Во Србија од денеска е достапна онлајн платформа за следење на цените во трговските синџири


Во Србија од денеска е достапна онлајн Националната платформа што следи цени во малопродажните синџири. Националната платформа е поместена на сајтот на Министерството за внатрешна и надворешна трговија, а граѓаните можат на неа да ги видат сите цени. Националната платформа со ценовници на трговските синџири се применува согласно „Уредбата за посебни услови за тргување со одредени видови […]

Секоја петта бензинска пумпа во Србија ќе биде затворена поради санкциите за НИС


  Претседателот Александар Вучиќ им соопшти на граѓаните дека Србија не добила позитивна одлука во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) од Соединетите Американски Држави и дека пумпите на НИС ќе бидат затворени. Според официјалните податоци, српската нафтена компанија со мнозинска руска сопственост поседува околу 20 проценти од вкупниот број бензински пумпи во Србија, […]

Преговори меѓу Србија и Новата развојна банка на БРИКС


Министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ денеска разговараше со генералниот директор на Евроазискиот регионален центар на Новата развојна банка на БРИКС, Андреј Бораков, за можноста Србија да се приклучи на банката во 2026 година, соопшти кабинетот на Поповиќ. Новата развојна банка е основана во 2015 година од земјите на БРИКС – Бразил, […]

ЕУ очекува „брза и транспарентна“ истрага за инцидентите на локалните избори во Србија


Европската Унија очекува „брза и транспарентна истрага“ на сите настани и инциденти што ги одбележаа локалните избори во Србија одржани вчера, наведоа од ЕУ за РСЕ. Според изјави на независни набљудувачи и претставници на опозицијата, изборите во Неготин, Мионица и Сечањ беа обележани со бројни нерегуларности, закани и физички конфликти. Владејачката Српска напредна странка (СНС) […]

Пензиите во Србија од денеска повисоки за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик


Од денеска, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари […]

Снежен хаос во Србија: Затрупан автопатот „Милош Велики“, сообраќајот во прекин


Силни снежни врнежи во Србија предизвикаа хаос: затрупан автопат „Милош Велики“, опасни патишта, поledица и предупредувања од РХМЗ. Силните снежни врнежи што погодија делови од Србија предизвикаа големи проблеми на патиштата и значително го отежнаа сообраќајот. Социјалните мрежи се преполни со снимки од целосно блокираниот пат кон Дивчибаре, каде возилата се заглавени во снежни наноси […]

Србија е подготвена да издвои околу 1,4 милијарди евра за преземање на НИС


Со оглед на тоа што остануваат уште 50 дена за завршување на преговорите за купопродажба на мнозински удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) како и тоа што не сака да ја  национализира од политички причини, Србија ќе се обиде да го купи рускиот удел, за што денес обезбеди средства во буџетот за следната година. […]

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин


Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин, три патнички возила и приведе две осомничени лица. МВР на Србија соопшти дека бил извршен претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените и пронашла и запленила кокаин и патнички возила. Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што ќе им биде поднесена кривична пријава пред […]

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија


Проблемите на автомобилската индустрија во Европа се прелеаја и во Србија. Некои странски компании кои произведуваат делови ги затворија своите фабрики, а работниците беа отпуштени. Први на удар беа работни места како што е производството на електрични кабли за автомобили, кои се произведуваат во фабриките во Европа. „Од една страна, нема клиенти бидејќи побарувачката опаѓа. […]

Метар квадратен на „Београд на вода“ речиси 10.000 евра, за гаражно место 66.000 евра


Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод. Најскапиот квадрат станбен простор е продаден за 9.805 евра на локацијата „Белград на вода“, додека најскапото гаражно место – исто така на „Савски венац“ – чини 66.000 евра, речиси како цена на стан во некои […]

Инфлацијата во Србија успори поради ограничувањата на трговските маржи


Гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, изјави дека забавувањето на инфлацијата во Србија на 2,8 проценти во октомври оваа година во голема мера е резултат на спроведувањето на уредбата за ограничување на трговските маржи. Таа на презентацијата на извештајот за инфлација изјави дека такви резултати би имало и без таа регулатива, што […]

Србија во временски теснец, решение за НИС мора да најде за седум дена


Решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), за која САД поставува услов за суспензија на санкциите да не биде во мнозинска руска сопственост, мора да има во следните седум дена. Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија. Според него, последната опција за НИС ќе биде […]

Албанските власти блокираа 75 тони пченка увезена од Србија


Албанската национална агенција за храна (АКУ) во Скадар повторно блокираше значителна количина пченка увезена од Србија. Овој пат станува збор за околу 75 тони пченка, блокирана на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, со цел да се спроведат лабораториски анализи. Само пред неколку дена, од истиот извозник, блокирани беа 25 тони пченка, со што […]

Следната година, Србија ќе се задолжи 8,3 милијарди евра за отплата на буџетскиот дефицит и стари долгови


Во 2026 година, Владата на Србија планира да се задолжи околу 970 милијарди динари (8,3 милијарди евра) со цел да го покрие буџетскиот дефицит и да ги отплати старите долгови, објави порталот Nedeljnik.rs. Според предлогот за буџетот за следната година, расходите на државната каса ќе изнесуваат 2.751,7 милијарди динари (23,5 милијарди евра), додека приходите се […]

Студентите во Србија не се откажуваат: Најавени нови планови


Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите на блокада од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во нивната борба за распишување предвремени парламентарни избори. Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради поддршката што ја даваат на Дијана Хрка, а можниот датум за […]

Буџетскиот дефицит на Србија на крајот на септември изнесуваше 75,8 милијарди динари


 Буџетскиот дефицит на Србија на крајот на септември оваа година изнесуваше 75,8 милијарди динари, што е подобро од буџетскиот план за 76,4 милијарди, бидејќи планираниот дефицит е 152,2 милијарди динари, објави денеска Министерството за финансии на Србија. Приходите во буџетот изнесуваа 1.636,4 милијарди динари, а расходите 1.712,2 милијарди динари. Во септември е остварен дефицит од […]

Шведска суспендира дел од помошта за Србија поради корупција


Владата на Шведска одлучи да ја „прилагоди поддршката“ за Србија во рамките на Стратегијата за партнерство за реформи на Шведска со Западен Балкан и Турција, објавено е на веб-страницата на шведскиот парламент. Таа одлука значи дека делови од поддршката за државните институции во Србија ќе бидат суспендирани и дека поддршката ќе биде фокусирана во поголема […]

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе


Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди да спречат директно конфронтирање на голем број противници и поддржувачи на властите. Во Белград, стотици луѓе се собраа синоќа пред Собранието за да […]

Македонија и Србија сакаат гасниот интерконектор да стане реалност што побрзо


Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и […]

Тешка сообраќајка на автопат во Србија – загина дете, седум малолетни џудисти се повредени


Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот. На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, […]