Од почетокот на годинава во Србија регистрирани 30 напади врз новинари


Според податоците на новинарски здруженија во Србија, минатата година се регистрирани 92 напади врз новинари, а во првите четири месеци од годинава 30, од кои два физички напади, шест вербални закани и 22 случаи на притисок, соопшти денеска српскиот омбудсман Зоран Пашалиќ. Во писмена изјава по повод утрешниот Светски ден на слободата на печатот Пашалиќ […]

Хрватска на нозе по информациите за отворање радиостаница со српска турбофолк-музика


Од моментот кога хрватските медиуми објавија дека во Загреб ќе биде отворена радиостаница која ќе емитува новокомпонирана српска музика, реакциите не стивнуваат. Имено, во хрватската јавност со денови се полемизира за тоа дали навистина е потребно да се отвори радиостаница која ќе емитува српска турбофолк-музика или „чајка“ (навредлив хрватскиот збор за српската новокомпонирана музика), иако […]

Поради прекин на електрична енергија, застој на сообраќајот од и кон Србија за товарни возила


Поради прекин на електричната енергија на граничниот премин „Прешево“ од утрово до 17 часот попладне во застој ќе биде сообраќајот на товарни моторни возила на влез и излез во Србија. МВР соопшти дека според информациите од српската страна по однос на товарниот сообраќај ќе се води рачна евиденција за товарните возила така што за едно […]

Вучиќ: Србија и Хрватска испаѓаат смешни пред цел свет


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија и Хрватска испаѓаат смешни пред целата меѓународна јавност поради реципрочните мерки кои ги воведоа една на друга. – Важно е да разбереме дека и едните и другите испаѓаме смешни, како трупци, пред целата меѓународна јавност. Бадијала ни е што ние не сме виновни и што како држава […]

Туск побара Косово да ги подобри односите со Србија


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија. – Без целосна нормализација на односите со Србија и целосно прифаќање на договорите, не гледам како може да биде постигнат пробив во односите со ЕУ, изјави Туск на […]

Србија: Почнува мерењето на просечната брзина на сите автопати


Во Србија од утре почнува мерењето на просечната брзина на возење на сите делници од автопатите, а сообраќајната полиција ќе почне со казнување на сите оние кои, дури и за еден километар, ќе ги надминат дозволените 120 километри на час. Камерите на „Патишта на Србија“ се инсталирани на сите за таа намена утврдени локации, а […]

Борисов: Бугарија, Романија и Романија да помогнат за Србија да стане членка на ЕУ


Бугарија, Грција и Романија треба да направт се што е можно за Србија да стане дел од Европската унија. Тоа го нагласи денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прес-конференција во Будимпешта, по средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција. Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се […]

Интерпол го „ослободи“ Харадинај, па на раат дојде во Скопје


Интерпол ја повлекол меѓународната потерница против косовскиот премиер Рамуш Харадинај поради што тој непречено влезе во нашата земја. Поранешниот лидер на ОВК и затвореник во Судот во Хаг сега единствено ќе има проблем доколку се обиде да мине преку српска територија бидејќи Белград и натаму го товари за убиства и тешки злосторства извршени во Косово […]

Харадинај: Ултиматумот на Српска листа за ЗСО падна во вода


Заедницата на српски општини (ЗСО) ќе биде формирана врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово, а ултиматумот на Српската листа дека ако Владата не превземе конкретни чекори, на 20 април косoвските Срби еднострано ќе ја формираат ЗСО, нема да има никаков ефект, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај. – Ситуацијата е сменета. Косово […]

Вук Јеремиќ: Вучиќ им го вети Косово на Американците


Поранешнот српски министер за надворешни работи и актуелен лидер на опозициската Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, тврди дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „им го ветил Косово на Американците“, но оти има проблем како да го исполни тоа ветување. На трибината во Нови Сад, како што јави дописникот на МИА, Јеремиќ изјави дека на Вучиќ […]

Вучиќ: За трајно решение на косовскиот проблем потребна е согласност на големите сили


Српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „Србија е подготвена на компромис“ и тоа и го соопштил и на Меркел, но и „ да за тоа се потребни две страни“. Како што им изјави на новинарите, тој порано верувал дека е полесно сами да разговараат Србите и Албанците. – […]

Арифи: ЗСО ќе биде според Уставот,гарантира косовската влада


Шефот на косовската делегација во дијалогот со Србија, Авни Арифи,изјави дека непоколебливо е барањето на Косово, Србија да ги спроведе постигнатите договори во Брисел. Гостувајќи во емисијата „Инфо магазин“ на телевизијата Клан Косова тој нагласи дека двете држави нема што повеќе да разговараат за Заедницата на српски општини,бидејќи и официјален Брисел потврдил дека таа ќе […]

Македонија и Србија со заеднички граничен премин на Табановце


Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт […]

Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме со пушки


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“. – На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години – со пушки, истакна Тачи. Тој тоа го изјави во својот говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот […]

Србија и САД не се согласуваат за Косово, но дијалогот треба да продолжи


Претседателот и премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ денеска во Белград на одвоени средби го примија вршителот на должност заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Метју Палмер, со кого разговараа за важноста на долгорочното пријателство меѓу Србија и САД и заложбата на двете земји за понатамошно развивање на нивните […]

„Бикини Мун“ на Манчевски од денеска и во кината во Србија


Филмот „Бикини Мун“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски од денеска ќе се најде на репертоарите на киносалите во Белград, Нови Сад и Крушевац. Милчо Манчевски беше претседател на жирито на годинашниот белградски филмски фестивал „ФЕСТ“, на кој „Бикини Мун“ имаше своја премиера во Белград. На истиот фестивал беше прикажан и филмот „Портрет на уметникот: Милчо Манчевски“ […]

Вучиќ: Наскоро следат најважните разговори за Косово


Од 10 до 20 април во Европа и во светот ќе ги водам „некои од најважните разговори за прашањето на Косово“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Белград нагласи дека не може јавно да зборува за овие разговори, додавајќи дека од нив […]

Лавров: Русија ќе ги брани српските интереси по прашањето за Косово


Русија е подготвена и во иднина на српските партнери да им дава поддршка во одбрана на легитимните национални интереси по прашањето за Косово, пред се во меѓународните структури, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во писмото до српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Во писмото кое Лавров го испрти како одговор на Дачиќ […]

Дачиќ: Не тераат да протераме руски дипломати, но ние нема да го сториме тоа


Србија ја осудува секоја употреба на хемиско оружје, но нема да носи одлуки кои би ги следеле мерките против Русија, во врска со труењето на поранешниот разузнавач Сергеј Скрипал во Велика Британија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. – Сега нас не тераат да протераме руски дипломати, а тоа не го сторија […]

Брнабиќ: Политички нонсенс е Косово да учествува на самитот во Софија како држава


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска порача дека учеството на Косово на европскиот самит за Западен Балкан во Софија „како држава е политички нонсенс“, како и дека во зависност од постапките на Приштина околу формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), Белград ќе одлучи дали ќе учествува на собирот. – Во зависност од тоа ќе решиме околу […]