Србија не се радува што Македонија не доби датум од Брисел


Србија не се радува за одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија и како земја кандидат не е целосно задоволна од темпото на нејзината интеграција, иако е во процес на пристапување, за разлика од Северна Македонија и Албанија кои очекуваат датум за почеток на преговорите со што и почнува процесот на пристапување, изјави денеска […]

Српски полицајци спасија деветгодишно девојче од Македонија


Александар Миленковиќ и Владан Николиќ се сообраќајните полицајци од Србија кои завчера попладне му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на нивната деветгодишната ќерка, на која ѝ се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“. Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош. […]

Пет млади лица загинаа во директен судар на Ибарска магистрала


Србија- Пет млади лица ноќеска загинаа во директен судар меѓу возила „БМВ“ и „Дачија“, на Ибарската магистрала, кај местото Жупањ, во Општина Љиг, пренесоа утринава белградските медиуми. Според првичните сознанија уште четири лица, кои во несреќата се здоболе со тешки повреди, се во животно загрозувачка состојба. Несреќата се случила еден час по полноќ. Четири од […]

„Блиц“: Трамп сака решение за Косово до јуни


Србија– САД зацртале нов рок за решавање на косовското прашање, а според сознанијата на српскиот весник „Блиц“, администрацијата на Доналд Трамп се обидува проблемот да биде решен до јуни следната година, и поради тоа остро се спротиставува на бојкот на претстојните избори. Весникот, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Американците во слендиот период ќе […]

Во косовско-српски сендвич


ГОРАН АДАМОВСКИ Срамно е секојдневно да се слушаат и да се гледаат „лелеците“ од косовските функционери, а за жал и на политичарите од македонската влада во случајот „Томор Морина“. Еден, навидум, процедурален чин каков што би требало да биде приведување на човек што се бара со меѓународна потерница, се претвора во политичка драма што може […]

„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“


Српските медиуми посветуваат големо внимание на случајот со косовскиот државјанин Томор Морина, кој беше притворен во Македонија поради потерница од Интерпол и барање на српските власти за злосторства во Косово во 1999 година. Белградски „Б92“ со наслов: „Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ пишува за изјавите на вицепремиерот Бујар Османи, кој, практично се […]

Српски телеграф: Србија од 2020 година ќе воведе задолжително служење воен рок


Србија– Србија најверојатно од следната година повторно ќе воведе задолжително служење воен рок, пишува денеска Српски телеграф и додава дека за тоа веќе една година се разговара. Воениот аналитичар Мирослав Лазански вели дека на Србија и недостига војска, бидејќи професионалните војници сега имаат повеќе од 30 години и не можат физички да одговорат на своите […]

Вучиќ и Србија се рушат преку авто-салон во Скопје?


Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеци и маскиран во претставништво на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје, работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија. „Секое […]

Заев за „Политика“: Односите со Србија се традиционално добри и се движат во нагорна линија


Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев смета дека  односите со Србија се традиционално добри, оти се движат во нагорна линија, како и дека поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на новиот автопат кај Грделичката клисура преставува потврда на овие негови ставови. -Со српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе започнеме уште една соработка […]

Во српското МНР повикан бугарскиот амбасадор


Србија- Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа изјави дека според неговата наредба, бугарскиот амбасадор бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. „Србија со Бугарија како соседна земја сака добри, пријателски и сојузнички односи, што подразбира високо ниво на разбирање за најважните интереси на двете земји и на две нации”. „Како што […]

Србија: На работно место ќе може најверојатно и до 70-от роденден


Србија – Работниот век во Србија може да се продолжи до 70-годишна возраст за оние кои тоа сакаат, ако се донесе иницијатива за измена на Законот за работни односи, прифатена од страна на еминентни експерти за советување за актуелни прашања од современото законодавство, објави денеска „Политика” . Вработените всушност може да останат на работа уште пет […]

Столтенберг: Бомбардирањето врз СРЈ беше легитимно и неопходно


Србија – Историјата покажа дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година беше неопходно и легитимно бидејќи го прекина насилството, а бегалците можеа да се вратат дома, додека КФОР помогна да се создаде безбедна средина во Косово за сите, вклучително и српските заедници, смета генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Знам дека НАТО се уште предизвикува контроверзи […]

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград-На однапред украдени избори не излагаме


Србија– Во Белград, Нови Сад и Ниш, синоќа се одржаа 27-мите граѓански протести „1 од 5 милиони“ против власта на претседателот Александар Вучиќ, со кои се одбележаа шест месеци откако тие се одржуваат ширум Србија. Протестот на повеќе илјади граѓани во Белград започна на Теразиска чешма, по што продолжи со протестна прошетка низ централните белградски […]

Во 2019 година во Србија собрани речиси 28 милиони евра од донации


Србија– Во Србија оваа година се сорбрани 27,3 милиони евра од разни донации – од граѓани, компании и дијаспора, наменети за институции, организации и поединци. Тоа го изјави претставникот на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Јелена Аврамовиќ по повод завршувањето на фестивалот на филантропијата. -Сметаме дека може повеќе и подобро, и дека голем дел […]

„Политика“: Евтаназијата влегува во Граѓанскиот законик


Србија– Во нацртот на Граѓанскиот законик ќе се најде и предлог за легализација на евтаназијата во Србија, објави „Политика”. По двегодишна дискусија, владината комисија за изготвување на овој кодекс одлучи дека во најновата верзија на пред-нацртот, вметне одредба за можноста заболени од тешки и неизлечиви болести да го завршат својот живот на достоинствен начин, со […]

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки


Србија – Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваатм, објави весникот Новости. Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен. – Во таа […]

Македонец фатен со дрога во Србија: „Јас сум само молер и одам во Хрватска“


Триесетгодишен македонски државјанин е уапсен во Србија откако преку граничниот премин Прешево се обидел да прошверцува 16 килограми марихуана. Белградските медиуми пишуваат дека дрогата е откриена синоќа при детален преглед на возилото со кое се превезувал нашинецот. „Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. На цариниците им тврдел дека нема ништо […]

Михајловиќ: Завршен Коридорот 10 до границата со Северна Македонија


Србија- Грделичката клисура е целосно совладана, јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија и Грција е целосно завршен и во зависност од временските услови во следните десет дена ќе биде официјално отворен за сообраќај, изјави утринава, вицепремиерката на Србија и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Таа, како што соопштија на сајтот […]

Тачи: Прешево да се припои кон Косово, но Косово да не даде ништо


Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на денешниот самит на лидерите на Западен Балкан во Берлин, изјави дека нема да дозволи никаков вид на размена на територии со Србија, но нагласи дека е „право на Албанците од Прешевскта Долина да се припојат кон Косово“,  јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција на пришитнскиот аеродром пред […]

Обрадовиќ: Ги продолжуваме протестите


Клучната порака и лекцијата од тримесечните протести е дека Вучиќ може да падне само ако е притиснат. Преку институциите, ние повеќе не можеме ништо повеќе да сториме. Не функционира ниту Уставниот суд ниту Националното собрание, ниту полицијата и судовите и единствениот начин за да се избориме е да одиме преку вониституционален пат, изјави еден од […]