Во Србија усвоен ребалан на буџетот, опозицијата тврди дека е последица на инфлацијата


  Собранието на Србија денеска го усвои ребалансот на државниот буџет според кој вкупните приходи се зголемени за 1,6 милијарди евра, а расходите уште повеќе – за околу 2,3 милијарди евра. Опозицијата тврди дека е инфлаторен, а експерти сметаат дека е последица на трошоците јавните претпријатија. Српската Влада одлучи да предложи ребаланс затоа што „приходите […]

Швајцарија и Србија не ја минаа групната фаза на ЕП за ракометарки


 На женското Европско првенство во ракомет синоќа се завршија натпреварите во А и Б групите по кои елиминирани се репрезентациите на Швајцарија и на Србија. Во „балканското дерби“ Словенија ја победи Србија и си обезбеди настап во главната рунда, додека Данска беше поуспешна од Шведска во „скандинавското дерби“. Резултати: Хрватска – Швајцарија 26:26 Словенија – […]

Јавниот долг на Србија во септември зголемен на 53,7 отсто од БДП


Во септември годинава јавниот долг на Србија изнесуваше околу 32,42 милијарди евра, што е 53,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска српското Министерство за финансии. Во август јавниот долг изнесува 32,24 милијарди евра или 53,4 отсто од БДП. На крајот на 2021 година јавниот долг изнесуваше 30,13 милијарди евра и имаше учество од […]

Србија сака да го привлече „Амазон“


  Раководството на Пошта Србија одржа средба со претставници на компанијата „Амазон“ за потенцијална соработка, а по тој повод беше презентиран бизнисот на Пошта Србија, се наведува на официјалната веб-страница на ова јавно претпријатие. На состанокот, кој се одржа во Стопанската комора на Србија, се разговарало дека цените на поштарината за овој регион ќе бидат […]

Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, но не и за Македонија


Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над […]

После 20 години стопанска делегација на САД во Белград


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се сретна со стопанска делегација на Владата на Соединетите Американски Држави, при што со претставниците на некои од најголемите американски светски корпорации разговараше за натамошното зајакнување и развој на билатералната економска соработка, новите стратешки партнерства, како и потенцијалите за инвестиции во областа на енергетиката, ИЦТ и зелените технологии, јави […]

Култот на Путин во Србија


„Украина ја нападна Русија!“ беше надреалниот наслов на извештајот на „Информер“, најпродаваниот српски таблоид од 22 февруари. Тој наслов не беше еднократен, тоа беше израз на путинофилијата која со години е силна во Србија. Додека поголемиот дел од светот ја осудуваше руската агресија врз Украина, голем дел од медиумите во Србија се свртеа кон величење […]

Во Србија осигурените депозити достигнаа 25,3 милијарди евра, најзастапени заштедите на граѓаните


  Во Србија на крајот на третиот квартал од годинава вкупните осигурени депозити изнесуваат 25,3 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата за осигурување на депозити. Тоа е повеќе од трипати од износот од 2008 година, кога гарантираниот износ на заштеди во банките по депонент беше зголемен на 50.000 евра, се наведува во соопштението. Вкупните средства на […]

Србија во 2023 година ќе треба да се задолжи со дополнителни 3 до 4 милијарди евра


  Претседателот на Фискалниот совет, Павле Петровиќ, процени дека Србија во 2023 година ќе треба да се задолжи за дополнителни 3 до 4 милијарди евра, пренесе Блиц. – Србија следната година ќе мора да преземе значителен долг. Доспева долгот од четири милијарди за кој таа ќе се задолжи за да може да го врати. Две […]

Ковачевски: Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас


  Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски. – Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна […]

Собраниската седница за избор на нова Влада на Србија најавена за 25 октомври


  Потпретседателот на Српската напредна партија Милош Вучевиќ изјави дека седницата на Собранието на Србија, на која пратениците ќе гласаат за изборот на новата влада, треба да биде свикана во вторник, 25 октомври. По седницата на Главниот одбор на СНС, Вучевиќ изјави дека членовите на тоа тело едногласно го усвоиле предлогот за кандидати за министри […]

Вучиќ го објави составот на новата српска влада – Брнабиќ премиер, Дачиќ вицепремиер и шеф на дипломатијата


Претседателот на СНС Александар Вучиќ ги прочита имињата на членовите на новата влада. Поранешната премиерка Ана Брнабиќ повторно ќе биде на чело на владата, а ова се останатите министри во нејзината влада: Милош Вучевиќ, министер за одбрана Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи Синиша Мали, министер за финансии Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна […]

Александар Вучиќ и шпионскиот свет: Србија е денес како Казабланка


  Србија деновиве е како Казабланка, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на церемонијата на Безбедносно информативната агенција (БИА) по повод 20-годишнината од формирањето на оваа агенција. Тој изјави дека кога во Србија има гости од Русија, таму се припадници на западните служби да ги следат и обратно. „Целосно не по наша вина, вовлечени сме во […]

Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Северна Македонија, Грција и Албанија, и кон Унгарија


  Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград. -Стратешки ни е […]

Србија привремено го забранува извозот на природен гас


  Владата на Србија денеска донесе одлука за привремена забрана за извоз на природен гас до крајот на месецот, со цел да се обезбеди безбедно снабдување на домашниот пазар и да се спречат можни штети за стопанството и граѓаните. Одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас предизвикан […]

(Вознемирувачко) Видео од падот на висечкиот мост во Србија


  Две жени загинаа, а 10 лица се повредени во тешката несреќа која се случи вчера во Србија, во местото Овчар Бања, откако висечки мост над реката Западна Морава, се откачи и падна во реката. По него во тој момент оделе туристи од Босна и Херцеговина. Тие биле во обиколка на српски манастири, а ова […]

Пукна висечки мост во Србија, паднаа 20 туристи, двајца загинаа


Утрово околу 10 часот се случи несреќа во познатото туристиќко место во Србија недалеку од манастирот Јовање во Овчарско-калабриската клисура, при што 20 луѓе паднале во Морава, а двајца загинале. Имено, пукнал висечкиот мост преку реката Западна Морава кој води кон манастирот. Мостот пукнал во моментот кога преку него поминувале туристите, при што 20 паднале […]

Борел: Приклучувањето на Србија во Унијата ќе биде тешко без воведување санкции против Русија


 Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека процесот за приклучување на Србија во Европската Унија ќе биде тежок доколку Белград не воведе санкции кон Русија. Борел за телевизијата Н1 изјави дека „за процесот на пристапување во Европската Унија неопходно е усогласување со нејзината надворешна политика“. – Во извештајот на Европската комисија, гледаме дека […]

ЕК: Србија уназадува во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика


Во новиот годишен извештај што ќе биде објавен денеска, Европската комисија оценува дека во Србија е забележано уназадување  во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, истакнувајќи дека некои изјави и постапки на високи српски претставници се во спротивност со надворешната политика на ЕУ. – Србија е умерено подготвена во областа на заедничката надворешна, […]