Во април 66,7 проценти од потрошената струја од домашно производство


Бруто-домашното производство на електрична енергија во април годинава учествува со 66,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија,  додека 91,6  проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија,  објави денеска Државниот завод за статистика. Во Македонија во април годинава се потрошени 539.955 МWh електрична енергија, 6.391 милиони нормални метри кубниприроден […]

Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром вечерва останаа без струја од невремето, дефектот отстранет


Снабдувањето со електрична енергија во општина Аеродром вечерва е нормализирано откако екипи на ЕВН го санираа  дефектот на електричната мрежа што настана како последица на невремето што во текот на денот и повторно вечерва го зафати Скопје.   Дефектот на трафостаницата настана од силните атмосферски празнења во тек на вториот бран од невремето што го зафати […]

ЕЛЕМ продаде вишоци струја за 3,8 милиони евра


АД ЕЛЕМ вчера продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават часови, по цена од 43,87 eвра за мегават час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра. Од АД ЕЛЕМ соопштуваат дека продадените вишоци се ,,базна” електрична енергија (0-24ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година. АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегацат часови […]

ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија


АД „Електрани на Македонија” објави продажба на вишоци на електрична енергија во вкупна количина од 102.720 мегават часови што ќе се продаваат во јуни, јули и август 2018 година. За јуни ЕЛЕМ за продажба нуди 43.200 мегават часови, за јули 29.760, а за август 29.760 мегават часови електрична енергија. Објавата и деталите за продажбата се дадена […]

Македонија во февруари вкупно потрошила 678.991 мегават часови струја


Македонија во февруари годинава вкупно потрошила 678.991 мегават часови електрична енергија, 42,483 милиони нормални метри кубни природен гас, 416.900 тони јаглен и 66.449 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 85,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,9  отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.

Владата ќе потпише меморандум за заеднички настап на пазарот на струја со Бугарија


Владата на Република Македонија на денешната  седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на  Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија, и го прифати усогласениот текст на овој меморандум. Една […]

Радикална уметност: Марина Абрамовиќ ќе се изложи на струја од милион волти


Уметницата Марина Абрамовиќ повторно го сврте вниманието кон себе со најавувањето на нејзиниот нов перформанс. Станува збор за соло перформанс на кој Абрамовиќ ќе се изложи на струја од милион волти. Уметничкиот потфат ќе се реалзиира во 2020 година во Кралската академија на уметностите. Ако претставата успее, Марина, која тогаш ќе биде на 73-годишна возраст, […]

„Скопје 2014“ потона во мрак


Еден час, почнувајќи од 20.30 часот, Калето, Камени мост, плоштад „Македонија“ со спомениците, зградите од „Скопје 2014“ и мостовите останаа без струја. Напојувањето со електрична енергија беше исклучено свесно, со што Град Скопје се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“. На плоштадот „Македонија“ заедно со волонтерите на Црвениот крст беше испишано логото на […]

Центарот на Скопје утре еден час ќе нема струја


Утре половина Скопје ќе остане еден час без струја во знак на поддршка на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Струјата ќе се исклучи во 20.30 часот по локално време, а истовремено во мрак ќе потонат делови од над 180 земји и 7000 града ширум светот. Во централното градско подрачје, со поддршка од […]

ЕК очекува европските часовници да се синхронизираат до Велигден


Европската комисија денеска изрази очекување дека нарушената работа на дигиталните часовници на континентот ќе се нормализира до Велигден, односни кон почетокот на април. Комисијата појасни дека досега е објаснето како дa се надоместат недоволните количества струја во европскиот енергетски систем. Портпаролот на институцијата изјави дека досега вакво нешто не се случило. Фреквенцијата на електрична енергија […]

Албанија од увозник стана извозник на електрична енергија


Наглото топење на снегот и обилните дождови значително го зголемија производството на електрична енергија во Албанија, што овозможи земјата од увозник да стане извозник на струја, јави дописникот на МИА. „Албанската електро корпорација“ (КЕШ) преку тендер во текот на месец март ќе извезе 398.000 мегават часови електрична енергија, во вредност од над 13,4 милиони евра. […]

ЕЛЕМ: Новото раководство го надмина планот за производство на струја


Новото раководство на АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) не само што го постигна, туку и го надмина планот за производство на електрична енергија, подготвен од Управен одбор на поранешниот директор на копанијата и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тоа го наведува АД ЕЛЕМ во реакцијата на обвинувањата за намалено производство на електрична енергија и […]

Во декември 75,2 отсто од потрошената струја од домашно производство


Македонија лани во декември вкупно потрошила 789.209 мегават часови електрична енергија, 38.090 милиони нормални метри кубни природен гас, 535.674 тони јаглен и 99.083 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статитстика, 75,2 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,4 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на […]

Кичевските села останаа 12 часа без струја


Снежното невреме што го зафати кичевскиот регион предизвика дефект во електро-дистрибутивната мрежа, поради што поголем дел од околните села веќе 12 часа се без струја. Од ЕВН велат дека работат на отстранување на дефектот. Жителите од овие села се соочуваат и со проблем со водоснабдувањето, бидејќи поради прекинот на струјата пумпите за вода не работат, […]

Утре без струја корисници во Кисела Вода и Центар


Утре без струја од 08:30 до 14 часот ќе бидат корисниците  од ул. Дренак во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 15  часот корисници од улиците „Владимир Назор“, „Кумровец“ и „Ѓорѓи Абаџиев“  во општина Центар, сооопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Од овчеполскиот ветер ќе се произведува струја


Општина Свети Николе очекува наскоро да се изгради ветерниот парк, кој ќе произведува зелена енергија. Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски вели дека скопска фирма веќе ја има добиено концесијата, а ветерниците ќе бидат изградени во близина на селото Богословец. Кога се патува по регионалниот пат Велес-Штип кај местото викано Овче Поле од десната страна […]

Мета: Балканот има потреба од заеднички енергетски пазар


Албанскиот претседател Илир Мета, поздравувајќи ги учесниците на Регионалната економска конференција „Иднината на Балканот“, што се одржува во Тирана, изјави дека Балканот има потреба од формирање заеднички енергетски пазар. Тој посочи дека патот на Албанија кон ЕУ не е издвоен од оној на другите земји од регионот. – Оваа конференција треба да ги определи заедничките […]

Во ХЕС „Црн Дрим“ лани произведени над 256 милиони киловат-часови струја


Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година произвеле над 256 милиони киловат-часови електрична енергија. – Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар се произведени 275,5 милиони киловат- часови електрична енергија што претставува остварување на планот за 57,6 отсто. Во ХЕ „Глобочица“ кај Струга се произведени 97,6 милиони киловат-часови што значи […]

Новиот Закон за енергетика ќе донесе поголема конкурентност во секторот


Изработката на новиот закон за енергетика е во фокусот на економскиот сектор на Владата. Со новиот закон, велат, се обезбедува конкурентност во енергетиката и слобода граѓаните да одберат од кој снабдувач ќе се снабдуваат со енергенси, а се елиминира и конфликтот на интереси, како и заканата од санкции за земјава заради неспроведувањето на третиот енергетски […]