Народната банка на Србија ја зголеми референтната камата на три отсто


Народната банка на Србија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 3 отсто. Истовремено, стапката на кредитните олеснувања е 4 отсто, а на депозитните 2 отсто, со што целиот коридор на каматните стапки е зголемен за 25 базични поени. Со ваквата одлука, Извршниот одбор обезбедува континуитет на умерено […]

Вучиќ: Под превез на борба против криминалот, Приштина се подготвува да ликвидира Срби на северот на Косово


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска предупреди дека приштинските власти „под превезот на борба против криминалот“ подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово, пренесе Бета. Вучиќ ги отфрли тврдењата на Приштина дека неодамна биле пукано кон припадниците на косовската полиција на територијата на централна Србија и додаде дека Србија „нема да дозволи никому, па […]

Во Србија реално петпати е поголем бројот на заразени со коронавирусот


Состојбата со коронавирусот во Србија е неизвесна, а бројот на заразени ќе продолжи да расте во следните седум до десет дена, изјави епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ и посочи дека бројката од околу 6.000 заразени на дневна основа е далеку повисока, можеби дури и петпати повисока, затоа што не тестираат сите што се заразени. Како што јави […]

ЕУ ѝ додели на Србија 223,7 милиони евра неповратни средства за седум проекти


Српската министерка за евроинтеграции и национален ИПА координатор, Јадранка Јоксимовиќ, денеска соопшти дека Европската унија и додели на Србија грантови од 223,615 милиони евра за инвестирање во седум проекти, од кои три се во транспортниот сектор, два во енергетскиот сектор и по еден проект во дигиталниот сектор и социјалната инфраструктура, јави дописникот на МИА од […]

Во Србија речиси 6.500 заразени со Ковид-19 во еден ден


  Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се уште 6.467 новозаразени со Ковид-19. Од последиците од вирусот починаа шест пациенти. На болничко лекување се 671 пациент, додека на респиратор 35 најтешко заболени. Процентот на смртност е 0,76 отсто.

Вучиќ: Верувам дека ќе дојде до деескалација на состојбата на Косово


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа во телефонско јавување на ТВ Пинк изјави дека се надева на деескалација на ситуацијата на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. -Сега го завршивме состанокот во Генералштабот, пред тоа генералот Милан Мојсиловиќ (началник на ГШ на Војската на Србија) разговараше со командантот на КФОР. Важно е што […]

Речиси 6.000 новозаразени од Ковид-19 во Србија


  Според најновите податоци, во Србија во послените 24 часа регистрирани се уште 5.951 новозаразен со корона вирусот. Од последиците на болеста починале 12 пациенти/ Вкупно се тестирани 15.129 лица. На респиратор во болница се 22 пациенти.

Дури 84 отсто од граѓаните на Србија се против санкции за Русија


  Огромно мнозинство српски граѓани се против воведување санкции против Русија, членство во НАТО и членство во ЕУ, доколку услов за тоа е признавањето на Косово, покажува истражувањето на Новата српска политичка мисла (НСПМ), објавено во новиот број на „Неделник“. Расте бројот на граѓани кои сметаат дека не треба да ѝ се воведуваат санкции на […]

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи


 Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопштија дека поради растечкиот тренд на заразата со коронавирусот, а според препораката на Републичката стручна комисија од денеска 22 јули 2022 година воведена е мерката забрана за посета на здравствените установи во Србија, со цел спречување на ширењето на инфекциите, јави […]

Владата на Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка


 Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија. Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот […]

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници


На пописот на населението што ќе се одржи во Србија од 1 до 31 октомври 2022 година за првпат ќе се користат електронските прашалници, а прелиминарните резултати ќе бидат познати до крајот на ноември, беше речено на прес-конференција во Републичкиот завод за статистика (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград. Според Снежана Лакчевиќ, помошник директор на РЗС, на пописот на населението ќе бидат […]

Србија ѝ упати нота на Хрватска по забраната за Вучиќ во Јасеновац


Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција. Министерството за надворешни и европски […]

(Видео) Вечерва авион кој летал од Србија се урна во Грција


Авионска несреќа се случи пред кратко време во вечерва во близина на грчкиот град Кавала, јавуваат грчките медиуми. Според првите информации, леталото што се урнало било од типот Антонов и пилотот побарал од него итно да слета во Кавала, но не успеал. Екипите на ЕМАК од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека […]

Србија очекува дневно околу 4.000 заболени од Ковид


Зоран Бекиќ, член на Кризниот штаб и директор на Здравствениот дом „Савски венец“, процени дека следната недела во Србија може да се очекуваат дневно околу 4.000 лица да бидат заразени со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. – Бројките повторно почнаа да растат, сите сме свесни за тоа. На почетокот на јуни имавме по […]

Србија не се придружи на новите санкции на ЕУ против Иран


Србија е единствената земја која припаѓа на процесот на проширување која се нема усогласено со одлуката на Европската унија (ЕУ) за рестриктивни мерки против Иран јави дописникот на МИА од Белград. Со оваа одлука на ЕУ, која датира од 27 јуни 2022 година, а која се однесува на измени на списокот на лица и субјекти […]

Србија со помалку од 7 милиони жители, бројот на починати се зголемува во однос на родените


Српското Министерството за семејна грижа и демографија денеска оцени дека Србија се соочува со „исклучително тешка демографска слика“ и факт дека бројот на жители паднал под седум милиони. „Бројот на починати се зголемува во однос на родените, а само минатата година нашата држава загуби над 74.000 жители, што е град со големина на Зрењанин“, соопшти […]

Европскиот парламент со резолуција побара Србија да го признае Косово


  Членовите на Европскиот парламент (ЕП) усвоија резолуција во Стразбур во која се наведува дека напредокот на Србија кон ЕУ директно ќе зависи од зајакнувањето на владеењето на правото, нормализирањето на односите со Косово и усогласувањето со европската надворешна и безбедносна политика, што вклучува воведување санкции против Русија. Резолуцијата, врз основа на извештајот подготвен од […]

Поради невремето во Србија евакуирани над 100 лица и изгаснати 20 пожари


    Србија – Припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) во вторникот попладне и навечер поради невремето пропратено со град во некои делови на Србија, а најлошо беше во Белград, Краљево, Сјеница, Нова Варош, Крушевац, Смедерево и Ивањица, имаа 91 интервенција низ државата, од кои 20 беа пожари, од кои најголем дел од громови во […]

Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули


 Досегашниот претседател на српското Собрание и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека очекува до крајот на јули да се конституира новото свикување на српското Собрание и релативно брзо да се формира новата Влада на Србија, а кога е во прашање формирање нова владејачка коалиција, тој оцени дека тоа е одлука на најголемата партија […]

Во Србија лани имало помалку од седум милиони жители


Во Србија во 2021 година живееле 6.834.326 жители, а проценките се базираат на резултатите од статистиката за природно движење и внатрешна миграција на населението, соопшти Републичкиот завод за статистика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, гледано по пол, 51,3 отсто од населението во Србија се жени (3.507.325), а 48,7 отсто се мажи (3.327.001). […]