СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех за почеток на преговорите во јуни 2019


Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех. Се поочигледна е неразбирливата нервоза за постигнатиот успех на Македонија којашто се манифестира во нивните изнесени лажни вести и измислици. Македонија доби кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе започнат во јуни 2019, се вели во соопштението на СДСМ. „Очигледно е дека […]

СДСМ: Иванов е должен да одговори за што ги троши парите на граѓаните


Наместо да се крие зад соопштенија Иванов треба пред граѓаните  да одговори за што ги троши нивните пари. Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните? Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери, се вели во соопштението на СДСМ. […]

СДСМ: ЕУ го препозна, само Мицкоски не се израдува на успехот на Македонија


Европската унија го препозна, го поздрави и го награди напредокот во изминатата година. Во заклучокот од Советот на ЕУ јасно е наведено дека „Советот се согласува позитивно да одговори на наведениот напредок“ на Македонија и го поставува патот кон “отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година“. Јасно е се. Одлуката е донесена: Вратите за Македонија за […]

СДСМ: Мицкоски потврди дека Договорот го гарантира македонскиот идентитет


Христијан Мицкоски денеска индиректно потврди дека македонскиот идентитет е обезбеден“, се вели во соопштението на СДСМ. „Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија попладнево Мицкоски призна дека согласно Договорот „ние ќе бидеме Македонци“ со што паѓаат во вода сите измислени и неаргументирани изјави и прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ. Го охрабруваме Мицкоски, својата конфузија да […]

СДСМ се сомнева како Мицкоски станал професор


  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го прозва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека професионалната кариера ја изградил благодарејќи на неговиот татко. Според пратеникот Костадин Костадинов, Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко Иван, етаблиран професор на Машинскиот факултет. „Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Да, од толку многу професори Мицкоски бил […]

СДСМ: Договорот за името е патриотски чин, Иванов ја кочи македонската иднина


Ѓорге Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина, се вели во денешното соопштение на СДСМ. „Во клучниот период кога земјава е пред шанса за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и пред шанса за добивање покана за влез во НАТО, Иванов продолжува со деструктивните политики […]

СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО – ДПМНЕ


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста, соопштуваат од партијата. „Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот. СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија. СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција […]

ВМРО-ДПМНЕ: Сугарески и Владата на СДСМ да не се китат со туѓи перја


„Крајно време е Горан Сугаревски и Владата на СДСМ да престане да се кити со туѓи перја, и проекти започнати и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој наместо средби со градоначалници и пресови на кои промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги засука ракавите и да се фати за работа“, велат денеска од партијата на […]

СДСМ: Собранието денеска кажа ДА за македонската иднина


Собранието кажа ДА за македонската иднина, се отвораат перспективите, поканата за влез на Македонија во НАТО е ставена на дневен ред. Конечниот Договор за решение на 25-годишниот спор што ја влечеше земјава надолу ги отвора евроатланстските перспективи, се вели во соопштението на СДСМ. „Веста дека Северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го осуди насилството, говорот на омраза и нападите врз новинари и полицајци


СДСМ преку писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не го осуди вчерашното насилство пред Собранието, ниту пак спомна нешто за нападите од насобраната толпа кон новинарите, снимателите и кон полицајците коишто го одржуваа јавниот ред и мир и се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ не го […]

Запален автомобил на пратеник на СДСМ


Запален е автомобилот на прилепскиот пратеник од редовите на СДСМ, Хари Локвенец. Инцидентот се случил вчера околу 23 часот, потврдуваат од полицијата. Изгоре возило „мини купер“, сопственост на таткото на пратеникот. Кратко пред да се случи инцидентот, објавени беа фотографии од потпишувањето на договорот за името со Грција во Преспа, каде присуствуваше и тој. Од […]

СДСМ: Граѓаните последниот збор ќе го имаат на референдум!


Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси. Нема дилеми, договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет, сметаат во СДСМ. „Никој повеќе да не оспорува или негира македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка. Тие се обезбедени еднаш засекогаш. Договорот […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина


Македонија веќе нема генерации за губење, ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже ДА, за македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш,  се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. „Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да […]

Арачиново по историската победа на СДСМ


Арачиново е општината која испиша нова приказна. Првпат по осамостојувањето на Македонија, изборите во оваа општина ги освои македонска партија. СДСМ победи на предвремените парламентари избори во декември 2016 година, а потоа и на локалните во октомври минатата година. Она што албанските партии сите овие години не можеа да го направат, градоначалничката на Арачиново од […]

СДСМ:Ново олеснување за граѓаните, закон за отпишување на камата за наплата на долгови


Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и останатите парламентарни партии постигнаа консензуз за предлагање и усвојување на Закон за отпишување на камата за наплата на долгови, Закон што ќе го олесни функционирањето на граѓаните и ќе им заштеди дополнителни трошоци. Владејачката СДСМ  соопштија дека се борат  да обезбедат неселективни и поволни услови за подобар живот на […]

Зошто познатите лица на СДСМ бегаат од парламентот


Една од првите обврски што треба да ги заврши новиот состав на Државната изборна комисија, откако ќе биде избран, е верификацијата на мандатот на новиот пратеник на СДСМ. Тој би дошол на местото на Петар Атанасов, за кога, пак, е резервирано заменик-министерското место во ресорот „образование и наука“, кое не беше пополнето минатиот петок само […]

СДСМ: Мицкоски за советувањата на Груевски добил речиси два милиони денари


Без никаков срам Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните дека за периодот додека го советувал Никола Груевски не добивал пари. Јавно објавените документи во медиумите покажуваат дека додека Мицкоски му бил советник на Груевски, за неговиот ангажман граѓаните платиле речиси 2 милиони денари, се вели во соопштението на СДСМ. „Се потврди она што граѓаните веќе го […]

СДСМ: Лажна е информацијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија денес се задолжила


ВМРО-ДПМНЕ не престанува со лажните вести, со денешната аукција нема ново нето задолжување се вели во реакцијата на СДСМ. „Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за задолжувања кога токму таа партија за 11 години владеење тројно го зголеми јавниот долг само за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и фамилијата“, стои во реакцијата. Според […]

Заев ќе оди на избори само ако му се приближи Мицкоски


Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема голема возбуда по фрлената ракавица од опозицијата за свикување вонредни парламентарни избори што би се одржале во април идната година, заедно со претседателските. Сметаат дека во моментов се во комотна позиција кога е во прашање партискиот рејтинг, како и на лидерот и премиерот Зоран Заев, поради што фокусот е […]

СДСМ: Мицкоски не може да понуди ништо освен оцрнување


Целото политичко делување на Христијан Мицкоски се заснова на одбрана на криминалот и следење на поразените политики на неговиот претходник Никола Груевски, се вели во соопштението на СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква идеја, ниту план и програма, освен неосновано, лично да го оцрнуваат и клеветат Зоран Заев. Мицкоски е единствениот политичар кој сопственото обраќање […]