Евростат: Дознаките од странство изнесуваа 7,2 отсто од БДП на Србија во 2021 година


  Приватните дознаки од странство и плаќањата од странство на име надоместок на вработените изнесуваат 7,2 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) на Србија во 2021 година, објави европската статистичка служба Евростат. Во однос на учеството на дознаките од странство во БДП, главно пари испратени од српските граѓани во дијаспората, Србија е меѓу последните од […]

„Данас“ го објави текстот на француско-германскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија


– Порталот на белградскиот весник „Данас“ го објави „европскиот предлог за основниот договор меѓу Косово и Србија“ што „го добил по дипломатски канали“, а во кој пишува дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во која било меѓународна организација”, пренесе Бета. Како што се наведува, тоа е напишано во член 4 од вкупно […]

Потврдено богато наоѓалиште на злато во источна Србија


Богато наоѓалиште на злато е пронајдено на локалитетот Чока Ракита во општина Жагубица на истокот на Србија, соопшти Министерството за рударство и енергетика на Србија. Како што се наведува во соопштението, и прелиминарните резултати од технолошките испитувања покажуваат дека е можно да се произведе концентрат од чисто злато, со вкупна искористеност на златото поголема од […]

Снег ја окова Хрватска, поплави и вонредна состојба во Србија


  Во Хрватска и во Србија, жителите се борат со временски непогоди, па покрај наврнатиот снег, во Хрватска на неколку места зафатија поплави и излевање на реките, а во Србија е прогласена вонредна состојба во повеќе места, поради излевање на Лим, Ибар, Нера. Од утрово снег зафати повеќе делови од Хрватска, па така на планините […]

Млекото и јајцата во Србија поскапи и до 43 отсто


Оние кои во Србија морале да купат дрво, јаглен или пелети во декември морале да платат во просек 51,4 отсто повеќе отколку во декември 2021 година. Според податоците за потрошувачките цени на Институтот за статистика за последниот месец од минатата година, ова е ставката што најмногу поскапела во претходната година. Иако вкупната годишна инфлација во […]

Мали сипаници во Србија, заболеле шестмина невакцинирани


  Во Србија се појавија мали сипаници и затоа е зајакнат епидемиолошкиот надзор. Сипаници се потврдени кај шест лица од Смедерево, соопшти белградскиот Институт за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за пет невакцинирани, помлади од две години, кои се хоспитализирани и едно 47-годишно лице чиј статус на вакцинација не е […]

Народната банка на Србија ја зголеми основната камата десетти пат по ред, наскоро повисоки рати за кредитите


Народната банка на Србија ја зголеми основната камата десетти пат по ред, за 25 базични поени, на ниво од 5,25 отсто, а наскоро се очекуваат и повисоки рати за кредитите. Тоа практично значи дека, како и досега, за граѓаните ќе поскапат ратите од кредитите во наведениот износ од 0,25 отсто. Овој пораст на каматите главно […]

Во Србија рекордни над 4,1 милијарди евра директни странски инвестиции


  Народната банка на Србија (НБС) објави дека и покрај зголемената глобална неизвесност, Србија минатата година забележа рекорден прилив на странски директни инвестиции. „Од почетокот на јануари, заклучно со 10 декември, приливот на странски директни инвестиции изнесува 4,1 милијарди евра, така што извесно е дека ќе имаме нов рекорд во 2022 година“, наведуваат од НБС. […]

СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српското МВР


 Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи.  Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.  -Секторот за внатрешни работи Тетово ги […]

Платениците на „Вагнер“ оперираат и во Србија, предупредува Вашингтон


  Високи американски функционери сè повеќе ги следат движењата и активностите на руската приватна воена група „Вагнер“ надвор од Украина, додека Москва продолжува да ја користи организацијата за да започне операции со влијание во Африка и Европа. Минатиот месец администрацијата на Бајден ги намали доверливите разузнавачки информации велејќи дека Русија се потпира на групата „Вагнер“ […]

„Анонимуси“ пак му се заканија на Вучиќ – почна „Операција Србија“


Хакерската група „Анонимуси“ повторно упатија закани за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Анонимуси се огласија на Твитер и му порачаа на српскиот претседател Александар Вучиќ да престане со дестабилизација на регионот и со подрршката на Русија. Како што наведуваат, ја почнаа „операцијата Србија“, додавајќи дека неколку веб-страници на Владата на Србија се соборени претходните денови.

Повеќе од 1.200 нови случаи на Ковид-19 во Србија, седуммина починати


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.235 нови случаи на Ковид-19 меѓу 11.115 тестирани, јави „Танјуг”. Седум лица починале како последица на инфекција со коронавирус. Во болниците низ Србија во моментов се лекуваат 252 пациенти, од кои 23 се на респиратор.

Може ли тензијата на косовската граница да премине во воен судир


  ПРИШТИНА – Србија во понеделникот ги постави своите безбедносни трупи на границата со Косово на „целосна состојба на борбена готовност“, игнорирајќи ги повиците на НАТО за смирување на тензиите меѓу двата воени балкански непријатели. Српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ рече дека „наредил целосна борбена готовност“ на полицијата и другите безбедносни единици и […]

ММФ одобри нов стенд-бај аранжман за Србија


  На состанокот одржан на 19 декември, Бордот на извршните директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри стенд-бај аранжман за Србија во висина од 290 отсто од квотата на земјата во ММФ за период од 24 месеци, за поддршка на договорената економска програма, објави кабинетот на гувернерката на НБС. Новиот аранжман, се додава, е насочен […]

Една искра е доволна за да се разгори ситуацијата во Косово


 Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ситуацијата во Косово „се уште е многу напната“ и дека „едно шкорче е доволно за да се запали сè“. Вучевиќ за денешното издание на Курир изјави дека „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не […]

Србија нема доволно знаење, искуство и кадар за нуклеарка


Министерката Дубравка Џедовиќ порача денеска дека потребно е да се исполнат полно претпоставки за Србија да може да се размислува за нуклеарна енергија за енергетика. На панелот „Мали модуларни реактори“, на онлајн конференција „Нуклеарната сигурност денес“, која по шести пат ја организира „Србатом“, министерката за енеркетика вели дека за нуклеарна електрана сега Србија нема доволно […]

Руски политичар: Србија може да се приклучи на Русија по референдум


Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на руската Дума, Алексеј Чепа, во интервју за радио „Говорит Москва“ изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ. „Не знам колку е тоа реално, бидејќи овде одлуката не е на Вучиќ, туку на народот. Тоа треба да го реши народот на […]

(Видео) Голем пожар и експлозија во Србија


  Ноќеска околу еден часот избил голем пожар во Темерин, Србија, а половина час подоцна дошло и до големаексплозија, јавуваат српските медиуми. Според првите информации, нема повредени. Се работи за магацин со лесно запалливи експлозивни материјали, наведува „Телеграф“. Големата експлозија ги вознемирила станарите на околните куќи, кои се наоѓаат на 50-тина метри од магацинот, а […]

Северниот дел од Косово и понатаму блокиран


Во текот на ноќта во северниот дел од Косово немаше инциденти, но тој дел е и понатаму блокиран, од граѓани од српска националност и од страна на полицијата на Косово. Иако на блокадите е мирно тензиите се високи, јавија српските и косовските медиуми. Премините Јариње и Брњак на северот на Косово се уште се затворени […]

Телевизиите „Н1″ и „Нова С” од полноќ не емитуваат програма


Телевизиите „Н1″ и „Нова С” од полноќ не емитуваат редовни програми, а на екранот на црна заднина е испишана пораката „Црнила во Србија без слободни медиуми”, јави Бета.   Истата порака беше споделена и на социјалните мрежи на двете телевизии, без да се дадат дополнителни информации, а нивните портали работат без прекин.