Жесток дуел во српскиот Парламент, Дачиќ нервозен (ВИДЕО)


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска побара да се прекине седницата на Парламентот на Србија додека се се поставуваа пратенички прашања, бидејќи на лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, му дофрлал, што прерасна во жестока расправа. Повод се случувањата во Косово и Метохија. -Ако некој навистина не е […]

Згасна увозот на српски производи во Косово


Увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина во Косово бележи драстичен пад откако Владата во Приштина пред една недела воведе такса од 100 отсто на производите од тие земји. – Додека пред воведувањето на таксата во Косово дневно влегуваа по 100 до 120 камиони и шлепери со производи од тие земји, главно од […]

Брисел се налути: Приштина итно да ги повлече таксите


Европската комисија денеска уште еднаш ја повика косовската Влада веднаш да ја повлече одлуката за зголемување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцеговина на 100 отсто, оценувајќи дека тие се провокативни и навредливи. Портпаролката на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Кочијанчиќ изјави дека е […]

Бујановац го сместивме во Косово, Србите бесни


Лапсус, невнимание или незнаење уште еднаш ги разжестија македонско-српските односи. Белградските весници ја прераскажуваат случката на Горан Стевановиќ од селото Жбевац кај Бујановац, кому матичарите од Скопје му издале официјален документ за смртта на татко му, според кој малото гратче на југот од Србија се наоѓа во Косово. „Малку е да кажам дека сум збунет. […]

Косовската Влада ја обвинува „дивата кампања“ на Србија за неуспехот во Интерпол


Владата на Косово објави дека „зачленувањето на полицијата на Косово во Интерпол пропадна“ и изрази „големо разочарување поради тоа што на Косово не му се овозможи да биде дел од светското семејство на полициите, кои се борат против меѓународниот криминал“. За неуспехот да се зачлени во светската полициска организација, Владата во Приштина го обвини Белград, […]

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина. На заедничката прес-конференција со албаснкиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати во Брисел, одржана по завршувањето на соостанокот […]

Харадинај: Србија не е за верување


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на идејата на претседателот Хашим Тачи за „корекција на границата со Србија“, оценувајќи дека зад таквите идеи, кои ги поддржува и официјален Белград, пред се српскиот претседател Александар Вучиќ, се крие намерата за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба со подмладокот […]

Ситуацијата во Србија е значително влошена


Европратеничка Тања Фајон оцени дека ситуацијата во Србија е многу се влошила во претходните две години, наведувајќи дека „нема ефикасна контрола на извршната власт, ниту напредок во однос на владеењето на правото”, како и тоа дека Србија треба да направи повеќе во однос на нормализирање на односите со Косово. Претставувајќи своите впечатоци по неодамнешната посета на […]

Апсења за бугарските пасоши и во Србија – во Македонија мирно


Скандалот во Бугарија околу издавањето бугарски пасоши на лица од Молдавија, Украина, Македонија и Албанија, при што беа уапсени државни службеници, се прелеа и во Србија. Четири лица завчера се уапсени на југот од Србија под сомнение за примање мито и поткуп, поттикнување и фалсификување документи за добивање на бугарски пасоши. Во Македонија засега е […]

Потпретседателот на српскиот парламент тешко повреден во сообраќајка


Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Миличевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб. Од засега неутврдени причини, автомобилот со кој управувал возачот на Миличевиќ излетал од патот и удрил во ограда. Во несреќата е тешко повреден и возачот. Српските медиуми наведуваат дека Милиќевиќ бил […]

Српска актерка пронајдена мртва


Младата српска актерка Ивана Млаѓовиќ (30), која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ е пронајдена мртва во стан на свој пријател во Крагуевац. Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „Плејбој девојка“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чиј што стан била. Покрај неа, […]

Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство


По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум. На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со […]

Македонски државјани краделе дрва во Србија


Петмина македонски државјани се уапсени во Србија поради кражба на дрва. Според тамошната полиција, нашинците на возраст од 22 до 39 години биле фатени на дело во селото Миратовац кај Прешево додека бесправно сечеле шума во сопственост на „Србија шуми“. „Државјаните на Македонија се затекнати со два трактори и две моторни пили. Во двете приколки […]

За лажно боледување во Србија ќе следува отказ


Работодавачите во Србија од јануари следната година ќе можат да даваат отказ на вработени кои отвораат лажни боледувања, предвидуваат најновите измени на Законот за работни односи. Тие одредби се носат поради проценката дека во Србија од 280.000 боледувања  годишно, лажни се дури 11 отсто. Тоа значи дека повеќе од 30.000 работници секоја година не доаѓаат […]

Тачи: До пролет ќе размениме територии со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека се надева оти пред идната пролет Косово ќе постигне договор со Србија, кој би вклучувал промена на границите и размена на територии. – Промената на граници не е идеја која сакам да ја презентирам, но по конфликтите и преговорите, заклучувам дека тоа е единствено разумно решение за двете страни. Ако […]

Српските пратеници веќе нема да менуваат партии


Доколку бидат прифатени предложените измени на Деловникот за работа на српското Народно собрание, пратениците во иднина не ќе можат да преминуваат од една во друга пратеничка група, а доколку сепак решат да ги напуштат своите партии ќе мора да дејствуваат како независни пратеници, објави белградскиот весник „Вечерње новости“. Весникот наведува дека претседателката на српското Собрание, […]

МНР потврди: Двајца од седумте загинати во Србија се наши државјани


Министерството за надворешни работи ја потврди трагичната вест од Србија, според која двајца македонски државјани загинаа во страотната сообраќајка што утрово се случи на автопатот Белград – Ниш во двата правци, на речиси исто место и во исто време. Нивниот идентитет не го објавуваат, но како што соопштија српските медиуми, станува збор за Бурим Д. и […]

Двајца Македонци меѓу загинатите во Србија


Двајца македонски државјани се меѓу загинатите во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“. Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани. Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА изјавија дека од македонската амбасада во […]

Дачиќ : Србија сака во ЕУ


Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека стратешка определба на Србија е членство во ЕУ за што се доказ обемните реформи кои земјата ги спроведува, усогласувањето со европските стандарди, изразената силна политичка волја за постигнување одржлив компромис со Приштина и регионалната соработка. Тој истакна дека сепак актуелниот […]

Македонија и Србија ќе градат заедничка гранична железничка станица


Македонија и Србија ќе градат заедничка железничка станица на која ќе има заеднички гранични  и инспекциски служби и заедничка царина. Проценетата вредност е околу 4,5 милиони евра, а проектот за изградба ќе биде презентиран денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје. На настанот најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.