Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија


Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот. Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија. Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и […]

Вучиќ оди кај Путин


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на почетокот на октомври во Москва. Двете држави подолго време ја планираа средбата, која доаѓа во период на високи очекувања од преговорите меѓу Србија и Косово. Претходната нивна средба се случи во мај во Москва, каде Путин и Вучиќ […]

МЖ Транспорт бара „Србија воз“ да не го укине меѓународниот воз Белград -Скопје- Солун


Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска соопшти дека е против најавеното укинување од крајот на месецов на единствениот меѓународен воз низ Македонија на релацијата Белград – Скопје – Белград и оти причината, според известувањето што го добиле од „Србија воз“, е економски неисплатливост. „Србија воз“ ја донеле одлуката во согласност со грчки TRAINOSE, кои имаат […]

Тачи е сигурен дека Србија ќе го признае Косово


Претсдедателот на Косово Хашим Тачи вели дека е сигурен дека Косово ќе биде признаено од Србија, без оглед на тоа што шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека то може да се случи „само кога врбата ќе роди грозје“. Изјавата на Дачиќ, според косовскиот претседател, е едноставно изборна парола. – Не сакам да ги […]

Вучиќ во посета на Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска, па до 19 септември претсојува во посета на Кина, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од неговиот кабинет, Вучиќ ќе има одделни средби со претседателот на Кина, Си Џинпинг и со кинескиот премиер Ли Кечијанг. За време на посетата се планира да бидат потпишани серија билатерални […]

Тачи би сакал да ја посети Прешевска долина, пречка српска судска одлука


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека би сакал да ја посети Прешевската долина, но дека постојат пречки поради пресудата на српските власти. Тачи така одговори на пишувањето на некои медиуми дека в среда планирал да ги посети општините на југот на Србија, каде што живеат Албанците, објавија белградски медиуми. – Би сакал, со најдобри желби, […]

Србија и Косово веќе не се договараат за границите


Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел. Тоа го изјави Марко Ѓуриќ директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија. Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел требаше по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини да се […]

Опозицијата се обединува во „Сојуз за Србија“


Белград –    Десет опозициски партии, вечерва во Белград, го формира „Сојузот за Србија“ – политички блок кој  се залага за создавање услови за фер избори, борба против криминалот, нова економска политика, вработување на младите и борбата против сиромаштијата, а се  противи на членството на Приштина во ОН. Иницијативата за формирање на „Сојузот за Србија“ […]

Европската комисија прифати корекција на границата Србија – Косово


Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе Еуроактив. – Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања, изјави тој во Виена, јави Танјуг. Во анализата Еуроактив се наведува […]

Србија прави анализи за враќање на задолжителниот воен рок


Министерството за одбрана по наредба на претседателот на Република Србија и врховен командант на војската на Србија Александар Вучиќ почна со изработка на студија за сите модалитети и можности за враќање на задолжителниот воен рок. Во изјава за Н1, претставник на српското МО потсети дека воениот рок во земјата никогаш не е укинат, туку со […]

Лавров: Косовските Албанци не го почитуваат договорот со Србија, постигнат со посредство на ЕУ


Косовските Албанци, во текот на многу години, не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ. – Русија секогаш се залага за целосна и безусловна имплементација на Резолуцијата 1244, поддржуваме активности кои ги презема Белград за да […]

Срби кои заболеле од бомбардирањето на НАТО ќе тужат


Српскиот професор по право Срето Ного, кој е претседател на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“, поттикнувач на иницијативата да се тужат земјите на НАТО и граѓаните да добијат отштета, изјави дека очекува во октомври да бидат напишани првите тужби. – Нашите адвокати ќе им ги достават тужбите со докази на колегите адвокати во Германија, Италија, […]

Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побргу, не постои лесно решение


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и да не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем. – Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе, изјави Вучиќ. Тој […]

Србија: Опозицијата и Вук Јеремиќ собираат потписи против приемот на Косово во ОН


Лидерот на српската опозициска Народна странка (НС) Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата на собирање на потписи на граѓаните против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации. Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во […]

Србите и денес би гласале за Тито


Во конкуренција на Александар Вучиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Слободан Милошевиќ, Никола Пашиќ, Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, мнозинството Србија својот глас би го дале за Јосип Броз Тито, покажува анкетата направена за потребите на белградски „Недељник“. Весникот наведува дека по стогодишното искуство живеење во Југославија, а за да се провери односот на денешната јавност кон државниците […]

Кочијанчич: Дијалогот Белград – Приштина продолжува во септември


Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич изјави дека дијалогот помеѓу претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе продолжи на почетокот од септември. „На последниот состанок на дијалогот на 18 јули, чиј домаќин беше високата претставничка, двајцата претседатели го разгледуваа постигнатиот напредок и се договорија повторно да се сретнат на почетокот […]

Харадинај за малку ќе завршеше во Србија


Косовската делегација која вчера отпатува за Брисел со приватниот авион на министерот за надворешени работи Беџет Пацоли, а во чиј состав беа и претседателот на Собранието, Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај и вицепремиерот Фатмир Лимај, за малку ќе завршеше во Србија, каде што за последниве тројца поранешни челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) е […]

НАТО: На Србија е да одлучи за евентуален влез во Алијансата


НАТО ги почитува ставовите на секоја земја со која соработува, а Србија е добар партнер на НАТО и на неа да одлучи дали сака да стане членка, изјави денеска во Брисел заменичката на генералниот секретар на Алијансата, Роз Готемолер. Таа смета дека српското партнерство со НАТО придонесува за поголема безбедност на граѓаните и НАТО помага […]

Анкета: Мнозинството Косовци очекуваат Србија да го признае Косово


Мнозинството косовски граѓани очекуваат преговорите меѓу Приштина и Белград, што се водат со посредство на Европската унија, да завршат со признавање на независноста на Косово од страна на Србија, покажуваат резултатите од истражувањето на приштинскиот Демократски институт на Косово (КДИ) во врска со очекувањата на Косовците од дијалогот. Таков исход очекуваат 61 отсто од анкетиираните, […]

Во Србија за половина година потрошени околу четири милијарди евра за инфраструктура


– Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија во првите шест месеци од годинава искористи речиси половина од вкупно планираните буџетски средства за инфраструктурни проекти во 2018 година. До јуни се потрошени 35,45 милијарди динари, (околу 4,2 милијарди евра), од вкупно планираните 74,2 милијарди динари (8,7 милијарди евра) или 47,7 отсто од расположливите пари за инфраструктурни проекти […]