Што го нагриза рејтингот на СДСМ – аферите или договорот?


Не само договорот за името, кој очекувано наиде на поделени реакции кај етничките Македонци, туку и аферите поврзани со членови на извршната власт кои неочекувано почнаа да испливуваат на површина, според политичките набљудувачи, се некои од клучните причини за благиот пад на рејтингот на СДСМ, како главна владејачка партија, наспроти повоочливиот   пораст кај ВМРО-ДПМНЕ. Иако […]

Јакимовски – појак од судбината, но не и од истрагата


Кога пред неполна седмица камерите на една телевизија го уловија Стевчо Јакимовски како навидум безгрижно шета низ улицата „Македонија“ во друштво на поранешниот премиер Никола Груевски, некогашниот градоначалник на Карпош можеби не претпоставувал дека набрзо потоа во неговиот дом ќе влезе полицијата со налог за претрес. И дека ќе ја помине ноќта во полициска станица […]

СДСМ и МРТ – нетрпеливост без крај


Речиси една и пол година по смената на власта, во МРТ владее истото раководство што СДСМ додека беше во опозиција го обвинуваше за пристрасност и необјективност и бараше негова смена. Сега, СДСМ, од позиција на владејачка партија, бара оставки од програмскиот совет, директорите и уредниците во јавниот сервис, а најнов повод за тоа е отворената […]

СДСМ: Времето на криминални тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција


Криминал, провизии, политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат по јасни услови, транспарентни критиериуми и фер пристап за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар […]

Кабинет на Иванов: СДСМ со манипулации прави притисок врз претседателот


Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов најостро ги отфрла тврдењата на пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, и соопшти дека тие се „големи лаги и манипулација со цел да се дефокусира јавноста“. „Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и […]

Граѓаните на референдумот ќе кажат „да“ за Договорот со Грција


СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните. На 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата, соопштија од СДСМ. „Се […]

СДСМ веќе не чека поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за референдумското прашање


СДСМ веќе не очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за референдумското прашање, во кое во секој случај ќе биде посочено дека договорот со Грција е постигнат со цел деблокада на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, вели за Независен весник висок функционер на владејачката партија. Сепак, од опозицијата се очекува да донесе одлука дали ќе […]

СДСМ: Нема поголем криминал од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ


Не постои поголем криминал во историјата на Македонија од 11 годишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал и неспособност, соопштија од СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ најбогатата партија во Европа со имот вреден 60 милиони денари секојдневно шири лажни вести и измислици, глумејќи загриженост за граѓаните, истите оние граѓани кои 11 години ги крадеше, […]

Избори со референдум – последен адут за цензус


Партиите се пикнаа во своите ровови и подготвуваат стратегија пред клучната лидерска средба, која ќе се одржи во понеделник. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се сретна во четвртокот вечерта, а најавени се интензивни разговори и за време на викендот. Од тие причини е откажан митингот во недела во Кичево со образложение дека нема логика на протестот […]

СДСМ:Одлуките на граѓаните на референдумот ќе бидат обврзувачки и неприкосновени


Со постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција се отстрани и последната пречка Македонија да добие покана за членство во НАТО и да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во 2019 година. Со договорот Македонија добива иднина, а граѓаните на Македонија добиваат чист терен за подобар живот, соопштија од СДСМ. „Прашањата за членството во […]

По два часа разговори, лидерите на пауза


По двочасовни разговори, лидерите на четирите партии што учествуваат на лидерската средба во Клубот на пратеници, заминаа на пауза. Тоа се толкува како позитивен знак, бидејќи никој од присутните не го напушти состанокот како што тоа беше при првиот обид вчеравечер. Сепак, дали ќе има договор околу спорните прашања се уште не може да се […]

Кирацовски: Со членството во НАТО се остварува стратешкиот и национален интерес


Нека ни е честит уште еден голем, значаен, историски успех. Македонија доби покана да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, да стане рамноправен партнер на демократските и развиени земји. Ова е остварување на нашиот врвен стратешки и национален интерес, поставен уште од осамостојувањето, подвлече генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. „Се остварува заложбата на сите досегашни […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за да се изберат членови на ДИК, амнестија нема да има


ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО. Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да го кочи изборот на ДИК


СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека продолжува со деструктивните политики на штета на граѓаните и државата. Како што велат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите и се обидува да го кочи напредокот на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО. „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ последниов период намерно блокира неколку собраниски комисии на кои се расправа за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и постапката […]

СДСМ: Бадијала сонува Мицкоски


Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ по повторениот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се амнестираат осудените или осомничените за настаните на 27 април минатата година. „Наместо да им […]

СДСМ: Иванов работи против интересите на државата и волјата на граѓаните


Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста, ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Република Македонија, реагираат од СДСМ на изнесениот став на Иванов дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на Договорот со Грција. Од партијата истакнуваат дека со постигнатиот Договор се става крај на 25-годишниот спор, […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика членовите на референдум наместо да шири невистини


Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум, се вели во соопштението на СДСМ. „Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целосно е нејасно кој […]

СДСМ: Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи


Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи, Македонија оди напред, никој нема да ја закочи македонската иднина. На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес-конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи и настапуваат само со ширење невистини и клевети не може да се покрие […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да ги поздрават добрите вести за земјава


Македонија добива покана за членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да ги поздрават добрите вести за земјава. Република Македонија на следниот Самит добива покана за влез во НАТО. СДСМ им честита на граѓаните. Заедно успевме да го обезбедиме местото на Македонија во НАТО. Тоа е историски успех за Македонија, за сите нејзини граѓани. Македонија […]

Престројувања во редовите на СДСМ: Бучковски се враќа дома


Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, скоро десет месеци чека одговор од надзорниот одбор на владејачката партија за негово враќање во „старото јато“, од каде што беше исклучен пред локалните избори во 2013 година. Бучковски, според нашите информации, го поднел барањето за враќање во СДСМ есента минатата година, но надзорниот одбор, на чие […]