Србија до крајот на годината од ЕУ ќе добие подршка од 165 милиони евра


На средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, разговарано е и за енергетиката и барањето за воведување санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. По средбата со Вархеји, Вучиќ изјави дека ги разбира неговите забелешки во однос на усогласувањето на надворешната политика на Србија со […]

Брнабиќ: Срамна реакција на ЕУ, Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана


  По срамната изјава на ЕУ, само уште една во низа, Србија веќе нема никаква потреба да учествува на самити за Западен Балкан. ЕУ или ќе ги почитува вредностите што ги пропагира или Србија веќе нема да има потреба да учествува во оваа фарса, порача српската премиерката Ана Брнабиќ во соопштението на Владата. Како што […]

Протест на просветните работници во Србија против насилството во училиштата и за статус на службено лице


Во 47 општини и градови низ Србија почна протестот на просветните работници, со што денеска настава не се одржува во 820 основни и средни училишта. Протест на просветните работници е со барање да прекинат сите форми на насилство во училиштата и наставниците да добијат статус на службено лице. Протестот „Стоп за насилството во училиштата“ го […]

Нова: Нема повеќе руска нафта за Србија, почнува одбројување за ново поскапување


Од понеделник, петти декември, Европската унија става рампа на руската нафта, што значи дека има забрана која важи за Србија, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ. Оваа забрана е резултат на стапувањето во сила на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но за разлика од некои европски земји, Србија не доби […]

Српската Влада ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното


Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за […]

Поради насилство во училиштата просветарите во Србија ја прекинуваат наставата


По серијата инциденти и случаи на врсничко насилство и насилство врз вработени во училиштата во Србија, денеска просветните работници најавија прекин на наставата на 1 декември, а министерот за образование Бранко Ружиќ најави до 20 декември нови мерки против насилството, јави дописникот на МИА од Белград. – Работна група ќе ги собере сите релевантни актери: […]

Поскапуваат патарините во Србија – од 1 јануари сметките повисоки за девет отсто


Патарините во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, објавија „Путеви Србије“. – Девет отсто поскапување на патарините ќе има од 1 јануари, тоа беше одлучено, а Владата на Србија ја одобри таа одлука минатата недела. Ако сега патарината од Белград до Ниш беше 1.000 динари, по поскапувањето ќе биде 1.090 динари, […]

Во Србија од 1 јануари поскапува струјата за осум и гасот за 11 отсто


  Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата […]

СП2022: ФИФА поради знаме почна дисциплинска постапка против Србија


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека е отворена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Србија откако знаме на кое Косово е прикажано како дел од територијата на Србија било закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар. Србија во четвртокот загуби од Бразил со 2-0, а фотографијата со знамето на кое е испишана […]

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Србија


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Србија поради знамето закачено во соблекувалната на таа репрезентација пред натпреварот против Бразил, на кое Косово беше прикажано како дел од таа земја. Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натписот „Не се предава“ наиде на реакција на косовскиот министер за култура, млади и спорт, како […]

Вучиќ: Не сме заинтересирани за меѓусебно признавање со Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека медиумите погрешно пренеле дека Европскиот парламент вчера има донесено резолуција во која се бара воведувае на санкции кон Русија, или во спротивно ќе и бидат ускратени пристапните фондови на ЕУ, оценувајќи дека ЕП донел само препораки. -Ако на 79 отсто од пратениците на ЕП барањето е да го признаеме […]

Еуроњус: Кои сектори во Србија би имале предност од слободниот пазар на работа на Отворен Балкан


  Слободниот пазар на труд во рамки на Отворен Балкан меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија треба да стапи на сила оваа есен. Ова подразбира слободно движење на работниците и вработување без дозволи кои вообичаено им се потребни на странците, тоа е иницијатива која треба да им помогне на работодавачите во Србија на кои им […]

Србија, Унгарија и Австрија со заеднички полициски сили кон Северна Македонија ќе ја штитат Европа од мигранти


Српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање меѓу трите земји за зајакнување на трилатералната соработка на полето на ефикасна борба против илегалната миграција, со кој преку усогласување на визната политика на Србија со Тунис, Бурунди и други земји и со заедничи полициски […]

Табаковиќ: Инфлација од 15 отсто во Србија е над очекувањата и сѐ уште не е достигнат пикот


  Инфлацијата во Србија во октомври годинава изнесува 15 отсто на годишно ниво и е повисока од очекуваното, што е последица на поскапувањето на енергентите и храната на светскиот пазар, изјави гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа на презентација на ноемврискиот извештај за инфлацијата посочи […]

Србија објави оглас за доброволно служење воен рок


Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Србија на возраст од 19 до 30 години кои сакаат да ја облечат униформата на Војската на Србија да се пријават за доброволно отслужување на шестмесечен воен рок со оружје. Повикот за аплицирање е отворен во текот на целата година, а пријавувањето за декемврискиот воен рок […]

Главните преговарачи на Косово и Србија утре во Брисел ќе бараат решение за најновата криза


Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими отпатувал попладнево за Брисел на нова рунда преговори со српскиот главен преговарач, Петар Петковиќ, во обид да се најде решение за кризата предизвикана од напуштањето на косовските институции од страна на припадниците на српската етничка заедница во северно Косово. Косовските медиуми ја објавија информацијата повикувајќи […]

И Србија мака мачи со инфлацијата, во октомври се искачи на 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 отсто во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, октомвриската инфлација во […]

Борел: Белград и Приштина на работ на нова криза, да се бараат решенија


Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел утрово изјави дека Белград и Приштина се „на работ на нова криза“ и порача дека е неопходно да се излезе од кризната логика и да се сврти кон барање решенија. Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Борел потсети дека на 11 ноември се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ […]

Во Србија повторно виден црн пантер – предупредување за жителите


  Црн пантер неодамна беше виден крај Апатин во Србија, на границата со Хрватска, а денеска повторно е воочен, во близина на бањата „Јунаковиќ“, 12 километри од каде што бил забележан првиот пат. „Се работи за многу опасно и непредвидливо диво животно“ Од Општината Апатин ги предупредија граѓаните да не одат во тој правец, затоа […]

Дојави за бомби и во Србија – улиците ќе бидат полни крв, органи ќе летаат насекаде


На мејлот на редакцијата на Блиц.рс е испратен уште еден заканувачки мејл со извештај за наводно поставени бомби низ градовите низ Србија. Како што е наведено во мејлот кој пристигна од адресата потпишана „Учк Учк“, „улиците ќе бидат полни со крв, органи ќе летаат на сите страни… „Гледам дека сè уште се к*****е, гнасни националистички […]