Продукција на „Инсајдер“: Немаме поврзаност со 1ТВ, ќе тужиме за логото


Српската продукција „Инсајдер“ која изработува авторски истражувачки емисии вели дека нема никаква поврзаност со македонскиот „Инсајдер“, емисија која неколку месеци се најавува дека ќе се емитува на 1ТВ. Од српската продукција велат дека ќе ја тужат македонската телевијза во сопственост на Бојан Јовановски – Боки 13, бидејќи без дозвола се користело нивното лого и повредени […]

Путин во официјална посета на Србија


Србија– Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе престојува во официјална посета на Србија на покана на шефот на српската држава Александар Вучиќ. Според најавите, по свечениот пречек на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, Путин ќе положи венци на Гробиштата на ослободителите на Белград и на Споменикот на црвеноармејците, по што ќе има официјална средба со неговиот […]

Трифуновиќ: Вучиќ е разнишан од протестите, но опозицијата не прави ништо


Српскиот актер Бранислав Трифуновиќ, кој веќе шеста сабота ги предводи граѓанските протести во Белград, изјави дека протестните собири „Еден од петте милиони“ се покренати од народот, кој сакал политичарите да се повлечат од првите редови на протестната колона. – Зошто некој од нас кој шета цело време и кој се чувствува измамен, зошто да му […]

Протести во Србија против Вучиќ: „Еден од пет милиони“


Во Белград и вчера беше одржан е нов голем масовен протест против насилието под слоганот „Еден од петте милиони-почнато е“. Колоната на граѓани кои протестираа, која беше повторно долга речиси еден километар се движеше по веќе познатата маршута низ централните белградски улици, од Студенсткиот плоштад, булеварот на Кнез Милош до Плоштадот Славија. На протестот се […]

Анкета: Вучиќ најпопуларен политичар во Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ е најпопуларен политичар во 2018 година, покажуваат резултатите од новогодишното истражување на „Политика“ и агенцијата „Фактор Плус“. Претседателот на Србија, во изборот на оценки од 1 до 5, за својата работа доби оценка 4,2, многу повеќе од кој било друг политичар. Српската напредна партија (СНС) и натаму е водечка, бидејќи […]

Анкета: Србите најмногу му веруваат на Путин


Србија – Претседателот на Русија Владимир Путин е светски лидер во кој граѓаните на Србија имаат најмногу доверба, покажуваат резултатите од новогодишното истражување на „Политика“ и агенцијата „Фактор Плус“. По Путин, кој доби 57 отсто од гласовите, следи кинескиот претседател Си Џинпинг со 36 проценти, германската канцеларка Ангела Меркел со 30 отсто и претседателот на САД, […]

Харадинај: Косово веднаш ќе ја укине таксата кон Србија ако таа почне да се однесува европски


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека Белград е продолжена рака на Москва на Балканот и дека Приштина веднаш ќе ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија доколку таа почне да се однесува европски. – Со тоа што и го отворивме нашиот внатрешен пазар, ние на Србија ѝ дадовме стотици милиони за […]

Коснет: 2019 треба да биде година на договор меѓу Косово и Србија


Амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет изјави дека очекува 2019 година да биде годината во која ќе се постигне конечниот договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Коснет за косовскиот портал на српски јазик „Коссев“ изјави дека Вашингтон сака да види „еден креативен и сеопфатен договор меѓу двете земји“. – […]

Вучиќ: Нема за што да разговарам со претставници од Приштина


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека нема за што да разговара со претставниците од Приштина, со оглед на тоа дека тие секојдневно преземаат мерки против српскиот народ. Во изјавата за РТС Вучиќ рече дека од Приштина постојано слуша оти решението за косовското прашање е на хоризонтот и дека ќе биде потпишано тука или таму, но […]

Србија: 11 отсто за членство во НАТО, 68 проценти против


Србија – Најновото истражување на Центарот за евроатлантски студии (ЦЕАС) покажува дека 11 отсто од граѓаните во Србија поддржуваат влез во НАТО, 68 отсто од испитаниците се против, а 21 процент се неопределени, информира директорката на ЦЕАС, Јелена Милиќ. Таа смета дека е интересно тоа што бројот на неопределени расте, а се намалува бројот на противниците […]

Уште една Македонка почина во несреќата во Србија


Минатонеделната автобуска несреќа во Србија ја зеде и четвртата жртва. Македонската државјанка С.Т. им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Ниш. Таа имала скршеници на карлицата што довело до руптура на мочниот меур. Итно е оперирана, но поради тешката состојба, беше приклучена на апарати за дишење. Со нејзината смрт, билансот од сообраќајката кај Лесковац […]

Воз преполови автобус, тројца мртви меѓу нив и дете


Повторно ужасна несреќа во Србија, повторно загинаа најмалку тројца, а меѓу нив и дете. Српскиот Курир пишува дека утринава во село Долно Меѓурово кај Ниш се судриле  воз и автобус, кој буквално се поделил на пола. Најмалку на лице место загинале три лица, 6 лица се тешко и 16 полесно повредени. Меѓу загинатите има и […]

Харадинај: Косово се чувствува измамено и разочарано од ЕУ


Канцеларијата за односи со јавност на Владата на Косово го објави попладнево интегралното обраќање на премиерот Рамуш Харадинај на состанокот на Комитет за Стабилизација и асоцијација (ССА), во кое тој го критикува Брисел за „небрежност“ и „нејаснотии во однос на европската перспектива на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. И покрај таквиот однос, изјави […]

Приштина ја одбива понудата на Брисел: Таксата ќе се укине кога Србија ќе го признае Косово


Владата на Рамуш Харадинај ја одбива понудата од високите претставници на Европската унија (ЕУ) за одредени отстапки кон Косово доколку времено ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина. Косовските медиуми објавија попладнево дека Харадинај добил писмо од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ […]

Косовски медиуми: Брисел нуди отстапки за укинување на таксата кон Србија


Косовските медиуми објавија дека премиерот Рамуш Харадинај добил писмо од високи претставници на Европската унија (ЕУ) во кое ветуваат отстапки доколку земјата ја повлече одлуката за 100 отсто такси на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина. Во писмото потпишано од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарката за […]

Харадинај го забранува динарот?


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ќе објави нови мерки против Србија. По зголемувањето на царинските такси од 100 отсто за српски производи, Харадинај подготвува три нови мерки, од кои едната е забрана за употреба на динарот на косовска територија, пишува белградскиот весник „Блиц“, цитирајќи го приштинскиот аналитичар Фатмир Шехоли. Втората мерка, која Шехоли ја очекува […]

Вучиќ до опозицијата: И пет милиони да сте, ништо не ви исполнувам


Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ изјави дека нема да исполни ниту едно барање на опозицијата, колку и да излегуваат на улица и колку и да траат овие протести. – Шетајте колку и да сакате, јас никогаш нема да ви исполнам какво било  барање. Може и пет милиони да се […]

Косово: Увозот од Србија намален за 20 милиони евра


Пред воведувањето на 100-отстни такси на стоката од Србија и БиХ, во Косово дневно влегувала српска стока во вредност од 1, 2 милиони евра, а потоа е намалена на неколку стотици евра, изјави портпаролот на Царината на Косово Адриатик Ставилеци. – Од 21 ноември и примената на мерките од 100 отсто, имаме целосна стагнација на […]

Вучиќ: Никогаш нема да го признаеме Косово!


Две лоши вести дојдоа денес од Приштина, не само за Србија, туку и за целиот регион и пошироко, рече срспкиот претседател Александар Вучиќ на вонредно обраќање вечерва, по посетата на европскиот комесар Јоханес Хан на Белград и на Приштина. -Лошите вести се тоа што албанските власти не се откажуваат од незаконските такси што ги воведоа […]

Хан: ЕУ е разочарана од таксата на косовската Влада на увозот од Србија и од БиХ


Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан, по денешните средба со косовскиот државен врв во Приштина, изјави дека Унијата е изненадена и разочарана од oдлуката на косовската Влада за воведување 100 отсто такса на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина. По одделните средби со претседателот Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри […]