Путин доаѓа во Белград со тенкови и ракети


По четврти пат во последните петнаесетина години, рускиот претседател Владимир Путин доаѓа во официјална посета на Србија. На 1 ноември ќе присуствува на големата воена парада во Белград по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Притоа, како што наведуваат српските весници, ќе донесе по триесет современи тенкови Т-72 и модернизирани борбени возила што […]

Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија


Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, јавува дописникот на МИА од Приштина. – Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста […]

Стефановиќ: Србија нема да биде тампон-зона за мигрантите


Србија нема да биде тампон-зона за мигранти, а тоа не беше ниту предмет на неодамнешен состанок на лидерите на ЕУ, рече денеска српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, по повод некои толкувања за тој состанок. Некои од земјите-членки имаат идеја оти миграциските центри треба да бидат надвор од нивните територии и дека […]

Поплави ширум Србија


Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград. Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја. Едно лице […]

Јелена Карлеуша нема да трча гола до Русија, Србите си одат дома


Русија– Пејачката Јелена Карлеуша вети дека ќе трча гола до Русија доколку српската репрезентација успее да го победи Бразил и се пласира во осминафиналето од Светското првенство во фудбал, но ќе нема шанса да го исполни ветеното. Бразилците рутинирано славеа со 2-0 (1-0) со головите на Паулињо и Силва и се пласираа на првото место […]

Тачи: Мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен и дека целта на помирувањето е „постигнување дефинитивен договор кој ќе биде од корист за двете страни”. Во интервју за францускиот весник „Фигаро”, тачи додава дека не постои „волшебна формула“ за решението. – Не станува збор за изнаоѓање волшебна формула, туку промовирање […]

Во Србија просечната нето-плата во април изнесувала 416 евра


Просечната исплатена нето плата во Србија во април 2018 година, изнесувала 49 117 динари или 416 евра, со што номинално е поголема за 6,7 проценти, а реално за 5,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти Републичкиот завод за статистика на Србија. Според податоците, просечната бруто плата во април, изнесувала 67 901 динари, […]

СП 2018: ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири, но и против српскиот селектор


ФИФА соопшти дека покренала истрага за швајцарските репрезентативци Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, но и за српскиот селектор, Младен Крстајиќ. Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелци на голoвите за Швајцарија беа Џака и Шаќири. Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите […]

СП 2018: Фудбалскиот сојуз на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА


Фудбалската федерација на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА заради пропустите на главниот судија на натпреварот со Швајцарија, Феликс Брих, но и заради вмешување на политички елементи во спортот. Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а според Фудбалската федерација на Србија една од причините […]

СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија


Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија. Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата. Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше […]

(ВИДЕО) Големо невреме во Белград, во сила портокалов метеоаларм


Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја. Портокаловиот метеоаларм означува опасни временски услови. Во Белград од изутринава врне пороен дожд, проследен со грмотевици. Сообраќајот е отежнат, а некои улици се целосно под вода. Некои делови на Белград беа зафатени и од град. Невремето причини […]

Ѓоковиќ: Ајде Хрватска


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја поддржа хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија. Пред синоќешниот меч со Аргентина, популарниот Ноле, на својот инстаграм напиша: „Ајде Хрватска“. Хрватите победија со 3-0 и се пласираа во осминафиналето од првенството.

Курти: Со Тачи, Косово губи во преговорите со Србија


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти смета дека косовскиот претседател Хашим Тачи не е компетентен да ги предводи преговорите со Србија и дека работи единствено за сопствени интереси. – Тачи е лажго, тој не е компетентен да ги води овие преговори. Првично треба да направиме евалуација на 6-годишниот дијалог и да ги определиме нашите […]

Заболени од рак во Србија ќе тужат земји на НАТО


Првите тужби на српските граѓани заболени од карцином против земјите на НАТО поради бомбардирања со осиромашен ураниум треба да се очекуваат на крајот на септември и во октомври. Тоа  го најави денеска претседателот на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“ Свето Него. Тужбите ќе бидат поединечни, објасни тој. На симпозиум за последиците од бомбардирањето на СР […]

СП 2018: Србија со важна победа против Костарика


Репрезентацијата на Србија оствари победа на својот прв натпревар на Светското првенство 2018. Нашите северни соседи ја надиграа Костарика и запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар. „Орлите” можеа да си заминат со поголема […]

Новинарот Цветковиќ тврдел дека бил киднапиран и контактирал со лица од Македонија


Белград -Весникот „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои разузнавачки извори, пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ во полиција тврдел дек бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија. Како што наведува весникот, на истражните органи им се сомнителни неговиот исказ и пронајдените докази, поради што новинарот […]

Протести во Србија поради цени на горивата


Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Панчево, Нови Пазар, на Ибарската магистрала и во други делови на Србија, денеска од 17 часот се одржа едночасовен протест против високите цени на горивото со блокирање на улиците и на патиштата. Граѓаните се организираа преку Фејсбук, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи повикуваа […]

Србија: За да се обнови населението секој жена треба да има по три деца


За да се обнови населението во Србија неопходно е речиси секоја втора жена да има три деца, изјави српската министерка без ресор, задолжена за демографска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ. Таа рече дека од 2001 до 2015 година во Србија има половина милион жители помалку, и дека се намалува и бројот на жени во години кога […]

Косовската Влада ја повлекува Платформата за преговори со Србија


Косовскиот министер за труд и социјала, Скендер Речица, во име на Владата поднесе бараање до Собранието за повлекување на Платформата за дијалог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. – Од името на премиерот Рамуш Харадинај барам разбирање  за да се симне од дневен ред платформата за финализирање на дијалогот меѓу Косово и Србија […]

Старбакс ќе отвори локали во Србија


АмРест Холдингс СЕ, најголемиот оператор на ресторани во централна Европа, најави дека планира да отвори Старбакс локали во Србија. Првиот се очекува во Белград во текот на оваа година. – Првиот Старбакс локал ќе биде отворен оваа година во Белград, градот со долгогодишна традиција на уживање во кафе. АмРест е водечки оператор на Старбакс кафулињата […]