ЕСМ достави понуда до ЕВН Хоум, цената е за 13,6 отсто повисока од лани


АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата […]

Десетина села во Кичевско сè уште без електрично напојување


Снегот кој во саботата наврна во земјава им создаде многу неприлики на селаните од повеќето рурални средини во Кичевско, бидејќи дел од селата имаат тешко проодни патишта, а десетина села останаа без електрично напојување три и повеќе дена. И покрај интензивната акција што ја спроведе ЕВН, сепак поради тешко пристапниот терен и непроодните патишта сè […]

Снабдувањето на Маврово со струја непречено, се работи на отстранување на дефектот на 35-киловолтниот далековод од електраната Вруток


Екипи на Хидросистемот „Маврово” во текот на снежниот викенд во западниот дел од државата, работеа на дел од далноводите во надлежност на АД ЕСМ, кои ја носат електричната енергија од хидроелектраните до преносните и дистрибутивните системи на МЕПСО и ЕВН. Како што соопштија од АД ЕСМ, во соработка со стручни екипи на МЕПСО се работи […]

Бислимоски апелира да се врати нормалното напојување со електрична енергија во целата држава


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави денеска за МИА претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Тој напомена дека веќе во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но апелира за преземање на […]

Нормализирано снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјава


Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места. Како што потврдија за МИА од МЕПСО, причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи. -Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична […]

ЕСМ без понуда на четвртиот тендер на ЕВН Хоум, ќе се јави на следниот повик


„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) не достави понуда ниту на четвртиот тендер на ЕВН Хоум, кој се однесува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија. Од компанијата велат дека тоа ќе го сторат на следниот повик. „Одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД […]

И кај што нема ДУП, по 400 евра за приклучок на струја


Цената на стандардниот приклучок за електрична енергија од 1 септември годинава ќе се намали од 500 на 400 евра, а со новите мрежни правила за дистрибуција што наскоро ќе ги одобри Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе се зголеми опфатот на стандардни приклучоци, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Во места без урбанистички планови, за приклучок […]

Со излегување на слободниот пазар, ќар и над 30 отсто за струја


Македонија има најслободен пазар на електрична енергија од сите земји членки на Енергетската заедница (ЕЗ). Процентот на либерализација, како што посочи Јанез Копач директор на Секретаријатот на ЕЗ, е околу 65 отсто, што е многу повеќе од Црна Гора која има околу 50 проценти и Србија далеку под 50 отсто, додека останатите земји имаат многу […]

Цената на приклучок на струја од 500 паѓа на 400 евра


„ Во текот на август ќе го одобриме и новиот ценовник, со кој трошокот за стандарден приклучок ќе се намали од 500 на 400 евра и ќе го зголемивме опфатот на стандардни приклучоци, со цел да има поголем број на граѓани кои при приклучувањето на куќите ќе може да ги намалат трошоците за приклучување“, изјави […]

Македонски туристи во Халкидики: Не се исплашија од невремето, туку од струјата и од водата


Халкидики полека се враќа во нормала по катастрофалното невреме во средата што одзеде седум животи и нанесе огромна материјална штета на полуостровот. Најголемиот дел од местата по крајбрежјето меѓу Солун и Халкидики, како и на краците Касандра и Ситонија, сè уште се без вода. Продолжува и расчистувањето на патиштата. Службите ги санираат штетите, работат деноноќно […]

„Пошта“ почна да наплаќа провизија за сметките за струја и за вода


Провизија од по 15 денари за сметка, почна да наплаќа „Македонска пошта“ за граѓаните што кај нив ги подмируваат сметките за струја и за вода. Новите правила важат од први јули, љубезно информираат на шалтерите на поштата. Сметките за парно сѐ уште поминуваат без провизија.

Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во март оваа година во земјава се потрошени вкупно 694.462 мегават часови електрична енергија, 11,81 милиони нормални кубни метри природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,7  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се […]

Јулските сметки за струја чекајте ги од „ЕВН хоум“


Сметките за струја за домаќинствата и малите потрошувачи што останаа на регулираниот пазар, почнувајќи од први јули, ќе доаѓаат од „ЕВН хоум“. Тоа е новата компанија која ќе ги снабдува со електрична енергија потрошувачите што останаа на регулираниот пазар. „По завршувањето на тендерската постапка и потпишувањето на договорот меѓу Владата и победниците на тендерот – […]

Голем дел од Венецуела пак без струја


Денеска дојде до нов голем прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку региони во Венецуела. Струјата постепено почна да се враќа во домовите на луѓето откако беше прекината пред два дена, но денеска повторно нема струја во области каде што веќе беше обновена. Во исто време, голем пожар избувнал во трафостаница во Боливар, соопшти […]

ЕВН Снабдување избран за универзален снабдувач со струја


ЕВН Македонија е избрана за најдобар понудувач на јавното електронско наддавање на тендерот за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија. Компанијата  што и до сега ги снабдуваше граѓаните со електрична енергија понудила најниска маржа од 11,5 проценти. Почетната понудена маржа на ЕВН Снабдување беше 14,4 отсто. Денеска, беше организирана електронска аукција, каде што по […]

Битолчани бараат субвенционирана струја за да се откажат од дрвата


Битола со години наназад е на врвот од  листата  на  загадени градови во Македонија  според  мерењата  на  Министерството за животна средина,  а според некои европски мерења  и меѓу најзагадените градови во Европа. Аерозагадувањето, посебно во зимските месеци е топ тема меѓу граѓаните, невладиниот сектор, политичарите, експертите. .. По многу дебати, трибини, истражувања и анализи,  па […]

Владата ќе биде медијатор меѓу ЕВН и граѓаните кои имаат стари долгови за струја


Медијаторство на Владата меѓу ЕВН и граѓаните кои имаат стари долгови за струја заклучно со 2006 година најави попладнево премиерот Зоран Заев на собраниската седница за пратенички прашања. Решението за овој проблем, како што рече тој, ќе биде по примерот на Хрватска и на други земји да се бришат долгови, но посочи,  дека тоа ќе биде […]

На сметка за струја од 1.000 денари ќе се заштеди еден денар


Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува минимално за 0,1 отсто, или заштедата на една сметка од 1.000 денари ќе биде еден денар. Пониската цена ќе важи од 1 јули годинава, соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика. Минималното намалување, според регулаторите, се должи на воведувањето на евтината тарифа два часа во денот […]

Струјата поевтинува незначително


Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава. Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, а денеска на прес-конференција ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Тој информира дека цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, […]

Ќе има минимално поевтинување на струјата


Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Подготвителната седница за цената на електричната енергија е закажана за утре, по што е најавена прес-конференција на која претставници на РКЕ ќе објават колкаво ќе биде намалувањето.