Вучиќ го враќа еднопартизмот


По извонредно валканата и негативна кампања против опозицијата пред изборите, власта во Србија е на добар пат да ја оствари својата главна цел: враќање на еднопартиски систем. Добар дел од вината за победата на Српската напредна партија на локалните избори во Белград има и самата опозиција, која најпрво прифати да се натпреварува во такви услови, а потоа […]

Љаиќ против воведувањето контрамерки кон Македонија


Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во врска со проблемот околу извозот на српското брашно во Македонија, за РТС денеска изјави дека се противи на воведувањето контрамерки кон Македонија, велејќи дека тоа би било лошо и за српските и за македонските бизнисмени. – Извозот не е забранет, туку со тие вонцарински мерки и бариери тој […]

Дачиќ: Живееме во време на антируска хистерија


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во интервјуто за „Раша Тудеј“ изјави дека живееме во време на антируска хистерија, додавајќи дека Србија нема да се придружи кон санкциите на Русија. Тој говорејќи за дијалогогот меѓу Белград и Приштина изјави дека Србија сака успешен дијалог и решение кое ќе биде во интерес на сите, додавајќи […]

Продолжуваат разговорите околу увозот на српското брашно


Македонија и Србија викендов треба да ги продолжат разговорите околу увозот на српско брашно во земјава. Доколку не биде постигнато заеднички прифатливо решение, како што најави вчера министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, Србија ќе воведе контра мерки. – За да не се воведат контра мерки како единствена алтернатива ако не биде постигнат […]

Почна изборниот молк пред делумните локални избори во Србија


Во Србија ноќеска на полноќ поќна изборниот молк пред изборите за органите на локланата власт во Белград, Аранѓеловац, Бор и Севојно. Откако повеќе години ја имаат апсолутната власт во Србија на сите нивоа, коалициите на партии предводени од Српската напредна партија (СНС) на шегот на државата Александар Вучиќ (СНС) и од Социјалистичката партија на Србија […]

Во Србија објавен црвен метеоаларм


Хидрометеоролошкиот завод на Србија за денеска до недела прогласи црвен метеоаларм што значи дека се прогнозираат „особено опасни временски појави“. Денеска, утре и во сабота, во повеќе делови од земјата во сила ќе биде црвен метеоаларм затоа што според прогнозите на метеоролозите ќе биде исклучително студено, а ќе врне и дожд кој ќе се замрзнува […]

Кога државата ќе ги заборави тие што ѝ служат: Некогашните офицери на ЈНА – денес „бездомници“


Изронета, исчкртана фасада, скршени прозорци, дупките на вратите закрпени со картони… Така изгледа зградата на некогашното воено маало во Петроварадин во кое живеат армиските пензионери. „Кога се вселив тука, имаше пајажина од таванот до подот. Тоа беше некаков дуќан, седум на пет метри. Беше заклучено и напуштено, никој тука не влегол дваесет години“, се потсетува […]

МЗШВ: Проблемот со брашното ќе биде надминат


Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и на Република Србија, Љупчо Николовски и Бранислав Недимовиќ се во комуникација и проблемот со брашното ќе биде надминат. Ова денеска за МИА го посочија од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Разговорите меѓу двајцата министри следат откако Србија најави контрамерки по воведувањето на мерките […]

Српските мелничари бараат контрамерки за Македонија поради проблеми со извозот на брашно


Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки допринеле увозот на брашно од Србија да биде „речиси неисплатлив”, пишува денешна „Политика“. Тие бараат од Србија веднаш да воведе контрамерки за увоз на земјоделски производи од Македонија. Според новата постапка, брашното од […]

Македонија и Србија заедно на 40-от Белградски саем на туризмот


„Од Дунав до Охрид“ е заеничката туристичка промоција на Македонија и Србија која денеска беше претставена на 40. Меѓународен саем на туризмот во Белград, кој е во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со агенциите и хотелиерите. На саемот учествуваа 1.200 претставници од 55 држави. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка […]

Сања Илиќ и „Балканика“ ќе ја претставуваат Србија на Евросонг


Србија- За време на фестивал Беовизија, Србија избра претставник за европскиот музички натпревар. Сања Илиќ и групата „Балканика“ ќе ја претставува Србија на годишниот натпревар за песна на Евровизија со песната „Нови деца”, која ќе се одржи во Лисабон од 8 до 12 мај.Тие беа избрани од публиката која успеа да издржи три часа додека […]

Албанските аналитичари:Рама повеќе да работи, помалку да зборува


Изјавата на Еди Рама дека Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика и претседател покрена реакции во Македонија, Србија, Грција и во Брисел Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, во косовскиот законодавен дом дека во иднина Косово и Албанија можно е да имаат еден заеднички претседател предизвика политички земјотрес на Балканот. Со […]

Србија: Приведени осум странски државјани поради снимање на разузнувачки служби


Српското Министерство за одбрана денеска потврди дека воената полиција вчера привела двајца американски и две украински државјанки поради сомнеж дека со дрон се обиделе неовластено да ја снимаат зградата на стариот Генералштаб во Белград, каде сега се наоѓаат Воено- разузнавачка  служба (ВОА) и Воена-безбедоносната служба (ВБА). По повод овој случај се огласи и министерот за […]

Дачиќ: Арогантно е да се бара од Србија да го признае Косово


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово и додаде дека е арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно тоа да се бара од Србија. – Моја работа не е да му се додворувам на (германскиот министер за надворешни работи Зигмар) Габриел, туку […]

Вучиќ: Србите не би го признале Косово за членство во ЕУ


Тешко дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека само компромис може да ја изведе српската покраина од состојбата „замрзнат конфликт“, јави Танјуг пренесувајќи делови од интервју на Вучиќ за Ројтерс. Тој вели за какво било решение или одлука мора да се […]

Во Србија има повеќе од 30.000 невакцинирани деца


Во Србија има повеќе од 30.000 деца кои се уште не се вакцинирани, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар. На денешен ден, соопшти министерот, 2.222 луѓе се болни од морбили, има 268 компликации, а повеќе од 30.000 деца во Србија се уште не се вакцинирани. – И сега треба да ги пуштиме децата […]

Хрватска и Србија ќе побараат пари од ЕУ за реконструкција на линијата Загреб- Белград


Хрватска и Србија заедно ќе побараат пари од ЕУ за изработување проектна документација и спроведување на проектот за реконструкција на железничката линија Загреб- Белград, јави хрватската телевизија ХРТ. Српската министерка за транспорт Зорана Михајловиќ соопшти дека побарала средба со нејзиниот хрватски колега Олег Бутковиќ, за да потпишат протокол во врска со реконструкцијата, по што ќе […]

Српските банки не се откажуваат од надоместот за обработка на кредити


Српските банки тврдат дека немаат намера да се откажат од наплатувањето на трошоци за обработка на кредити и покрај двете правосилни судски пресуди во кои е заклучено дека тие немаат право да го наплатуваат овој надомест. Според претседателот на Здржението на банките на Србија, Верољуб Дугалиќ, банките немаат причина да се откажат од наплатата на […]

Србија и Црна Гора се пред епидемија од мали сипаници


Во Србија се создадени услуви да се прогласи епидемија од моррбили (мали сипаници) откако за три месеци, од вирусот заболеа околу 1.900 лица и имаше три смртни случаи. Тамошните лекари изјавуваат дека причина за прогласување на епидемијата е тоа што бројката надминала 1.500 заболени лица. Велат дека мерката засега се избегнува поради материјални причини, бидејќи […]

Хан: За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ


За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ, бидејќи за тоа се потребни тешки и неодложни реформи, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во обраќањето на конференцијата „Стратегија за Западен Балкан-Отварање на патот кон ЕУ“ во Белград. Во врска со заложбите за постигнување целсона нормализација на […]