Путин води освојувачка војна, вели потпретседателката на српската влада, Михајловиќ


  Вицепремиерката на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години. „Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да се одлучиме и јасно да ја дефинираме нашата […]

Хил: Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го зазеле Косово


 Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради големата зависност од руски енергетски извори и дека во прашање е сложена слика за да може само да се каже „приклучете ни се во санкциите“, јави дописникот на МИА од Белград. […]

РСЕ: Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод за поврзување со „Дружба“


  Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод што ќе и овозможи на Србија да се снабдува со „поевтина нафта од Урал преку поврзување со нафтоводот Дружба (Пријателство), јави дописникот на МИА од Белград. Како што пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ), изградбата на гасоводот беше договорена откако Европската Унија (ЕУ) го воведе осмиот […]

Нафтовод до Унгарија или до Македонија и Албанија засега е само можност, вели Михајловиќ


  За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Северна Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, […]

Србија планира диверзификација на нафтата преку изградба и поврзување со нафтоводот Дружба во Унгарија


  Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави […]

Јавниот долг на Србија на крајот во август изнесуваше 53,4 отсто од БДП


  Јавниот долг на Србија на крајот на август 2022 година изнесува 32,24 милијарди евра или 53,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат денешните податоци на Министерството за финансии. Јавниот долг е номинално повисок за 790 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 31,45 милијарди евра, а учеството во БДП е зголемено […]

Татко ја задaвил двегодишната ќерка во Вршац, па се самоубил


Незапамтена трагедија се случила во Вршац, Србија кога таткото, триесет и петгодишниот Марко.Б. во вторникот попладне, ја удавил својата двегодишна ќерка, а потоа се обесил, објавија српските медиуми. Трагедијата се случила околу 14 часот и 20 минути во стан на улицата Војнички трг во Вршац. Истрагата е во тек, а мотивот се уште не е […]

Во Србија од Ковид-19, последното дененоќие починаа уште 17 пациенти


Според последните податоци, кои денеска беа објавени во соседна Србија, од корона вирусот починале 17 лица. На респиратор се 33 потешко заболени. Инаку, во последните 24 часа регистрирани се уште 2.548 лица, заразени со корона вирусот.

Пратеници на ЕП бараат прекин на преговорите со Србија поради Русија


Европскиот парламент ќе побара од Европската унија да ги прекине преговорите за членство со Србија додека таа не воведе санкции кон Русија, се вели во нацртот на новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување, до која Радио Слободна Европа имаше пристап. „Дајте приоритет на усогласувањето на земјите-членки со заедничката надворешна и безбедносна политика на […]

Кристофер Хил го видел Планот за консултации меѓу Србија и Русија


  Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, изјави за агенцијата ФоНет изјави дека го видел Планот за консултации потпишан од министрите за надворешни работи на Србија и Русија и дека во него нема ништо посебно, туку дека Русија сака да ја оправда војната во Украина. Хил рече дека не знаеле што пишува во Планот за […]

Србија во последните десет дена се задолжи за две милијарди евра


  За неколку дена јавноста во Србија дозна дека е договорен заем од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од една милијарда евра, дека тие се задолжиле на пазарот на обврзници за 690 милиони евра и дека се преговараше нов аранжман со ММФ. Вкупната вредност на тој заем нема да биде помала од две милијарди евра, а […]

Во Србија од 1 јануари минималната плата ќе изнесува 341 евро


  Минималната цена на работен час во Србија од 1 јануари 2023 година ќе биде 230 динари (1,96 евра), а минималната плата 40.020 динари (341 евро), изјави министерот за финансии Синиша Мали по седницата на Социјално-економскиот совет (СЕС), јави дописникот на МИА од Белград. Мали најави дека минималната плата ќе биде 40.020 динари (341 евро), […]

Инфлацијата не запира и во Србија – во август се искачи на 13,2 отсто


Потрошувачките цени во август 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 13,2 отсто, објави Републичкиот завод за статистика. Од лани до овој август најмногу поскапела групата производи „кафе, чај и какао“ – за 25,7 отсто. Лебот и житариците поскапеа за 24,1 отсто, а месото за една година поскапе за […]

Србија забрани извоз на млеко, Северна Македонија и Албанија изземени од одлуката


  Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Република Северна Македонија и Република Албанија, а со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата, јави дописникот на МИА […]

Србија донесе препораки за заштеда на струјата за 15 отсто


Министерството за рударство и енергетика на Србија денеска донесе препораки до државната администрација, единиците на локалната самоуправа, државните претпријатија, стопанството и домаќинствата да ја намалат потрошувачката на струја и топлинска енергија, со што треба да се овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто во однос на истиот период лани, јави допсиникот на МИА […]

Србија и Косово постигнаа договор за личните документи


„Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Албин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел на Твитер. Борел во […]

Македонија е 29 најголем извозник на вино во светот и втора во регионот


Македонија е 29-ти најголем извозник на вина во светот и втор извозник во регионт, со вкупен извоз во вредност од 61,4 милиони долари, покажува минатогодишното рангирање Worldstopexports. Согласно податоците од Државниот завод за статистика, македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот, но има успешни обиди за извоз на вино и во Западна Европа и […]

Србија се задолжува за дополнителни 340 милиони евра


  Србија ќе издаде долгорочни државни хартии од вредност, со вкупна вредност од 340 милиони евра, а причината за задолжувањето е, меѓу другото, и за финансирање на буџетскиот дефицит, објави денеска Нова економија, повикувајќи се на владините одлуки до кои имала пристап.  Обврзниците ќе се продаваат со директно преговарање со квалификуван инвеститор, а новото задолжување […]

Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници


Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај  до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Регистрираните случаи се од […]

Српската влада ја укина забраната за извоз на зејтин, ја намали акцизата за нафтата


По целосен преглед на состојбата со залихите, како и рекордните површини засадени со сончоглед, Владата на Република Србија донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло. Дополнително, надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно да преземаат соодветни мерки, јави Танјуг. Приоритет, како што се вели во […]