СДСМ: Иванов да одговори со кои пари син му купил станови


Партискиот послушник Ѓорге Иванов, како и во изминатите години, и денеска молчи. Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори со кои пари син му купил два стана на најатрактивна локација во Скопје кога не е вработен, велат од СДСМ. „Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени […]

Никола Андонов e кандидат на СДСМ за градоначалник на Ново Село


Никола Андонов, познат стопанственик од село Колешино, е кандидат за градоначалник на општина Ново Село од редовите на СДСМ на претстојните локални избори што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Одлуката е донесена денеска на средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со општинското раководство и евидентираните кандидати за градоначалник. Во Ново […]

Социјалдемократките маршираа под слоганот „Еднакви! Можеме!“


„Еднакви! Можеме!“ беше слоган на традиционалниот марш што се одржа денеска по повод Меѓународниот ден на жената во организација на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Маршот, што почна пред зградата на ЕУ инфо центарот и продолжи низ улиците во центарот на Скопје, се заокружи со собир во Градскиот парк. „Жената не го […]

Пендаровски тргна со концептот „Македонија за сите“


Пет години подоцна, Стево Пендаровски и официјално влегува по вторпат во трката за шеф на државата. Неговата номинација беше потврдена вчера на истата локација како и во 2014 година, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, но во драстично променет политички амбиент во земјава. „Се случија промени, се вратија надежта и демократијата во државата. Не е […]

Професорот доби втора шанса да се качи на Водно


Иако договорен уште во средата на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедничкиот кандидат за претседател на коалицијата на власт се држеше до тајност до последен момент. Сепак, информациите што полека почнаа да испливуваат укажуваат дека професорот Стево Пендаровски ќе ѝ се спротивстави на колешката Гордана Силјановска- Давкова на изборите […]

Ново мнозинство или големо проветрување на „Илинденска“


Сериозни кадровски промени по претседателските избори, односно на двегодишнината од преземањето на власта планира СДСМ, според неофицијални информации од партијата. На таа тема веќе се разговарало во најтесното партиско раководство, при што било проценето дека е неопходна потемелна реконструкција во извршната власт, односно не само во владиниот кабинет туку и во третиот ешалон. Кадровските промени, […]

СДСМ сè уште бара кандидат. Кругот се стеснува меѓу Димитров и Пендаровски?


Појасна ситуација околу тоа кој ќе биде противкандидатот на Гордана Силјановска во претседателската трка се очекува следната недела, откако ќе завршат разговорите на СДСМ со коалициските партнери и со дел од опозициските партии од албанскиот блок за заеднички настап на изборите. По вчерашната средба во Клубот на пратениците меѓу лидерите на СДСМ и на ДУИ, […]

Која е Мира Стојчевска: Ретко се јавува за збор, се прослави со дизелот и патарините


Скандалите со државни вработувања на членови на семејствата на функционери од владејачките партии не запреа ниту вчера. Повторно во центарот на вниманието е пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, која, по вработувањето на синот и на братот во ЕЛЕМ, беше „обвинета“ за нов случај на непотизам, затоа што нејзиниот сопруг е назначен во в.д. командир на […]

Двојни избори, само ако не успеат претседателските


Извршниот одбор на владејачкиот СДСМ ја затвори опцијата за предвремени парламентарни избори заедно со вториот претседателски круг на 5 мај годинава. Според наши информации, на ова прашање му биле посветени едвај неколку минути во дискусијата на седницата на ИО во вторникот доцна вечерта, со оглед на тоа што и во расправата во централниот одбор, пред […]

СДСМ: Нема предвремени парламентарни избори


Извршниот одбор на СДСМ вечерва одлучи да не се оди на предвремени парламентарни избори. „ Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата. Веќе сме во НАТО, и одговорна партија не би го загрозила датумот за отворање преговори со ЕУ, не би ги застанала […]

Синот и братот на Стојчевска заедно тргнаа на работа


Од ВМРО-ДПМНЕ изразија загриженост за пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, која преку медиумите разбрала дека нејзиниот син Виктор конкурирал за државна работа во ЕЛЕМ и притоа ја добил. Најголемата опозициска партија реши да и помогне на Стојчевска и да и соопшти оти и нејзиниот брат добил државно вработување во РЕК Битола. „Еве и шанса на […]

Социјалдемократи на Северна Македонија, ново име на СДСМ?


Социјалдемократи на Северна Македонија (СДСМ) или само Социјалдемократски сојуз (СДС) – се двете можни варијанти за промена на називот на владејачката партија, согласно со новото име на државата чија примена почнува од оваа недела. Не е исклучено веќе на априлските избори за шеф на државата СДСМ да настапи со модификувано име. Висок партиски функционер во […]

Димитров за претседател, Шекеринска и Пендаровски министри?


Никола Димитров да биде кандидат за претседател, Радмила Шекеринска да го заземе неговото место во Министерството за надворешни работи, Стево Пендаровски да се трансферира во Министерството за одбрана, а Оливер Спасовски да остане „прв полицаец“. Ова е една од варијантите за која се размислува во Социјалдемократскиот сојуз откако овие четворица истакнати претставници на власта искажаа […]

ВМРО бара ОБСЕ да гарантира за изборите


ВМРО-ДПМНЕ бара ОБСЕ да го зголеми бројот на набљудувачи за време на претседателските избори во земјава, со што би се спречило евентуалното полнење кутии. Во најголемата опозициска партија стравуваат дека власта подготвува фалсификат на волјата на граѓаните особено што не се прифаќа нивното барање за предвремени парламентарни избори, кои би придонеле за засилен мониторинг на […]

Претседателската трка може да почне


Претседателот на парламентот Талат Џафери денеска доцна попладне, како што е најавено, треба да ги распише шестите претседателски избори, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, за што ДИК треба да донесе роковник. Првиот круг, според најавите, треба да се одржи на 21 април, а втората и одлучувачка рунда на 5 […]

„Сватовите“ се скараа пред венчавката


Додека се чека спикерот Талат Џафери да означи старт на претседателската трка, станува сè по извесно дека меѓу двете владејачки партии нема консензус за настап со консензуален кандидат на претстојните избори. „На туѓа свадба непоканет не одам“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за вториот канал на МТВ коментирајќи зошто неговата партија ја […]

Колку кандидати на власта ќе влезат во изборниот ринг?


ЛДП е четвртата партија од владејачката коалиција која најавува можен самостоен настап на претстојните претседателски избори, откако во текот на викендот таква можност навестија и две помали партии на етничките заедници што се дел од парламентарното мнозинство. Додека во главната владејачка партија се сумираат сè уште резултатите од анкетите и се чека размислувањето на базата, […]

СДСМ објави отворен повик за кандидати за претседател на државата


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на својата на веб страницата објави отворен повик за самокандидрање на кандидати за претседателски избори 2019 година. Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и […]

Баукот со цензусот повторно кружи низ Македонија


Владејачкиот СДСМ, веројатно, до последен момент ќе одлучува околу својот кандидат за шеф на државата, пред конгресот најавен за 3 март. Овој датум беше определен на неодамнешната седница на Централниот одбор, иако, наводно, имало размислувањаи конвенцијата да се одржи десетина дена подоцна, со оглед на тоа што кандидатурите треба да се достават до ДИК 30 […]

ДНК игрите на ДУИ: „Мелез“ или „чистокрвен“ за шеф на државата?!


Во екот на лицитирање со евентуалните можни кандидати на владејачката гарнитура за иден шеф на државата, јавниот простор дополнително се контаминираше со сознанието дека ДУИ инсистирала заедничкиот кандидат со СДСМ да има некаков албански корен во своето семејно стебло. Во провокативната тема деновиве беше вовлечен и угледниот професор Денко Малески, кој доби јавна поддршка од […]