Чадот од пожарот на Жеден се спушти до Скопје (видео)


Зачаденоста на Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, во близинана селото Бојане, и од тетовска сега се префрла на скопска страна, потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Тој со хеликоптер го надлета Водно и потврдува дека ништо не гори на планината до Скопје.  Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево Ангелов преку видео-порака. […]

На денешен ден пред 97 години, Скопје било погодено од големата поплава


Ноќта меѓу 22 и 23 август 1929 година, Скопје било погодено од голема поплава предизвикана од обилните врнежи во Скопската Котлина. Според извештајот објавен непосредно по настанот, најкритично било околу 21:30 часот. Водата од северните и северозападните делови на котлината се движела кон Радишани и Бутел, а потоа се разлевала кон Чаир, Топанско Поле и […]

Скопје ги следи сите службени возила со GPS: Ѓорѓиевски најави поголема контрола на трошоците


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ систем за мониторинг, со цел да се намалат трошоците и да се спречат можни злоупотреби. Преку системот во реално време се следат локацијата на возилата, нивната маршрута, брзината, […]

Мицкоски го брани законот за „Скопје 2028“. Тој барал да се повлече од Собранието


  Јавноста се дезинформира. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата и на невладиниот сектор во врска со реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“. Тој денеска изјави дека проектот започнал пред десет години, но не бил реализиран. Скопје беше избран за престолнина на европската култура за 2028 во 2023 година […]

Доцнат решенијата за данок на имот во Скопје, но затоа ќе натежнат


Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, […]

Грузија победник на осмото издание на Фолк фест Скопје 2026


Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, […]

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко


Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга […]

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје (фото)


Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути. Од ветрот граѓани не можеа да се движат по улиците, а и беше опасно од прашината, дрвјата што паѓаа и разните предмети. На тоа уследи обилен дожд  кој ги прекри улиците. Голема […]

(Галерија) Скопје на плус 38 степени: На скопските улици е како под вршник


„Скопје има микро клима“, е познат рефрен од легендарната музичка нумера на „Леб и сол“, еден од нашите најпознати бендови. Еден дел од тој рефрен, оној што се однесува на „изгор лето“ е актуелен деновиве, надвор е како под вршник, иако температурите кои официјално се презентираат, тоа можеби и не го потврдуваат. Скопје памети и […]

Биста на Махатма Ганди ќе биде поставена во Скопје


Биста на Махатма ганди, кој се смета за татко на нацијата во индија, во догледно време ќе биде поставена во Скопје, а е донација од Амбасадата на Индија, соопшти денеска скопскиот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.    Тој вели дека денеска се сретнал со со делегација од Амбасадата на Република Индија, предводена од ополномоштениот амбасадор на Индија […]

Поплавени улиците во Кисела Вода: Орце не ја подготвил – сега го „спасува“ Скопје


  Силниот дожд попладнево во Скопје, кој траеше подолго време, ги наполни скопските улици со вода, а атмосферската канализација ретко каде можеше да ја собере сета вода.  Според објавите на социјалните мрежи, Кисела Вода има најмногу поплавени улици, а за тоа граѓаните го информираат и градоначалникот на Скопје, кој пред да седне на функцијата беше […]

Жештините го земаат данокот: Утрово повеќе колапси на јавни места во Скопје


Високите температури веќе ги земаат првите жртви. Само утрово, Брзата помош во Скопје интервенирала во повеќе случаи на колапс на јавни места, а значително е зголемен и бројот на повици од граѓани кои побарале медицинска помош. Доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје изјави за МИА дека утрово се евидентирани повеќе од пет колапси […]

Скопската вода е безбедна за пиење


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа.   […]

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред


Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. -По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно […]

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје – гарантира стабилно снабдување


 По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби. Министерката за енергетика, рударство […]

Од Кисела Вода, Ѓорѓиевски почна генералка на Скопје


Од Кисела Вода, каде до вчера беше градоначалник, таткото на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги спрегна јавните комунални претпријатија да ги исчистат и измиојат булеварите, да постават метални столпчиња за да не се узурпираат тротоарите со возила, да ги искосат тревите, да ја ископаат земјата налегната на тротоарите со години… Бројни работници на „Комунална хигиена“, […]

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен


  Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година.  Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти […]

Исчистен одронот на патот Катланово – Велес, сообраќајот нормализиран


Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти – соопшти денеска АМСМ.  Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во […]

Истражување: Како изгледа економската слика на главните градови на поранешна Југославија


Во регион кој беше една земја четири и пол децении, денес шесте главни градови доживуваат различни демографски и економски трендови што го обликуваат нивниот развој. Економските гранки што доминираат во овие шест градови се силно поврзани со статусот на нивната земја во регионалната и глобалната економија. На пример, во Љубљана и Загреб, услугите, ИТ секторот, […]

Дарко Митровиќ го изваде светиот крст од Вардар во Скопје


Скопјанецот  Дарко Митровиќ беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар. На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 граѓани, од кои едно беше […]