И домаќинства ќе плаќаат индустриска струја – што предвидува новиот модел со блок тарифи


Цената на струјата за домаќинствата во земјава од 1 јули ќе зависи од нивото на потрошената електрична енергија во скапата, дневна тарифа, при што ќе има четири блокови. Најниска цена ќе има за оние кои месечно ќе трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во втората група ќе бидат оние со потрошувачка до 420 киловат […]

(Во живо) РКЕ ја презентира анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги […]

РКЕ ќе ја презентира анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои […]

Во март 70,7 проценти од потрошената струја од домашно производство


Во март годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 798 667 мегават часови електрична енергија, 44.740 милиони нормални метри кубни природен гас, 446 801 тон јаглен и 110 788 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,2 […]

Бектеши: Евтината тарифа од 22 до 7 часот нема да се менува


 Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за […]

За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на електрична енергија


Во фаза на завршна подготовка е најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија од осамостојувањето до денеска и сигурно е дека ќе се воведат блок тарифи. Во моментов ги правиме последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет – дали да има три или четири блок тарифи, но сигурно е дека блок тарифите нема да […]

Битиќи: Пет отсто ДДВ за струјата до крајот на годината, новото тарифирање ќе биде правично


Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија до крајот на годината ќе остане пет отсто, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Засега, нагласи Битиќи, не може да се каже колкаво ќе биде евентуалното поскапување на струјата.Се уште се прават калкулациите за менување на тарифникот кој, како што напомена вицепремиерот, ќе биде праведен […]

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во […]

Двоцифрен раст на цените на струјата и гасот за домаќинствата во ЕУ


Белгија – Домаќинствата во Европска Унија плаќаа значително повисоки сметки за гас и електрична енергија во втората половина на 2021 година поради раст на цените на пазарите на големо, поттикнати од бранот побарувачка што предизвика закрепнување на економијата од пандемиската криза. – Просечната цена на струјата за домаќинствата во ЕУ во втората половина од минатата година била за 11,3 отсто […]

За новите блок-тарифи за сметките за струја ќе помогнат професори од Машински факултет и од ФЕИТ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет од Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Како што информираат од РКЕ, професорите ќе […]

Производството на струја во Украина падна за 40 отсто од почетокот на војната


  Побарувачката и производството на електрична енергија во Украина паднаа за околу 40 отсто од почетокот на нападот на Русија на таа земја. Најмногу е погодено производството на нуклеарна енергија, според податоците на Меѓнародната енергетска агенција. Според агенцијата, која секојдневно објавува податоцџи за електрична енергија добеина од украинската национална енергетска компанија Енерго и Европската мрежа […]

Во февруари 64,1 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 733.115 мегават часови електрична енергија, 39,588 милиони нормални кубни метри природен гас, 403.441 тон јаглен и 90.747 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 64,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,8 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени […]

Утре без струја делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 19.04.2022 година (вторник) поради планирани зафати во дистрибутивниот систем без напојување ќе останат: – во време од 08.00 – 10.00 часот стопанските објекти во делот на Момин Поток – „Синтек“ и СИЗ „Македонија“ (Карпош); – од 8.30 – 14 часот дел од ул. „Пандил Шишков“ – бр. […]

Албанските семејства кои ќе трошат над 700 квч месечно ќе плаќаат поскапа струја


Сите оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловатчасови електрична енергија месечно, ќе плаќаат поскапа струја, информираше албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, по денешната седница на владата. – Се однесува на најголемите потрошувачи на киловат часови. Зборуваме за семејства, а не за малиот бизнис. Според направената студија, 700 киловат часови, се смета […]

Без струја делови од населбите Островска, Маџир Маало и Лисиче и село Ракотинци


Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од скопските населби Островска, Маџир Маало и Лисиче и дел од селото Ракотинци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе биде дел од село Ракотинци во Општина […]

Утре без струја делови од општините Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај


Неколку улици во скопските општини Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај, утре ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08:05 до 12:35 часот, без електирчна енергија ќе бидат корисниците од улица „1“ лоцирани на потегот од основното училиште во Петровец кон село Ржаничино, како […]

Ковачевски: Со субвенционирање на цената на струјата граѓаните штедат во просек месечно 2.150 денари


Со мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза и субвенционирањето на цената за домаќинствата граѓаните просечно месечно штедат по 2.150 денари за сметката за потрошена електрична енергија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Цената на електричната енергија е покачена секаде за 4-5 пати, а некаде и повеќе. Она што Владата го направи, прво […]

Од јуни ќе има блок тарифи за потрошената струја, оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо


Осумдесет отсто од фактурите на нашите домаќинства и мали потрошувачи се субвенционираат преку АД ЕСМ со утврдената цена на електричната енергија од 41 евро за мегават час од страна на Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Производствените цени, а и цените на електричната енергија на светските берзи се 10 пати поголеми во […]

Бектеши: Спречивме големо поскапување на струјата и парното


Во услови кога цела Европа е соочена со една од најголемите енергетски кризи, Владата преку АД ЕСМ успеа со навремени мерки да се справи со ценовниот шок кој што беше неминовен. Успеавме да обезбедиме минимален раст на цената на струјата и парното, а во време кога сите земји во регионот имаат рестрикции на струја, обезбедивме […]

Ковачевски: Успешно ја менаџираме кризата, нема рестрикции, ниту намалено производство


Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече вечерва генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот […]