Во Србија в петок највени протести на патиштата поради зголемување на цената на горивата


В петок на 8 јуни во поголемиот дел од српските градови ќе се одржат протести против зголемувањето на цените на горивото со блокирање на патиштата од 17 часот-информираат белградските медиуми. Граѓаните се организирани преку Фејсбук мрежата, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи се повикуваат граѓаните да со своите возила ги блокираат […]

Американски форензичари тврдат: Некој ја пресоблекувал Јелена по убиството!


Облеката на Јелена Марјановиќ по убиството била како воопшто да не се борела со никој. Маицата и тренерките што ги носела кога била убиена не се ниту скинати ниту разлечени. Ова го пишува во последниот извештај за убиството на пејачката што ги потресе Србија и регионот, а изготвен од американски форензичари, кои се вклучија да […]

Србија ќе ги подобрува малцинските права, меѓу кои и на Македонците


Владата на Србија усвои Предлог закон за измена и дополнување на законот за националните совети на национлните малцинства, меѓу кои е и македонското малцинство, кој што наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Како што информираа од кабинетот на српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ, целта на владата со тој закон е […]

Косовската полиција го потврди апсењето на двајцата државјани на Косово во Србија


Косовската полиција денеска потврди дека во текот на вчерашниот ден двајца државјани на Косово од српска националност биле уапсени во селото Кончуљ, во близина на граничниот премин Бела Земја, откако при претрес на возилото со кое се превезувале, било пронајдено поголемо количество марихуана, јави дописникот на МИА од Приштина. Полицијата информира дека се уапсени две […]

Тачи верува дека дијалогот со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање


Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска, по средбата со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц рече дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во сите меѓународни организации. Според него,  двете страни од дијалогот ќе излезат како победници. – Со канцеларот Курц […]

Парламентот на Србија избра членови на Комисијата за последиците од НАТО бомбардирањето


Српскиот Парламент денеска ги избра членови на Комисијата за истрага на последиците од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, со задача да утврди како нападите влијаеле врз здравјето на граѓаните и животната средина во Србија. За претседател на Комисијата е избран Дарко Лакетиќ, пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседател на парламентарната Комисија за […]

Џафери се сретна со потпретседателката на српскиот парламент


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во рамки на официјалната посета на Република Србија, се сретна со потпретседателот на Народното Собрание на Република Србија, Владимир Маринковиќ. На средбата присуствувале и членови на пратеничките групи за соработка на собранијата на двете држави. Од Кабинетот на Џафери соопштија дека средбата се одвивала во срдечна и […]

Тачи: Косово е подготвено за нормализација на односите со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи се сретнал денеска во Будва, каде што учествува на меѓунардониот форум за безбедност на Југоисточна Европа, насловен „To be secure“, односно „2BS“, со директорот за Централна и Јужна Европа во американскиот Стејт департмент Метју Палмер, кому му ја изразил подготвеноста на Косово за „нормализација на односите со Србија“, јавува дописникот на […]

Џафери отпатува за Белград


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери од денеска ќе престојува во дводневна посета на Србија. Во придружба на џафери во Белград се членовите на пратеничката група за соработка со Собранието на Србија: Иван Стоиљковиќ, Илија Николовски и Мирсада Емини Асани. Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието ќе се сретне со претседателката на Народното […]

Во Србија од 1 јули 100 eвра за трето дете, а 150 евра за четврто дете


Од 1 јули родителите во Србија за трето дете ќе добиваат месечно по 12.000 динари (околу 100 евра) во наредните десет години, а за четврто дете 18.000 динари (околу 150 евра), изјави министерката задолжена за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ. Таа појасни дека привршуваат законските измени кои го регулираат прашањето на финансирањето, односно […]

Министерот Адеми во дводневна посета на Белград на средби со македонското малцинство


Министерот без ресор во Владата на задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од утре ја почнува дводневна посета на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. За време на посетата, в понеделник во Белград закажана е средба на министерот Адеми со преставници на македонското национално малцинство во Србија и тоа со Националниот Совет на македонското национално […]

Легализација на хомосексуалните бракови во Србија до 2019 година


Србија до 2019 година би можела да ги одобри хомосексуалните бракови, ако сѐ оди според планот и програмата и нема опструкции, пишува српски „Блиц”. Според Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик, регулирањето на хомосексуалните бракови е во нацрт-законот како важно прашање, но неговото усвојување нема веднаш да ја регулираат оваа област. Професорот Миодраг Орлиќ, член […]

Вучиќ: Не сум оптимист за прашањето за Косово


Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“. – Тоа не е лесно. Се уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис, нагласува Вучиќ. Вучиќ вели дека и покрај […]

Вучиќ: Немаме веќе луѓе за војни


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека Србите и Албанците немаат веќе луѓе за војни и оти компромисот е решение. – Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во меѓусебни судири туку и голем […]

Курти: Србија не е пречка за европската интеграција на Косово


Два дена пред одржувањето на Самитот на Европската унија со земјите од Западен Балкан во Софија, денеска во косовското Собрание се одржа трибина на тема „Албанците и европските интеграции“, во организација на Движењето Самоопределување. Лидерот на оваа опозициска партија, Албин Курти, отворајќи ја трибината, рече дека Србија не е таа која ја попречува интеграцијата на […]

Блиц: САД и Западот на Вучиќ му испратија план за Косово


САД и западните земји доставија план за решавање на косовскиот проблем до српскиот претседател Александр Вучиќ, пишува весникот „Блиц“ и наведува дека планот бил подобар за Србија од сите претходни, но оти се уште не е прифатлив за Вучиќ. – САД и западните земји ги доставиле своите начела и принципи, но за нас тоа не […]

„Српски телеграф“: Западот подготвува план со притисоци и уцени за Србија


Весникот „Српски телеграф“ објави 11 „клучни точки“ од документот наречен “План за поддршка на меѓународната интеграција на Косово“, кој,според наводите, во Вашингтон го усвоиле САД, Германија, Франција, Велика Британија и Италија. Во нив, како што тврди весникот, детално е разработен план со притисоци и уцени, чија крајна цел е уништување на Србија, односно целосна независност […]

Спречен дипломатски скандал во Србија, Чанак ги повикал Каталонците


Претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ изјави дека Ненад Чанак без да се консултира, на меѓународниот собир „Со идеја на ЕУ до мир и развој“, покрај парламентарци од Приштина повикал и пратеници од каталонскиот парламент. Во изјава за денешното издание на „Политика“, Гојковиќ вели дека бил спречен голем дипломатски скандал, бидејќи доколку повикот се реализирал […]

Косово остро реагира на забраната за косовските каратисти да учествуваат на ЕП во Србија


Одлуката на Србија за забрана на раководството на Косовскиот карате сојуз и косовските каратисти да влезат во Србија, за да учествуваат на  Европското првенство во карате од 10 до 13 мај во Нови Сад, предизвикаа остри реакции во Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук напиша дека одлуката е „неприфатлива, без преседан и страшен чин“, […]

Вучиќ ќе бара од Путин „подлабоко“ согледување на проблемот со Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се наоѓа во посета на Москва, денеска изјави дека од неговиот руски колега Владимир Путин ќе побара „подлабоко“ да го согледа косовскиот проблем и да „излезе“ со политички став на Москва за Косово. – Ќе го замолам претседателот Путин, не само со директната подршка што ја дава на Србија, туку […]