Горат неколку шатори пред Собранието на Србија


Неколку шатори горат пред Собранието на Србија од претпладнево и пожарникарки тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице.  На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огненои оружје. Веднаш реагираше полицијата по […]

Загина припадник на српска падобранска единица при вежби во Ниш


Министерството за одбрана на Србија објави дека припадник на 63-та падобранска бригада, загинал вчера во Ниш за време на редовни скокови за обука. Во соопштението се вели дека тоа се случило околу 14:00 часот на воениот аеродром „Наредник-пилот Михајло Петровиќ“. Десетарот Лука Стојановиќ, роден на 24 јули 2004 година во Ниш, бил во служба на […]

Масовно затворање продавници низ Србија поради ограничените маржи


Речиси сите големи малопродажни синџири планираат да затворат продавници низ Србија, што е директен ефект од економските мерки на претседателот Александар Вучиќ за ограничување на маржите. Се очекува отпуштање стотици луѓе, пишува Време. Синџирот продавници Гомекс веќе затвори три продавници во Нови Пазар, една во Чачак и две во Златибор, дознава Време. Пред тоа, основачот […]

Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Зрењанин изјави дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните избори во модерната иднина на Србија, но  не прецизираше кога ќе бидат распишани тие парламентарни избори, иако студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат веќе неколку месеци бараат нивно распишување.  Упатувајчи критики до опозицијата, тој наведе дека на […]

Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас, тврди српска министерка


Во многу тешка и речиси безнадежна ситуација е Србија, бидејќи Советот на Европската унија усвои забрана за транзит на руски гас низ ЕУ до трети земји, и таа мерка стапува на сила на 1 јануари. Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, „Суштината е дека Бугарија нема да дозволи […]

Руската вакцина против рак наскоро ќе биде во Србија, експертите од „Торлак“ одат во Москва


По Русија, Србија би можела да стане првата земја каде што пациентите ќе добијат персонализирана МРНК вакцина против онколошки заболувања, изјави за РТС Ненад Поповиќ, министер без ресор во Владата на Србија задолжен за меѓународна економска соработка. Вакцината против онколошки заболувања е развиена во Русија и ги поминала сите фази на тестирање врз животни, каде […]

Уште една сообраќајка со автобус во Србија – има загинати


Тешка сообраќајна несреќа во селото Бресница кај Чачак се случи рано утрово кога жител на блиското село Д.Ц. од непознати причини ја изгубил контролата врз патничкото возило што го управувал и удрил во автобусот. Тој почина на лице место, а неколку патници беа повредени. „Сликите од местото на настанот се навистина морничави. Судирот беше толку […]

Србија има регулатива во случај на прекин со снабдувањето со нафта: Активирање на резерви, системот „пар-непар“ и работа од дома


Иако се уште нема официјални детали за бизнис-планот на Нафтена индустрија на Србија (НИС) по стапувањето во сила на санкциите на САД, државата има акт врз основа на кој може да дејствува доколку има нарушување на пазарот на нафта и гориво. Станува збор за владината „Уредба за утврдување на програмата на мерки во случај кога […]

Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување


Еден од пет тинејџери во Србија има ментални проблеми, 27 проценти од нив доживеале семејно насилство додека 4,5 проценти се обиделе да се самоубијат. Тоа се цифри од новата студија на Институтот за ментално здравје, Медицинскиот и Филозофскиот факултет во Белград. Како што објави Време во најновиот број – тие поминаа речиси незабележано иако се […]

На листата на најголеми загубари во Србија се Континентал Автомотив, Железара Смедерево и Арена


Најголем загубар во Србија, во 2024 година, беше компанијата Континентал Автомотив Србија, со загуба од речиси 170 милиони евра, објави во годишниот извештај „Сто нај“ за работењето на компаниите во Србија, Агенцијата за деловни регистри. Во Србија, Континентал Автомотив има три фабрики за автоделови – во Нови Сад, Каќ и Суботица. Таа загуба е поголема […]

Во Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити кои имаат оправдани причини за враќање на долгот


Од денеска во Србија според одлуката на Народната банка пошнува спроведување на мерките за олеснување за корисниците на кредити кои имаат оправдани причини за неможност за враќање. Генералниот директор на Секторот за заштита на корисниците на финансиски услуги на НБС, Бојан Терзиќ, вели дека новите мерки им овозможуваат на граѓаните во тешки животни ситуации – […]

На 27.000 работници во Србија им се заканува губење на работните места


Асоцијацијата на слободни и независни синдикати (АСНС) денеска објави дека според нивни проценки – поради неизвесното работење и опстанокот на стратешките компании, постои извесна можност околу 27.000 работници во Србија да ги изгубат своите работни места. „Со големо внимание и загриженост за иднината на работниците и граѓаните, ги следиме активностите на владата за решавање на […]

Во Србија 700.000 луѓе работат на определено време, повремени работи или нелегално, тврдат синдикати


Во Србија има околу 700.000 работници кои работат одреден временски период, на повремени работни места, преку агенции или работат нелегално, соопштија денеска од Здружението на слободни независни синдикати (АСНС) по повод Светскиот ден на несигурна работа. „Несигурноста на работното место и несигурната работа се најчестите средства со кои работодавците ги префрлаат сите деловни ризици, одговорности […]

Србија ќе бара ослободување од зголемувањето на царините за челик од ЕУ


Владата на Србија планира да поднесе барање до Европската комисија за ослободување на Србија од планираното зголемување на царините на 50 проценти за увоз на челик во ЕУ, објави „Блумберг Адрија“, повикувајќи се на информации од Српската стопанска комора (ПКС) дека аргументите на Белград се темелат на фактот дека Србија е кандидат за членство во […]

Србија под снег: Делови од земјата затрупани, патиштата блокирани


Почетокот на октомври донесе вистински зимски услови во делови од Србија. Снегот паѓа на Копаоник од синоќа, а другите делови од земјата побелеа, вклучувајќи ги Ивањица и Голија, што предизвика вистински проблеми во сообраќајот, објавува Nova.rs. Денес ќе биде постудено од вчера, а ќе паѓаат повеќе дожд и снег. Паднати дрвја и блокади на патиштата […]

Дојави за поставени бомби во училишта во Србија


  Училишта на територијата на Пријепоље утрово добиле дојава за бомба, поради што децата биле евакуирани, а полицијата спроведува истрага. Станува збор за основни и средни училишта. Во исто време, во неколку училишта на територијата на Врање, пристигнале по е-пошта дојави за поставени експлозивни направи дури и пред децата да дојдат на училиште. Двете најголеми […]

Во Србија повеќе од 60.000 луѓе биле на листи на чекање за здравствени услуги, најмногу за операција на колк


Вкупниот број на лица на здравствените листи на чекање во Србија во октомври 2024 година изнесувал повеќе од 60.000, од ​​кои половина чекале на поставување на ендопротеза на колк и колено – речиси 32.000. Според резултатите од ревизијата спроведена од Државната ревизорска институција некои здравствени установи посегнуваат по практиката на обезбедување услуги надвор од редоследот […]

Србија уапси 11 лица поради поставување свински глави пред џамии во Франција


Српската полиција уапси 11 лица осомничени за поставување свински глави во близина на џамии и напаѓање еврејски места во и околу Париз овој месец по наредба на странски разузнавачки служби, соопшти Министерството за внатрешни работи во понеделник. Покрај поставувањето свински глави во близина на најмалку девет џамии, осомничените беа уапсени и за фрлање зелена боја […]

Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги отфрли критиките во врска со денешното одржување на воената парада и истакна дека на неа присуствувале повеќе од 47.000 граѓани „наспроти 237 од оние“ кои „го критикуваат во некои медиуми и на социјалните мрежи“. На прес-конференција во Белград со лидерот на владејачката коалиција во Република Српска, Милорад Додик, тој […]

Израелскиот ракетен систем „пулс“ и дронот „хермес“ беа прикажани на воената парада во Белград


Израелските ракетни системи PULS и беспилотното летало Hermes 900 беа прикажани на јавноста за прв пат денес на парадата на воената парада „Силата на единството“ во Белград. Фотографиите од презентираниот ракетен систем и леталото ги објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според RTRS, PULS е модуларен ракетен систем произведен од израелската компанија Elbit, со дострел […]