Ставаме крај на бетонирањето на градот


Неполна година откако стана градски татко, Петре Шилегов се соочува со наталожените, но и новосоздадените проблеми на Скопје. Загадувањето на воздухот, нехигиената, претераната урбанизација, сообраќајниот метеж се вечно актуелни теми во главниот град. Во наследство го доби и античко-барокниот проект „Скопје 2014“, а на негови плеќи паѓа одговорноста да го најде вистинското решение што ќе […]

Момче од Скопје се бори за живот – го претепале тројца насилници


Дваесетиедногодишно момче од Скопје се бори за живот откако вчера било физички нападнато од три непознати машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“. Како што информира МВР, настанот се случил вчера во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки […]

Османи: На 17 јули Хан доаѓа во Скопје, почнува скрининг процесот


По децении чекање, веќе имаме датум за почеток за преговори со Европската унија. На 17 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје и тогаш формално и ќе го започнеме скринингот, што е предуслов за отворање на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју од Брисел за емисијата „Топ тема на […]

Историчарите се поделија и околу минатото на Скопје


Градските власти нема да ја издадат Монографијата за Скопје, затоа што авторите не се согласуваат за содржината на четвртиот том. Градоначалникот Петре Шилегов вчера информираше дека локалната власт не сака да навлегува во конфликтот меѓу историчарите и ќе почека тие самите да го решат. Тој посочи дека проблематичниот период е оној после Втората светска војна […]

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“. Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со […]

Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва


Повторно ќе се испитува квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти на тендер бараат компанија која по акредитирани методи во текот на 12 месеци ќе го испитува квалитетот на воздухот, со акцент на деловите од Скопје каде што затоплувањето е со печки на дрва. Слично истражување беше спроведено во 2016 и 2017 година, а повтореното […]

Англичанец повреден во сообраќајка во Скопје


Пешак од Англија синоќа во Скопје бил удрен од непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата избегало од местото на настанот. Како што инфомрира МВР, сообраќајната незгода се случила синоќа околу 1:40 часот на крстосницата од улиците „Јужен Булевар“ и „Јордан Мијалков“ во Скопје. С.Б. (62) од Англија со возило на Итна медицинска помош бил префрлен […]

Пријавено разбојништво на бензинска пумпа на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје


Вработен на бензинска пумпа на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје пријавил дека било извршено разбојништво и оти им биле одземени чантите со дневниот промет. Полицијата соопшти дека рано утринава во 4:10 часот во Скопје, на ул.„Кемал Сејфула“ , В. Л. (38) од Скопје, вработен на бензинската пумпа, пријавил дека додека бил на работа заедно со […]

Градоначалниците Каминис, Бандиќ и Ахмети на концерт во Скопје


Градоначалниците на Атина, Јоргон Каминис, на Загреб, Милан Бандиќ и на Приштина, Шпенд Ахмети, заедно со градоначалници на повеќе градови од земјава беа поканети вчера од Петре Шилегов на концерт во скопскиот парк. Скопскиот градоначалник поканата ја третираше како приватна. На концертот со програма настапија Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и трибјут-бендт […]

Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје поради протест на „Млади за Македонија“


Сообраќајот од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“. Според Министерството за внатрешни работи, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница […]

Претепале таксист дека не ги пуштил да запалат цигари


Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош. Како што е наведено во полицискиот билтен, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) […]

Девојче тешко повредено по удар од автомобил во Скопје


Петнаесетгодишно девојче од Скопје кое управувало велосипед ноќеска половина час по полноќ е потешко повредена, откако била удрена од автомобил. Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски – Бато“ и „Јане Сандански“. Патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишното девојче. Таа се здобила […]

Промоција на Скопје како туристичка дестинација


Новинари од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и од Црна Гора ќе ги промовираат Скопје и Македонија како туристички дестинации и ќе снимаат подготовка на македонски специјалитети во секој регион од земјава што ќе го посетат. Новинарите, денеска прошетаа низ Скопје со градоначалникот Петре Шилегов, кој ги запозна со културно-историски знаменитости, Старата чаршија, Старата железничка […]

(Видео) Силни грмежи и дожд во Скопје


Попладнево го зафатија Скопје силен дожд и грмотевици. Улиците веќе се под вода, но засега нема пријави за штети. Невремето е комбинирано со ветер, град и дожд. Погледнете го видеото:

Стандард енд пурс: Договорот нема да предизцика негативни ефекти врз македонската економија


Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија. Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни. – Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото […]

Одбојкарите на Белорусија првите финалисти на завршниот турнир во Скопје


Одбојкарите на Белорусија се првите финалисти на завршниот турнир во Европската сребрена лига што се одржува во Скопје. Белорусија беше доминантно поквалитетна и убедливо ја совлада со 3:0 одбојкарска селекција на Летонија во првиот полуфинален натпревар. Белорусите првиот сет го добија со 25:18, додека вториот го освоија со 25:22. Најинтересен беше третиот сет, кој се играше […]

Хан: Подготвен сум и лично да го поддржам референдумот


Решението на спорот за името меѓу Скопје и Атина ќе има големо значење за целиот регион. Подготвен сум и лично да го поддржам успешниот референдум, вели Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за виенски „Стандард“. – Во септември или октомври ќе има референдум и јас се понудив на лице место да се заложам за […]

Британски експерт: Договорот меѓу Скопје и Атина е фер и избалансиран


Договорот меѓу Скопје и Атина за новото име на Македонија е фер и избалансиран, и претставува многу важен чекор, изјави експертот за Југоисточна Европа од Лондонската школа за економија и политички науки, Џејмс Кер-Линдзи. – Како некој што се занимава со Западен Балкан и кој премногу посакува да го види Западен Балкан во ЕУ, знам […]

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија


Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечерва во 20 часот. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена […]

Автопатот од Приштина стигна до Скопје


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ја пушти во употреба третата делница од автопатот Приштина-Скопје, во должина од 11 километри, до селото Доганај во близина на Качаник, јави дописникот на МИА од Приштина. На свеченоста, меѓу останатите, присуствуаа повеќемина амбасадори акредитирани во Косово, министри во Владата, претседателот на косовското Собрание, Кадри весели, раководители на институции и претставници […]