Драгољуб Петровиќ за „Независен“: „Македонско сценарио“ е филм за српските гласачи


На т.н. „македонско сценарио“ тука се гледа како на бауч, како на некакво тајно друштво кое се собрало во Скопје и кое тукутака урива легитимно избрани шефови на држави по светот. Тоа е типично заглупавување на избирачкото тело, вели во разговор за „Независен весник“ угледниот српски новинар и главен и одговорен уредник на весникот „Данас“, […]

Србија: Еден експресно осуден за упадот во РТС


Прекршочен суд во Белград денеска осуди на затворска казна од 30 денови едно 19-годишно момче за кршење на Законот за јавен ред и мир во врска со упадот синоќа во зградата на РТС. Милан Мариновиќ, претседател на Прекршочниот суд, изјави за Танјуг дека момчето било осудено по итна постапка заради прекршок – „дрско и безобразно […]

Србија воведува доживотна казна затвор


Србија ќе воведе доживотен затвор со можност за условно пуштање после 25 години, изјави за „Политика“ професорот Станко Бејатовиќ. – Условното пуштање ќе биде можност, а не обврска. Тоа е меѓународен стандард, додаде професорот Бејатовиќ, кој е и претседател на Српското здружение за кривично-поправна теорија и пракса и член на работната група за измени на […]

Србија: Кога новинарите „бегаат“ од провладините таблоиди


Српските таблоиди блиски до владата сè почесто ги напуштаат новинарите кои не сакаат да пишуваат нарачани текстови против „неподобни“ луѓе, главно оние што им се замериле на властите. Последната во низата што ја напуштија редакцијата на „Српски телеграф“ е новинарката која не сакаше да пишува очигледно нарачан, „плукачки“ текст за познатиот актер Драган Бјелогрлиќ. Нејзината […]

Коцијанчич: Не постои „балканска пролет“


Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич денеска го изнесе ставот на Унијата дека бојкотот на Парламентот не е прифатлив, како и дека не постои „балканска пролет“, по повод настаните во Албанија, Црна Гора и Србија. Таа оцени дека нема потреба да се споредуваат протестите што се одвиваат истовремено во трите земји во регионот. Коцијанчич ја прифати […]

Македонец им го претвори животот во пекол на 70 српски работници


Медиумите во Србија пишуваат за еден Македонец кој на група од 70 српски работници животот им го претворил во пекол. Им ги зел парите, а по 40 часа неизвесност измамените работници се вратиле во Србија од Чешка. Македонецот Владимир Георгиевски, кој лажно се претставил како Александар Симиќ, поставил оглас на интернет страницата „Работа Чешка“ пишувало […]

Истражување: Една третина од регистрираните медиуми во Србија се неактивни


Во Србија има 2.500 медиуми, но 30 отсто се неактивни, покажа истражувањето спроведено од Синдикатот на новинари на Србија. Во прилог на овој факт, според СИНОС, е податокот што прашалникот за потребите на истражувањето за дигитални медиуми бил испратен на 593 адреси, а одговор пристигнал од 64. – Дел од дигиталните медиуми е во сивата […]

Тачи: Ако годинава не постигнеме договор со Србија, ќе го дестабилизираме регионот


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека дијалогот со Србија е неизбежен и дека е „време да се остават на страна непријателствата, кои предизвикаа трагедии во Косово“. Тачи изјавата ја даде на конференцијата на тема „Гласот на народот за „големото финале“ меѓу Косово и Србија“, која се одржува во главниот град на Косово, во организација […]

Дачиќ: Разграничувањето е наша идеја


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека разграничувањето претставува официјален предлог на Србија за решавање на косовското прашање во дијалогот со албанската страна, но дека сé уште не е утврдено каде би била линијата на разграничување. Како што пренесува ТВ Н1, Дачиќ им изјавил на новинарите во Белград дека идејата за разграничување […]

Србија направи летечка бомба со GPS


На саемот за вооружување и воена опрема IDEX во организација во Абу Даби презентирани се неколку српски производи од пбласта на воената технологија. Претставено е беспилотно летало ALECS (Advanced Light Electric Composit System). Во прашање е беспилотно летало кое комбинира два мода на летање – квадкоптер мод со четири вертикални елиси за полетување и авио […]

Србите и Хрватите купуваат во соседството


Се повеќе купувачи од регионот, а посебно од Хрватска и Србија набавуваат производи во продавниците на Босна и Херцеговина. Минатата година странски државјани на излезот од БиХ поднесоа повеќе од 400.000 барања за поврат на данок на додадена вредност. Дури 55.000 повеќе од 2017 година, пишува „Политика“. Враќање пари, според прописите на оваа земја, се […]

Вучиќ: Опозицискиот договор со народот е збор на глупости


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека предлогот на „Договорот со народот“, направен од опозицијата, е „збир на неверојатни глупости“, како и дека граѓаните кои протестираат можат да го прават тоа колку што сакаат, но нема да им биде дозволено насилство. – Го прочитав тој договор, како и претходниот договор со народот, кој имаше некоја […]

Во Србија од грип починаа 29 лица


Во Србија во последните шест недели од грип починаа 29 лица, а пријавени се 104.687 заболени, соопшти Институтот за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут“. Само изминатата недела „Батут“ има евидентирано околу 20.000 нови случаи. Како што се наведува, најмногу болни има меѓу деца на возраст до четири години, а епидемиолошката ситуација е во согласност […]

Република Српска забрани увоз на мандарини од Турција поради присуство на пестициди


Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 10.400 килограми мандарини по потекло од Турција, поради утврдено зголемено присуство на пестициди. Како што соопшти Инспекцијата, пестицидите се откриени за време на редовна контрола при увоз на пратката. – Со лабораториската анализа изработена од Институтот за вода во Бјелина, во анализираниот примерок мандарина утврдено е зголемено […]

Српската опозиција почна со бојкот на парламентот


Пратениците од партиите кои се дел од Сојуз за Србија (СзС), моментално најсилниот опозициски блок, почнаа со бојкот на работата на српскиот парламент. Во бојкотот учествуваат и пратениците од Клубот на независни пратеници, кои не се членки на Сојузот за Србија, но се потписници на „Договор со народот“ и листата на барања за фер и […]

Во Србија 19 луѓе починаа од грип – епидемија во три градови


Во Србија досега од грип починаа 19 лица, бројот на заболени секој ден расте, а според последниот извештај на националниот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут“, постои сомнеж дека 85.000 лица се заразени со еден до два изолирани вируси на грип, кои се евидентирани од страна на здравствените служби во регионот. Само на подрачјето […]

Советникот на Весели најави укинување на 100 процентната царина  за српските  производи


 Адри Нурелари, советник на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри  Весели најави дека е можно многу набрзо да биде укината царината од 100 проценти за српските прозводи, воведена во ноември. – Постои голем притисок од САД. Весели го поднесе својот план за укинување на царината за 20 дена, за да му се даде шанса на мирот. […]

Србија: Македонци шверцувале ќеса со пари


Тројца македонски државјани се приведени од српската полиција поради шверц на динари. Триесет и деветгодишниот Македонец, со автомобил „алфа ромео“, во кое се превезувале уште две негови сонароднички, завчеравечер се пријавил за излез од Србија на преминот Градина со Бугарија. На прашањето дали има нешто да пријави, возачот одговорил негативно, но цариниците одлучиле да го […]

Србија изгуби 66 милиони евра поради таксите, Македонија двојно го зголеми извозот


Српскиот министер за трговија,туризам и телекомуникацици Расим Љаиќ изјави дека ако Приштина наскоро не ги укине таксите од 100 отсто за увоз на стоки од Србија, долгорочната штета ќе биде поголема од 66,2 милиони евра, колку што во моментов изнесува. Љајиќ предупреди дека штетата ќе биде долгорочна, бидејќи „други играчи“ ќе го завземат пазарот во […]

Вучиќ: Честитки до Скопје и Атина, Србија прва ќе го признае соседот под новото име


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Нови Сад на отварањето на манифестацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, упати честитки до премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификација на Преспанскиот договор. „Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на […]