СДСМ прво ќе решава дали да има нов премиер


Владејачкиот СДСМ в петок ќе одлучува дали наскоро ќе има седница за распуштање на парламентот или престојаните избори ќе бидат само редовни и претседателски. Веднаш по враќањето на лидерот Зоран Заев од Давос, ќе заседава централниот одбор на партијата, иако неформалната дебата во СДСМ за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е веќе […]

Заев ги тестира Пендаровски, Димитров, Шекеринска и Спасовски


Оваа недела ќе имаме сериозни разговори, и во рамки на нашата партија и во рамки на владејачката коалиција околу тоа дали ќе одиме и на предвремени парламентарни избори, односно кој ќе биде нашиот кандидат за претседател на државата, порача вчера вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа вели дека, како човек кој има позиција […]

Џафери има време да распише предвремени избори до 20 март


Во Социјалдемократскиот сојуз и натаму траат консултациите и разговорите во раководните органи на партијата дали да се оди на предвремени парламентарни избори. Сè погласни се гласовите „за“, односно да се прифати барањето на опозицијата и на 5 мај, заедно со вториот круг од претседателските избори, да избираме и пратеници, односно нова влада. Изминатата недела се […]

СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџии


Пратеничката групана СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџии. Од владејачката партија велат дека се залагаат за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение. „Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и […]

СДСМ чека Заев да се врати од скијање и да пресече


По кусата средба во Приштина со косовскиот колега Рамуш Харадинај, македонскиот премиер Зоран Заев замина на еднонеделен зимски одмор во Германија. Неговото враќање е предвидено во недела вечер, по што би требало да биде познат и одговорот од социјалдемократите на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. Во моментов, веројатно, само тој знае дали пролетва […]

СДСМ се мисли за избори, се плаши да не згреши како во 2005 година


„Да не ја пропуштиме шансата како во 2005 година кога бевме на власт, а не спроведовме предвремени избори, па наредната година изгубивме на редовните“. Вака размислуваат во Социјалдемократскиот сојуз по барањата што им ги достави ВМРО-ДПМНЕ за распишување вонредни парламентарни избори, кои би се одржале заедно со претседателските кон крајот на март или почетокот на […]

СДСМ: Готово е, имаме мнозинство


Од владеачката СДСМ тврдат дека се надминати недоразбирањата со Беса. Нивните барања, во моментов, нема да бидат прифатени, но подоцна ќе бидат опфатени со законски решенија. Со тоа, власта го обезбедува потребното мнозинство од 80 пратеника за прифаќање на уставните измени. „За“ ќе гласа и Панчо Минов, а неизвесно е дали ќе им е се […]

На „Бихаќска“ си играат со власта заради амнестиите


Најновите измени во Кривичниот закон, со кој ќе се амнестира и економскиот криминал направен за време на поранешната власт, го докрајчи и највоинственото крило кај социјалдемократите. Верувањата во правната држава се распрснуваат од ден во ден, а најтрагично е што никој не може со сигурност да каже дека е допрено дното. Незадоволство му било искажано […]

Димитров и Пендаровски – противкандидати во СДСМ?


Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, би требало да бидат противкандидати во „претседателскиот ринг“, ако се суди според последната анкета на МЦМС, која токму нив двајцата ги промовира како најпопуларни во своите табори. Пласирањето на оваа анкета, всушност, го врати во игра името на Заев како потенцијален кандидат за преселба […]

Охрид ќе им го измери рејтингот на Заев и на Мицкоски


Веќе следната недела се очекува Охрид да добие градоначалник, кој ќе ја извршува должноста до распишувањето на вонредните избори, кои најверојатно ќе се одржат на истиот ден како и претседателските. Градот полека закрепнува по огромната загуба: смртта на актуелниот градоначалник Јован Стојаноски, кој минатиот викенд почина на 48-годишна возраст. По деновите на тага, политичките елити […]

Срушен „космосот“ на ДУИ и СДСМ во Дебар


Понеделничкиот ден во Советот на Општина Дебар беше како надреална претстава. Алијансата за Албанците, чиј лидер Зијадин Села за малку смртно ќе страдаше во Собранието од „долгата рака на ВМРО“, склучи советнички пакт токму со ВМРО-ДПМНЕ и Беса и избра в.д. градоначалник од своите редови по смртта на Ружди Љата од ДУИ. Во изборот на […]

СДСМ: Иванов потврди дека Борис Јосифовски бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април


„Судските постапки и доказите ќе одредат дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов“ реагираа од СДСМ, по обраќањето до јавноста на шефот на државата. „Согласно доказите и транспарентната судска постапка, надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Ѓорге Иванов. […]

СДСМ: Што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување?


Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што знаеле за нелегалното прислушување, бараат од СДСМ. „Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за опрема за прислушување во Јавното обвинителство поставена уште во 2013 година, кога токму таа партија имаше апсолутна власт во државата. Наместо да прераскажуваат недолични фрази на Груевски, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и […]

Време на промени – и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, најави кадровски промени во својот кабинет, а неофицијално не се исклучува можноста и за реорганизација во владејачката партија. Неговиот главен опонент Христијан Мицкоски, пак, се враќа од самитот на ЕПП во Хелсинки со опомена поради досегашната неконструктивност во однос на спроведувањето на договорот од Преспа и кочењето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Костадин Костадинов ја вработил мајка му во Централниот регистар на Струмица


Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица, тврди ВМРО-ДПМНЕ. „Според она што го објавуваат медиумите за огласот на кој е вработена неговата мајка Фенија Костадинова, платата е 25.000 денари, а како услови за аплицијарње се наведува завршено средно образование […]

СДСМ конечно „најде“ портпарол


Пратеникот од Струмица, Костадин Костадинов, е новиот портпарол на СДСМ. Иако во последните неколку месеци беше најчест говорник на прес-конференциите на СДСМ, кои неретко ги одржуваше пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов сè до вчера не фигурираше официјално како портпарол на владејачката партија. Ова место точно една година беше празно во партиската централа на „Бихаќска“ откако […]

Пратеникот Костадинов стана портпарол на СДСМ


Пратеникот Костадин Костадинов и официјално е назначен за портпарол на СДСМ. Младиот струмичанец (28) изминатиот период речиси секојдневно излегуваше на прес-конференции, со што практично, и се експонираше како гласноговорник на партијата на власт. Во неговата кратка биографија е наведено дека дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот ФОН во Скопје. Лани започнал со постдипломски студии, насока […]

СДСМ го гаси пожарот од „маслиновото гранче“


Социјалдемократите и вчера беа силно ангажирани во покривање на штетите од фрленото „маслиново гранче“ кон опозицијата од премиерот Зоран Заев на собраниската седницата за владиниот предлог за пристапување кон уставните измени. Пораките за простување и помирување, кои упатуваа на понуда за амнестија за настаните на 27 април, со оглед на околностите во Собранието околу потребата […]

СДСМ: Предвремени избори ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со блокади


„Доколку врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжат со деструктивното однесување, единствен излез се предвремени избори организирани веднаш на кои граѓаните ќе одлучат за иднината во ЕУ и НАТО“ се наведува во соопштението од СДСМ. „Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека не можат да побегнат од волјата на граѓаните. Јасно изразената волја на мнозинството граѓани […]

СДСМ: Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски


Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и избега од јавноста, но од волјата на граѓаните не може да избега Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО. Со однапред снимени […]