преку писмо побарале од Владата да се користат државните резерви. – До Владата е стигнат таков допис за кој ќе […]

Без струја делови од Аеродром, Сарај и Сопиште


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Аеродром, Сарај и Сопиште. Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија информира дека од 08 до 09 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Јане Сандански бр.70 во општина Аеродром, а од 10 до 13 часот корисниците од селото Долно Лисиче […]

Зимава ќе немаме вишоци на електрична енергија, вели Бислимоски


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе почна да ги менува лиценците на фотоволтаичните електрани кои инсталираа батерии, но сепак во текот на зимава не може да очекуваме дека ќе имаме вишоци на електрична енергија, бидејќи тогаш се зголемува потрошувачката пред се кај домаќинствата зашто голем дел од нив се грејат на струја, посочи денеска претседателот […]

Од 1 јануари поевтини трошоци за струја: РКЕ ги намалува мрежните надоместоци


Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). […]

Хавана без струја, кубанската електроенергетска мрежа повторно во колапс


Кубанската електроенергетска мрежа е делумно во колапс денеска, а главниот град Хавана и поголемиот дел од западниот дел на земјата се без струја. Не е јасно што го предизвикало прекинот на мрежата. Во Хавана, само болниците и некои хотели имаа електрична енергија утрово. Кубанските електрани на нафта, веќе застарени, доживеаја целосна криза минатата година, бидејќи […]

Повеќе од 600.000 луѓе се без електрична енергија по руските напади во Украина


Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Украина по руските напади со ракети и беспилотни летала, соопшти украинското Министерство за енергетика. „Како резултат на нападите, повеќе од 500.000 потрошувачи во Киев и повеќе од 100.000 потрошувачи во неговиот регион останаа утринава без електрична енергија“, наведе Министерството. Како што беше додадено, речиси 8.000 луѓе […]

Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти


Од утре електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако регулаторот ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор. Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните. Според надлежните, поскапувањето е резултат на зголемени […]

Ќе поскапи ли струјата од јануари?! ЕСМ понуди 65 евра за мегават час, до сега беше 62 евра


Дали граѓаните од јануари ќе плаќаат за речиси 5% поскапа струја. ЕСМ на тендерот на Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ понудиле цена од 65 евра за мегават час за покривање на 100% од вкупно планираните количини на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи за цела 2026 година. Инаку новата цена на струјата најмногу зависи од […]