УХМР: Најмногу дожд во Скопје


Најмногу дожд во изминатите девет часа наврнал во Скопје, каде што до 16 часот се измерени 11 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Десет литри на метар квадратен се измерени во Ѓуриште. УХМР информира дека до крајот на денов на повеќе места во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално […]

Пахор: Договорот меѓу Скопје и Атина може да поттикне решавање и на другите проблеми на Балканот


Договорот за решавање на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција може да претставува поттик и за другите земји од Балканот да ги решат нивните меѓусебни проблеми, изјави денеска словенечкиот премиер Борут Пахор. Според Пахор, договорот за новото име на Македонија претставува „важен сигнал кој би поттикнал решавање на билатералните и на мултилатералните прашања на Западниот […]

Невреме во Скопје


Скопје попладнево повторно е зафатено од силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета. Од УХМР за МИА велат дека дува ветер со брзина од 65 километри на час. Неверемето засега е ограничено само на скопскиот регион. Слично невреме во Скопје имаше и […]

Почна пријавувањето за „Скопје трча 10КМ“


Организаторите на трката „Скопје трча 10 км“ соопштија дека од денеска почна пријавувањето на сите кои сакаат да земат учество на овој спортски настан. – За оние кои ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите два дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, 10КМ трката […]

Генералниот секретар на Советот на Европа го поздрави договорот меѓу Атина и Скопје


Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го поздрави договорот за спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција. – Овој договор доаѓа долго време. Покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за […]

Тачи и Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за договорот


Косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија, јави Танјуг. – Им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните граѓани, напиша Тачи на Твитер, со порака дека „обновената можност за влез (на Македонија) во ЕУ и НАТО му […]

Договорот меѓу Атина и Скопје, главна вест во светските медиуми


Атина и Скопје постигнаа договор за името „Република Северна Македонија“, ја пренесуваат западните медиуми со назнака „breaking news“ веста дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се согласиле за решение на спорот кој повеќе од две децении ги нарушуваше односите меѓу двете земји. Ја наведуваат изјавата на Ципрас дадена на средбата […]

Повредени вработени на бензинска во Скопје откако пукнал вентил од плински резервоар


Двајца вработени на бензинска пумпа на ул. „Индира Ганди“ во Скопје синоќа се пренесени на скопските клиники откако вдишале гас при обид да затворат сигурносен вентил од плински резервоар, кој пукнал и од него истекла голема количина плин. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случаен минувач синоќа во 23:50 часот пријавил дека на бензинска […]

Пронајдено мртво момче во објект во изградба во Скопје


Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата „Љубљанска“ во Скопје. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14:30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош. В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал […]

ВМРО-ДПМНЕ по денешното невреме во Скопје: Оваа слика ќе се памети како град Скопје со Петре Шилегов стана мала Венеција


Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција околу големите проблеми кои денеска во Скопје ги предизвика невремето. Од таму велат ова не е слика од Дакар , не е слика од афричка Кинсаша, ова е жалната слика за Скопје денес, поплавено, под вода, хаотично, препуштени граѓани сами на себе. -Булеварот Партизанска, кој никогаш порано во историја на […]

УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку Тетово и Маврово


До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4  и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР. Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа […]

(ФОТО/ВИДЕО) Краткотрајното невреме што го зафати Скопје корнеше дрвја и ги поплави улиците


Денеска Скопје го зафати краткотрајно, но силно невреме. На социјалните мрежи граѓаните објавија повеќе фотографии и видеа од невремето проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици што денеска го зафати скопското подрачје. Како што јавува нашиот репортер од терен, булеварот „Илинден“ е затворен за сообраќај поради паднатите дрвја. Од УХМР информираат дека ветерот достигнувал […]

На море во Грција со воз: Од следната година железничка линија Скопје-Платамона?


Македонски железници Транспорт АД Скопје им предлага на Грчките железници (TRAINOSE) да се воведат возови на релација Скопје-Солун со можност во летниот период за продолжување до Платамона, како и за железничка врска Битола-Солун преку Лерин. Тие проекти се претставени при минатонеделната посета што ја оствари менаџерски тим од МЖ Транспорт во Грчките железници, од каде, […]

(ФОТО) Шоу на ексклузивни спортски автомобили во Скопје


Атрактивни моќни автомобили денеска беа прикажани на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Настанот насловен како „Рели за ексклузивни автомобили“ се организираше по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“. Љубителите на спортските автомобили уживаа во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: „Ламборгини Авентадор спајдер“ – со над 700 коњски сили, во исклучително […]

Момче од Скопје починало додека играло фудбал


Дваесет и четиригодишно момче синоќа починало во скопската населба „11-ти Октомври“ откако му се слошило додека играл фудбал. Полицијата денеска соопшти дека синоќа околу 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето […]

Нападнато 13-годишно момче во Скопје


Тринаесетгодишно момче синоќа било нападнато на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје, на автобуска постојка. Како што соопшти МВР, случајот во полиција синоќа го пријавил И.С. (43), таткото на детето. Неговиот син додека чекал автобус бил физички нападнат од непознато лице на возраст од 15 до 18 години, кое било со уште три други лица. Потоа сторителите го напуштиле […]

Во Скопје на 19 и 20 јуни 15-от состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе претседава со 15-от состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 19 и 20 јуни во Скопје. Согласно одлуката донесена од Владата на денешната редовна 71 седница, воедно, се задолжува Секретаријатот за европски прашања да ја координира подготовката на 15. состанок на Комитетот за […]

Приштина плаќа 53 милиони евра пенали за фирмата која го гради автопатот Приштина-Скопје


Косовската влада издвои дополнителни 53 милиони евра за фирмата „Бехтел Енка“, кој ги изведува работите на изградбата на автопатот Приштина-Скопје, поради неизвршување на обврските од страна на претходната Влада. Министерот за Инфраструктура на Косово, Паљ Лекај, на денешната владина седница, изјави дека, поради ненавременото плаќање на сметките од страна на претходната влада, конзорциумот побарал да […]

Прв директен лет од Варшава во Скопје


На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines. Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на […]

Петгодишно дете во Скопје каснато од куче – скитник


Петгодишно дете било каснато во пределот на десниот образ од куче-скитник викендов во Скопје. Како што соопшти МВР, настанот се случил во петокот (25 мај), околу 16:30 часот во село Идризово, а вчера во 13,30 часот во полициска станица го пријавил неговиот татко  Ч.Ф.(33) од Скопје.