Јеремиќ: Вучиќ нудеше размена на територии


Вук Јеремиќ на седница на неговата Народна партија изјави дека Александар Вучиќ нудел размена на територии, но бил одбиен од меѓународната заедница, која не му „понудила“ ништо друго освен да потпише правно обврзувачки договор со кој Косово би се внело во Обединети нации. Тој ги отфрли критиките упатени од српскиот претседател дека „клучните грешки за […]

Вучиќ: Има две опции за решавање на косовскиот проблем


Претседател на Србија, Александар Вучиќ на денешното отварање на Националниот конвент за ЕУ, што се одржува во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт. – Најголем број од учесниците на внатрешниот […]

Вработени во српската Влада заболени од морбили, ќе се тестираат и министрите


Две лица вработени во Владата на Србија се заболени од морбили, поради што е организирано тестирање на сите министри и владини службеници, објави денеска белградскиот весник „Блиц“. Според весникот со морбили се заразени една хигиеничарка и еден припадник на обезбедувањето. Ако при тестирањето се докаже дека некој од вработените нема доволен број антитела веднаш ќе […]

Србија: Први казни поради невакцинирање деца


Суд во Белград изрече 55 пресуди за родители кои не ги вакцинирале своите деца и тоа во 15 случаи изречена е парична казна, додека за 40 родители изречена е опомена наместо парична казна. Претседателот на Судот за прекршоци во Белград Милан Мариновиќ вели дека од почетокот на примена на Законот за заштита на населението од […]

Вучиќ: Избрав мир наместо војска


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека разгледувал и опција за употреба на армијата и полицијата поради настаните на Косово, но избрал трпеливост и зачувување на мирот. На новинарско прашање дали е точно дека бил подготвен како претседател да даде наредба за испраќање армиски единици и полиција на границата, Вучиќ рече дека негова уставна обврска […]

САД ги повикаа Србија и Косово да ги нормализираат односите преку дијалог


САД остро ги осудија последните тензии меѓу Косово и Србија, истакнувајќи дека тоа може „непотребно да ги зголеми тензиите и да претставува закана за регионалната стабилност”. Реакцијата на САД уследи по случувањата околу апењето на  директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој накратко беше задржан во притвор, а потоа протеран од Косово во […]

Анекта: Дури 81 отсто Срби се против признавање на Косово во замена за ЕУ


Повеќето, односно 81 отсто од граѓаните на Србија не би поддржале признавање на косовската независност дури ниту како услов за членство во ЕУ, 45 проценти сметаат дека Косово не е загубено, а 43 отсто оценуваат дека поранешнат покраина сепак е загубена. Вкупно 55 проценти од Србите веруваат дека независноста на Косово нема да ја признае […]

Косово го менува српскиот телефонски код +381 со +383


Државниот „Телеком на Косово“ денеска соопшти дека прекинува со користење на меѓународниот код на Србија за фиксните телефонски повици и дека од сега во употреба ќе биде само новиот косовски код. „Од 24 март кодот +381 повеќе не може да се користи. Сега треба да се користи кодот +383. Ве молиме да ги информирате своите […]

Србите не сакаат во НАТО


Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО, две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето. Тоа се резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања. Денеска се одбележува […]

ЕХФ ја суспендираше Србија поради Косово


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја суспендираше Ракометната федерацијата на Србија и ја исфрли српската женска јуниорска репрезентација од квалификациите за Светското првенство, откако Владата во Белград не дозволи денеска да се одигра мечот против Косово. Во соопштението на ЕХФ се наведува дека српската репрезентација се исклучува од натамошните натпревари, додека натпреварите меѓу останатите екипи за […]

Дачиќ: Србија никогаш нема да ја прифати прогласената независност на Косово


Србија нема намера да ги жртвува своите национални интереси за да стане членка на ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за државната телевизија РТС. – Можам да кажам од свое име, од името на Владата, во име на претседателот Александар Вучиќ дека Србија никогаш нема да ја прифати еднострано прогласената независност на […]

За првородено бебе еднократна помош од 840 евра во Србија


Министерката за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека од 1 јули родителите на првородените бебиња ќе добијат еднократна помош од 100.000 динари, (околу 840 евра). Таа изјави за Радио-Телевизија на Србија дека за родителите на второ, трето и четврто дете родено од почетокот на оваа година ќе бидат обезбедени планираните средства […]

Србија со контра-мерки за Македонија ако нема решение за брашното


Белград- Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти српскиот министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на […]

Павел: НАТО сака стабилна, целовита и безбедна Европа


НАТО соработува со Евроспката унија, бидејќи негова цел е стабилна, целовита и безбедна Европа, изјави денеска во Белград претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, генерал Петр Павел. По средбата со српскиот министер за одбрана Алексадар Вулин, Павел изјава дека ги разбира чувствата на Србија кон НАТО, но додаде дека низ исотијата има многу случаи кога […]

Брнабиќ: Реконструкцијата на српската Влада е отворено прашање


Реконструкцијата на Владата е отворено прашање, изјави денеска српската премиерката Ана Брнабиќ во врска со медиумски написи за можни промени во нејзиниот Кабинет. – Реконструкција на Владата е секогаш отворено прашање. Таквата политика е добра и добро е што е тоа тема, изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк, додавајќи дека за тоа прво ќе разговара […]

Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија


Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија чија цел е надминување на бариерите и сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на размената. Комитетот се формира по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовски и Расим Љајиќ во Скопје, на 7 март, […]

Единаесетта жртва на морбили во Србија


На Клиниката за инфективни болести во Ниш, поради тешко белодробно воспаление предизвикано од морбили, почина 32-годишна жена, со што смртниот биланс од ситните сипаници во Србија се искачи на 11 лица. Директорот на клиниката Миоград Врбиќ изјави дека заболената жена имала натежок облик на компликации – акутен респираторен дистрес синдром. Тој појасни дека пациентката била […]

Дванаесет години по смртта, Србите поделени за подигањето споменик на Слободан Милошевиќ


Денеска се навршуваат 12 години од смрта на поранешниот претседател на СР Југославија и на обвинетиот во Хаг Слободан Милошевиќ, објавуваат дел од српските медиуми. Во кратката најава, повеќето од нив се повикуваат на агенцијата Бета во која се наведуваат кратки хронолошки податоци за „десетгодишното автократско владеење на Милошевиќ, кое завршува во 2000 година со […]

Љајиќ во Скопје по решение за брашното


Решавање на проблемот со увозот на српско брашно во Македонија се очекува од најавената средба меѓу министерот за земјоделство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ кој денеска треба да дојде во Скопје. Од кабинетот на српскиот министер соопштија дека доколку денеска не биде постигнато решение околу овој спор, Србија ќе воведе контрамерки […]

Србија од утре со контрамерки кон Македонија поради брашното


Србија од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно, најави денеска српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. – Не можеме веќе да чекаме. Освен купување време, од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот, вели Љајиќ во изјава за „Данас“. Посочува дека бил подготвен во петокот и вчера […]