САД побарале од Јапонија да и препушти на Европа дел од набавениот гас


Јапонија– Јапонија ќе ги разгледа сите опции за помош на меѓународната заедница во случај на потреба поради украинската криза, што може да го прекине снабдувањето со гас, изјави денеска министерот за индустрија Коичи Хагиуда, со што имплицитно ја навести можноста за препуштање на дел од пратките со гас за Европа. Јапонската агенција Џиџи вчера јави […]

Како Американците го убија водачот на ИСИС во Сирија


  АТМЕХ, Сирија – Водачот на група Исламска држава е убиен за време на ноќната рација во северозападната сириска провинција Идлиб, изјави во четвртокот претседателот Џо Бајден. Нападот беше насочен кон Абу Ибрахим ал-Хашими ал Курајши, кој ја презеде функцијата шеф на милитантната група на 31 октомври 2019 година, само неколку дена откако водачот Абу […]

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид


САД – Американските авиокомпании и туристичките агенции во средата побараа од владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во Соединетите Американски Држави, со цел закрепнување на туристичкиот сектор.   „Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката […]

Во САД пристигна нов снежен бран, откажани стотици летови


 САД- Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотина комерцијални летови. Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата. Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата […]

За САД Бугарија е „доверлив сојузник“


  Американскиот заменик-државен секретар Венди Шерман во телефонски разговор му се заблагодари на бугарскиот премиер Кирил Петков што се однесува како доверлив сојузник на НАТО за време на кризата околу Украина. „Заменик-секретарот Шерман му се заблагодари на премиерот за улогата на Бугарија како доверлив сојузник на НАТО околу ескалациските акции на Русија кон Украина и […]

САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници да ја напуштат Белорусија


САД – САД ги повикаа семејствата на своите државни службеници во Белорусија да ја напуштат земјата, соопшти вчера Стејт департментот, откако се зголемија стравувањата од руска инвазија на соседна Украина. Наредбата дојде неколку часа откако Вашингтон и Москва ги судрија ставовите околу Украина во Советот за безбедност на ОН и откако Вашингтон се закани дека ќе […]

Конгресот на САД близу до договор за закон за санкции против Русија


САД– Американскиот Конгрес е блиску до постигнување договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции против Русија, изјави влијателниот демократски сенатор Боб Мененедез и се закани со „сериозни последици“ за Москва доколку ја нападне Украина. Според него, некои санкции би можеле веднаш да бидат воведени поради она што Русија веќе го направила, како што е, како што наведе, кибер-напад врз Украина. […]

Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД


САД– Повеќе од 1.400 летови во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба.   Според веб-страницата за следење летови FlightAware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1.450 во неделата попладне. […]

„Il sole 24 ore“: САД и Русија се подготвуваат за безмилосна војна за гас


Италија–   Додека Вашингтон и Брисел апелираат до снабдувачите на енергија ширум светот да ветат дека ќе и дадат на Европската унија значителни количини гас во случај на воено засилување околу Украина и прекин на испраката, италијанскиот деловен весник „Il sole 24 ore“ пишува дека САД и Русија се подготвуваат за безмилосна  војна за гас. „САД […]

Амбасадата на САД во Киев ги советува граѓаните да ја напуштат Украина


Украина –   Амбасадата на САД во Украина повторно ги советуваше своите граѓани да ја напуштат државата, поради наводната закана од руска инвазија. „Безбедносната ситуација во Украина се уште е непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без најава. Американските граѓани во Украина треба да размислат за заминување сега, користејќи […]

Шеснаесет затруени со јаглерод моноксид во хотел во Охајо


САД – Седум лица се хоспитализирани и се во критична состојба откако биле затруени со јаглерод моноксид во хотел во градот Мерисвил, Охајо, соопштија денеска локалните власти. Шефот на спасувачката служба Мерисвил, Џеј Рајли за локалните весници изјавил дека изворот на јаглерод моноксид не е познат, но познато е дека сите хоспитализирани билево делот на хотелот […]

(Видео) САД под удар на силна снежна бура: Тоа е „ураган со снег“


Источното крајбрежје на САД од утрово го зафати големо снежно невреме, прв пат по четири години во овој регион. Налетот на бурата се протега од Јужна Каролина сè до Мејн и покрај снежната бура ќе донесе и урагански ветрови во крајбрежните области. Пет американски држави прогласија вонредна состојба, јавува Би-Би-Си. Градоначалничката Мишел Ву од Бостон, […]

(Видео) Се урна мост во САД: Претседателот се упати кон местото на несреќата


Поради тежината од снегот се урнал мост во Питсбург, САД, потврдија градските служби за итна помош. Како што пренесуваат медиумите, во воздухот се чувствува мирис на гас, па на жителите од околните згради им е речено да го напуштат тоа подрачје. За сега се верува дека нема жртви, но четири возила паднале од мостот, а […]

Американската економија лани со раст од 5,7 отсто


Американската економија во 2021 година пораснала за 5,7 отсто, што е најсилен раст од 1984 година, а кон крајот на годината дошло до засилено забрзување на економските активности, покажаа првичните проценки на Министерството за трговија, објавени денеска. Во 2020 година, активностите во најголемата светска економија опаднаа за 3,4 отсто, што е нивен најголем пад од […]

Русија ја остави вратата отворена откако Запад ги одби нејзините барања


  МОСКВА – Русија во четвртокот рече дека е јасно оти Соединетите Држави не се подготвени да ги адресираат нејзините главни безбедносни проблеми, но ја држат вратата отворена за понатамошен дијалог во нивниот ќор-сокак околу Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва, која ги трупа своите сили во близина на Украина, нема да […]

Во одговорот на САД нема никакви отстапки за Русија


  ВАШИНГТОН – Администрацијата на Бајден и НАТО во средата ѝ рекоа на Русија дека нема да има отстапки од САД или НАТО за главните барања на Москва за решавање на кризата околу Украина. Во одделните писмени одговори доставени до Русите, САД и НАТО цврсто се задржаа на политиката на отворени врати на Алијансата за […]

Американските компании се загрижени поради недостиг на работна сила поради Ковид-19


Американските компании ја завршиле годината со силни резултати, но се загрижени за продолжување на инфекциите со Ковид-19, иако се очекува да се намалат проблемите со снабдувањето, покажа студија објавена денеска. Малку повеќе од една третина од економистите на компаниите наведуваат дека најголем ризик за изгледите за раст е зголемувањето на случаите на Ковид-19, пред растот на цените, според кварталното истражување на Националната асоцијација […]

САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница


САД– Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) вчера најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19. Администрацијата на претседателот Бајден во октомври најави дека на патниците од Канада и Мексико од 8 ноември […]

Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест 


САД– Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  – Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат, изјави Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата […]

Илјадници летови во САД и Канада се одложени поради снежно невреме


САД – Обилниот снег и снежните виулици одложија илјадници летови на источниот брег на САД. Поради лошите временски услови илјадници домаќинства останаа без струја. Снежната бура доведе до торнадо на Флорида. Околу 120.000 луѓе останаа без електрична енергија, а најголеми проблеми со струјата има во Западна Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Џорџија. Метеоролозите предвидуваат дека […]