(Видео) Филипче: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се […]

СДСМ: „Сè може да чека, само авионот не“


СДСМ ја ккритикува Владата на Христијан Мицкоски поради најавите за набавка на нов владин авион, оценувајќи дека власта покажува погрешни приоритети и дека, како што велат, избира луксуз за функционерите наместо подобар животен стандард за граѓаните. Од партијата се повикуваат на изјавата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, дека идејата за нов владин авион не […]

СДСМ бара да биде објавен извештајот дека водата во Гостивар е исправна за пиење


Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени – истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција. Таа посочи дека […]

СДСМ: Власта ги извиси земјоделците, во време на СДСМ откупната цена на ајварката беше 50 денари


Власта на Мицкоски ги извиси и ги  изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка. Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина, се наведува во соопштението на СДСМ. Од СДСМ веласт дека договорената цена што Серафимовски сака да ја прикаже како некаков успех е далеку […]

СДСМ: Владата склучила договор вреден 100.000 евра за вода со „Кожувчанка“


Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, обвинува денеска опозициската СДСМ. „Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. […]

СДСМ бара вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес конференција побара итно да се спроведе вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно да се објават резултатите од физичките анализи, матност, мирис… како и хемиски анализи за нитрати, нитрити, амонијак, микробиолошки анализи и анализи за хлорирањето. Тој исто така побара и политичка […]

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме, власта врши системски пристисок врз судството


Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива. Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта, оценува […]

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра


Опозициската СДСМ во соопштение до медиумите обвини дека поради политиките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ државата губи милијарди евра. „ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра“, се вели во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ додаваат […]

Пцости и навреди во Собранието, СДСМ бара извинување од Мицкоски и Стоилковиќ


  СДСМ побара извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, како и реакција од претседателот на Собранието Африм Гаши, поради навреди и непримерно однесување кон пратеници на опозициската партија за време на собраниската седница. СДСМ свикаа и вонредна прес-конференцијата, бидејќи случувањата во Собранието, според нив, биле надвор од сите демократски критериуми, […]

СДСМ и Левица не ја „купуваат“ приказната на власта за дијаспората


  Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) повторно порача  дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку се против неконтролирани модели на гласање кои можат да отворат простор за изборни злоупотреби. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја излажат јавноста преку прашањето за измените на Изборниот законик. […]

СДСМ: Реконструкцијата на Владата козметичка промена, нè очекуваат предвремени избори


Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – […]

Филипче: Мицкоски тргна по стапките на Груевски и сака да ги контролира изборите


  Предлогот на Изборниот законик е на пат да пропадне затоа што две опозициски партии, СДСМ и Левица, најавија дека ќе го блокираат со механизмите што им се на располагање. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, рече дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не […]

Стојчевски: Под казна ме префрлија на 100 км подалеку од моето работно место


Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Сточјевски, денеска на прес-конференција обвини за класичен партиски реваншизам и притисоци врз младите во институциите. Сточјевски изјави дека лично се соочил со рестриктивни мерки поради неговите јавни политички ставови и критички однос кон извршната власт. „Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи […]

„Како да го донеле Дејвид Гета“: СДСМ прашува колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица


Опозициската СДСМ со соопштение до медиумите реагира на вчерашната прослава на владејаќката ВМРО-ДПМНЕ по повод 36 годишнината од основањето, прашувајќи колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица? „300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги […]

СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години“ – нова должничка замка, а нема развој


Опозициската СДСМ преку соопштение реагираше на најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во наредните 10 години ќе се инвестираат 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти, оценувајќи дека не станува збор за развојна стратетија, туку за должничка замка. „Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија […]

СДСМ го одржува 32. Конгрес


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – […]

Утре СДСМ ќе го одржи 32. Конгрес, нова идеолошка платформа и програмска рамка


Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес на СДСМ, најавија од партијата.  „32 Конгрес е за новата идеолошка платформа и програмска рамка на СДСМ кои во финална фаза треба да бидат усвоени“, велат од СДСМ. Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресоткаде што ќе има обраќање […]

(Видео) Воведни обраќања, „Скопската иницијатива“


  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска е биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Настанот започнува во 10:00 часот, со воведни обраќања, меѓу кои и на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Даша Шашиќ Шиловиќ од Корчуланската […]

СДСМ ќе ја промовира „Скопската иницијатива“ на меѓународна конференција


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Како што информираат од СДСМ,  иницијативата ја покренал претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел заедничко дејствување на прогресивните сили во борбата против авторитарните трендови, […]

Пратениците од владејачката коалиција дадоа виза за задолжувањето од 260 милиони евра, за опозицијата ова е почеток на финансиска агонија


Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Како што рече заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, заемот ќе се користи за општи буџетски потреби, за финснсирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, […]