Во јануари 69,8 отсто од потрошената струја од домашно производство


Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 829.783 мегават часови електрична енергија, 37,419 милиони нормални кубни метри природен гас, 497.697 тони јаглен и 90.174 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени […]

Енергетска криза и мерки на албанската влада за заштеда на струја


Заради заштеда на електрична енергија, албанската влада одлучи државната администрација да не работи и вчера, 21 март, ден пред празникот на Бектешката заедница, Султан Невруз, кој во земјата е неработен ден.   Врз основа на владината одлука, викендот за сите вработени во државната администрација започна во сабота и ќе трае до утре. Во исто време […]

Арсовска: Владата прифати да разговара за високите сметки за струја на општините


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави дека добиле одговор од Владата дека ќе има средба со претставници на ЗЕЛС на која ќе се разговара за проблемите со високите сметки за електрична енергија кои ги имаат локалните самоуправи. – Три месеци не ни беше одговорено од Владата, а последната информација побарана пред 10 дена е дека […]

Во Србија нема да поскапат струјата, греењето и гасот, остануваат ограничувањата на цената на горивата


Српската вицепремиерка и министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека во Србија има доволно енергенти и дека нема да се зголемат цените на струјата, топлинската енергија и гасот, дека ќе останат одредени ограничувања на цената на нафтените деривати и дека ќе се направи подобра рамнотежа меѓу цените на големо и мало, јави дописникот на МИА […]

Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван останаа без струја по ненадеен прекин на работата на електрична централа


 Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван денеска останаа без струја по ненадејното исклучување на една електрана, јави ДПА. Погодени беа домаќинствата на целиот островот, вклучително и 490.000 во главниот град Тајпеј. Се известува дека околу 70 отсто од погодените домаќинства веќе повторно имаат  струја. Тајванската претседателла Цај Ингвен се извини за непријатностите предизвикани на […]

Поскапата струја за Битола фрла искри меѓу Коњановски и Петровска


  БИТОЛА – Поскапата струја ги „јади“ парите за капитални проекти во Битола, објаснува новата локална самоуправа, додека екс-градоначалничката Наташа Петровска возвраќа дека ЛЕД осветлувањето на улиците што таа го спроведе во својот мандат им е олеснителна околност и претставува значителна заштеда на средства. „Уште на првата седница на Совет која итно ја свикавме побаравме […]

Поради руските напади Мариупол остана без електрична енергија


Клучниот југоисточен украински град Мариупол на Азовското Море остана без електрична енергија по нападите на руските сили кои напредуваат, изјави денеска шефот на регионот Павло Кириленко. – Мариупол и Волноваха се наши! Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја. Двата […]

АД ЕСМ испорачува исклучиво електрична енергија произведена од домашни капацитети


Д ЕСМ испорачува исклучиво електрична енергија произведена од домашни капацитети. Не се увезува струја, вели првиот човек на компанијата Васко Ковачевски. Во видео изјава, Ковачевски нагласува дека производството на електрична енергија во АД ЕСМ е стабилно и дека се испорачуваат дневните, неделните и месечните количини кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и секаде каде имаат обезбедено […]

Во декември 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство


Земјава лани во декември вкупно потрошила 852.895 мегават часови електрична енергија, 50,704 милиони нормални кубни метри природен гас, 481.802 тони јаглен и 106.882 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство […]

Бислимоски: Рестрикции нема, но неопходно е рационално трошење на електричната енергија


Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, е главниот заклучок од координативниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО. – Сѐ уште трае енергетската криза. Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со […]

Ковачевски: Технички дефект го предизвика вчерашниот прекин во снабдувањето со струја на Скопје, Велес и дел од Овчеполието


Вчерашниот прекин во снабдувањето со електрична енергија во Скопје, Велес и дел од Овчеполието е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Таму, како што кажа, изгорел изолатор на високонапонскиот далновод. -Како резултат на тоа се случило опожарување на сламата […]

Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите


По прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање, објави на Фејсбук министерот Беким Сали. – Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во […]

Протести во Турција поради високите цени на струјата и на гасот


Главната турска опозициска партија денеска ги поддржа демонстрациите кои се организирани ширум земјата поради зголемувањето на цената на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината. Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, најмногу во речиси 20 години, откако на почетокот на годината поскапеа струјата, гасот и патарините. Üsküdar’dan saray sosyetesine sesleniyoruz; […]

Владата одобри грејс период на ЕВН за да ги плати доспеаните фактури кон ЕСМ


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлуката за одобрување 2,9 милијарди денари (околу 47,15 милиони евра) на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука се задолжува ЕСМ АД овие средства да ги искористи за […]

Во Турција 20.000 домаќинства и натаму без струја поради обилни снежни врнежи


 Работниците сè уште се обидуваат да ја оспособат електродистрибутивната мрежа за околу 20.000 домаќинства во централната турска провинција Испарта, кои веќе три дена се без струја поради обилните снежни врнежи кои предизвикаа прекини и дефекти на мрежата, изјави турскиот министер за енергетика Фатих Донмез. Како што пренесува Хабертурк, „обилниот снег и снежните виулици предизвикале сериозни […]

Австриските домаќинства ќе добијат по 150 евра помош заради скапата струја


Австриската Влада денеска усвои пакет помош за поддршка на граѓаните во услови на високи трошоци за електрична енергија. – Речиси сите домаќинства ќе добијат еднократна исплата од 150 евра (167 долари), изјави во Виена канцеларот Карл Нехамер. Околу 750.000 луѓе кои се наоѓаат во многу тешка финансиска ситуација ќе добијат дополнителни 150 евра. Освен тоа, […]

ЕСМ ќе му плаќа на ТЕТО по 170 евра за мегават час произведена струја


Цената по која АД ЕСМ ќе ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕТО е 170 евра по мегават час, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Станува збор за производна цена на електрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас со вкалкулирана продажна цена на […]

Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје


 Владата на денешната 133-та седница донесе одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Како што информираат од владината прес-служба, со одлуката се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото […]

Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни 1.000 милијарди долари


Европските земји во 2022 година за приоритетните енергетски ресурси ќе потрошат рекордни за последнава декада 1.000 милијарди долари, соопшти Блумберг, повикувајќи се на извештај на „Ситигруп“. Според агенцијата, причина за овие трошоци ќе бидат повисоките цени на загревање и електрична енергија во регионот, откако хиперинфлацијата врз цените на гасот и струјата ги погоди домовите и […]

Трикратно зголемени сметките за струја на општините, бараат Владата да ја плати разликата


Општините се соочуваат со огромно зголемување на сметките за електрична енергија. Минатата година Општина Чаир платила околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, со воведени рестрикции и намалено трошење на осветлувањето. Истиот случај е и во Општина Ѓорче Петров, сметката била до 700.000 денари, додека пак последната сметка за ноември 2021 […]