Стивен Сигал на воената парада во Белград: Блискиот пријател на Вучиќ снима филм во Србија


Американскиот актер Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Силата на единството“ организирана пред Палатата на Србија во Белград по повод Денот на српското единство, слободата и националното знаме. Реклама Меѓу другото, беше снимено со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ. На парадата присуствува државниот врв на чело со Александар Вучиќ, како и […]

Од почетокот на идната година во Србија се враќа задолжителниот воен рок


Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ синоќа објави дека може да се очекува првата генерација да служи задолжителен воен рок на почетокот на следната година и истакна дека српската армија подготвила повеќе од 120 простории за таа намена. Гашиќ изјави дека за да се постигне тоа мора да се достават голем број законски и […]

Во Србија банките ќе мора да им понудат олеснување на должниците пред присилна наплата


Народната банка на Србија донесе Одлука за олеснувања за отплата на кредити што банките се должни да им ги понудат на должниците во неволја, пред да започнат со постапката за присилна наплата. Меѓу предвидените бенефиции се пониска каматна стапка, мораториум на отплата, продолжување на рокот за отплата, па дури и – делумно простување на долгот. […]

Минималната плата во Србија од 1 јануари ќе изнесува 64.554 динари (551 евро)


На денешната седница, Владата на Србија усвои одлука за редовно зголемување на минималната плата од 1 јануари 2026 година на 551 евро, што е зголемување од 10,1 отсто. Минималната плата ќе се зголеми на 371 динар по работен час и ќе изнесува 64.554 динари месечно. Пред тоа, минималната плата ќе биде вонредно зголемена од 1 […]

„Имаме проблем во Белград“: Марта Кос остро одговори на навредите на Вучиќ


  Еврокомесарката Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот. Таа рече дека ваквите напади откриваат „сомнително разбирање на демократијата“ и јасно стави до знаење дека Србија со вакви потези дополнително го урива својот меѓународен […]

Први ефекти од ограничените маржи во Србија – граѓаните разочарани, трговците незадоволни


Една недела откако на полиците на малопродажните синџири оживеа декретот на Владата на Србија со кој се ограничуваат маржите на максимум 20 проценти за основните прехранбени производи и бројни други производи, впечатоците за ефектите од оваа мерка се различни. Ставовите на граѓаните се поделени. Додека некои веќе забележуваат одредени заштеди на своите сметки и ја […]

Со новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи


 Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле […]

Од понеделник во Србија трговската маржа во маркетите е за 20 проценти пониска, непочитувањето ќе се казнува со 2.500 евра


Казна од 300.000 динари (околу 2.500 евра) ќе мора да платат трговците кои нема да ги почитуваат новите правила на српската Влада која вчера официјално усвои регулатива со која се ограничуваат трговските маржи на 20 проценти, објави Нова економија кои имале увид во документот од Владата. Маржите ќе бидат ограничени на 23 групи производи. Тие […]

Владата на Србија усвои уредба за ограничување на маржите на 20 проценти


Владата на Србија денеска ја усвои уредба за ограничување на маржите во трговските синџири на 20 проценти за производи од 23 категории. Примената почнува од 1 септември.  Тоа се: млеко и млечни производи, мешани производи, јајца, безалкохолни пијалоци и чај, свежо овошје и зеленчук, претходна преработка на овошје и зеленчук. Министерот за финансии Синиша Мали […]

Србија подготвува воена парада


Србија ќе организира воена парада на 20 септември, по повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме, под наслов „Моќта на единството“. Парадата ќе се одржи пред Палатата на Србија во Нов Белград. Српското Министерство за одбрана наведува дека е планирана парада на припадници на единици од сите родови и служби во српската армија […]

Српската Влада утре ќе донесе одлука за ограничување на маржите, поевтини производи од понеделник


Владата на Србија утре ќе усвои уредба за ограничување на трговските маржи, што има за цел ограничување на маржите на 20 проценти и дека од понеделник, 1 септември, најмалку 3.000 производи со намалени цени ќе се најдат на полиците на малопродажните синџири во Србија. По средбата со претставници на трговците на мало и на големо […]

Анкета на синдикатите во Србија: 71,2 проценти од домаќинствата не можат ништо да заштедат


Во Србија, 71,2 проценти од домаќинствата не можат ништо да заштедат поради недоволни приходи, според Анкетата за реалните месечни приходи на вработените и трошоците на нивните домаќинства, што ја спроведе Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС). Како што наведуваат, тоа значи дека речиси три четвртини од домаќинствата во Србија живеат од плата до плата […]

Србија од израелска компанија купува воена опрема во вредност од 1,6 милијарди долари


Израелската компанија за развој и продажба на оружје „Елбит Системс Лтд.“ минатата недела објави дека добила договор вреден 1,635 милијарди долари за снабдување на низа одбранбени решенија за една европска земја. Се очекува спроведувањето на договорот да трае пет години. Договорот вклучува две групи технолошки напредни решенија од една од најголемите израелски компании во овој […]

Во синоќешните протести во Србија уапсени 18 лица, повреден жандарм


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии. Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти […]

Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата


Студентите во блокада во Белград најавија протест наречен „Србијо, разбуди се“ за вечерва во 20 часот на неколку локации во главниот град на Србија. Најавени се за вечерва протести на студентите во блокада во 30-на градови во Србија меѓу кои и Нови Сад, Ниш, Пирот, Лесковац, Врање… Во Врбас, 16 полицајци беа повредени, додека 52 […]

Српски Завод за статистика: За една година овошјето поскапе за 81,4 отсто


Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани, објави денес српскиот Завод за статистика. Растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 проценти и овошјето – 81,4 проценти. Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во споредба […]

Банките во Србија остварија профит од 774 милиони евра за шест месеци


Комерцијалните банки во Србија остварија профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објавува „Данас“. Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти, бидејќи во споредливиот период тие заработија 89,2 милијарди динари (околу 760 милиони евра), […]

Србија секоја година губи град колку Кикинда, за десет години населението е намалено за 660.000 луѓе


Србија секоја година губи град со големина на Кикинда, а населението се намалило за повеќе од 660.000 во изминатите 10 години, според статистичките податоци. Во првата половина од оваа година се родени речиси 1.500 бебиња помалку отколку во истиот период лани, според податоците од Републичкиот завод за статистика. „Би било добро овој пад да беше […]

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, односно 43,7 проценти од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, што е 43,7 проценти од БДП, соопшти српското Министерство за финансии. Во споредба со крајот на минатата година, и долгот и неговото учество во БДП се намалија, бидејќи на 31 декември 2024 година, долгот изнесуваше 38,87 милијарди и учествуваше во БДП со 47,2 […]

Макрон: Европската иднина на Србија е нејзиниот вистински пат


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изрази уверување дека местото на Србија е во Европската Унија, како и дека се надева оти земјата ќе напредува на патот кон членството во блокот. Макрон на Х напиша дека за време на телефонскиот разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги разгледале сите аспекти на односите меѓу Србија […]