Во САД бојкот на водка и други стоки од руски увоз во солидарност со народот на Украина


Во одговор на руската инвазија на Украина во повеќе сојузни држави најавија бојкот на руски производи во солидарност со народот на Украина подложен на воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  Гувернерот на Охајо, Мајк Девин, синоќа објави забрана на руски увозни стоки во сојузната држава. Слични чеори се најавени […]

САД воведоа санкции против Сбербанк


Американската администрација денеска воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, соопшти Министерството за финансии. Американските институции мора да ги затворат своите сметки во Сбербанк во рок од 30 дена. Сбербанк, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот кредитор на руската економија и банка со најмногу штедни влогови. Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави мерки против втората […]

САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради опасност од напади


Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата. „Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите […]

Вежби на армиите на САД и на Полска во близина на границата со Украина


Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. – Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија, напиша Блашчак на Твитер. […]

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е […]

САД сè уште се отворени за дипломатија со Русија


САД продолжуваат да се надеваат на дипломатско решавање на ситуацијата околу Украина, изјави американската потпретседателка Камала Харис во денешниот говор на безбедносната конференција во Минхен. – Сè уште сме отворени за дипломатско решение. Но, ако тоа не се случи, тогаш ќе има последици. И тие ќе бидат тешки и молскавично брзи, рече Харис. Според неа, САД се надеваат дека дипломатските […]

Бајден најави продолжување на вонредната состојба поради Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден објави дека вонредната состојба прогласена во САД во март 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 ќе биде продолжена и по 1 март 2022 година поради ризикот што коронавирусот го претставува за јавното здравје. Бајден истакна дека смртта на повеќе од 900.000 Американци како последица на Ковид-19 укажува на потребата да се […]

Во САД излекувана првата жена со СИДА


САД– Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице. Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата […]

САД побараа од Хондурас екстрадиција на поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез


САД – Соединетите Американски Држави побараа од Хондурас да го екстрадира поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез, јави Си-Ен-Ен. САД го бара поранешниот претседател во врска со обвинувања поврзани со трговија на дрога. Министерството за надворешни работи на Хондурас објави твит, во потврди дека побарал од Врховниот суд на земјата да одобри екстрадиција на „политичар од Хондурас“ […]

Украина побара итен безбедносен состанок со Русите


  Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната безбедносна европска група поради ескалација на тензиите на нејзината граница, пишува Би-би-си. Министерот за надворешени работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала официјалните барања за објаснување зошто трупа воени сили на границата со украина во последниот период. Рече дека тоа […]

Канадската полиција ги отстранува демонстрантите од границата со САД


Канадската полиција денеска почна да ги отстранува демонстрантите од мостот Амбасадор, што е лоциран на границата помеѓу Канада и САД. Демонстрантите шести ден го блокираат мостот Амбасадор поради епидемиолошките мерки воведени поради Ковид-19. Мостот Амбасадор е еден од најфреквентните гранични премини, а поради неговата блокада прекината е трговијата помеѓу Канада и САД. Судот во Онтарио […]

Лавров: САД шират пропаганда за наводна руска инвазија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. – Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги […]

САД испраќаат уште 3.000 војници во Полска поради страв од руска инвазија


САД соопштија дека испраќаат уште 3.000 војници во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина. Тие 3.000 војници, стационирани во Форт Брег во Северна Каролина, веќе беа во подготвеност кон крајот на јануари на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Тие сега ќе ја напуштат базата […]

Данска ги отвори вратите за американски војници на своја територија


Данска– Данска денеска соопшти дека ја отворила вратата за присуство на американски војници и воена опрема на нејзина територија како дел од новиот билатерален договор што го олеснува движењето на американските војници во Европа во услови на тензиите меѓу Западот и Русија. -САД и подадоа рака на Данска, која, исто така, е членка на НАТО, […]

Американската администрација им забрани пристап на новинарите до трупите на САД во Европа


Новинарите кои известуваат за Пентагон и американската војска изразија незадоволство до американската Влада бидејќи не им е одобрен пристап до трупите од околу 3.000 американски војници, распоредени во Европа. Новинарите сметаат дека им била ускратена можноста да ги интервјуираат членовите на новопристигнатите трупи кои биле испратени во Полска, Романија и Германија пред евентуалната руска инвазија […]

Камионџии во знак на протест го блокираа граничниот премин меѓу Канада и САД


Најпрометниот граничен премин меѓу САД и Канада денеска остана затворен, соопшти канадската погранична агенција откако возачите на камиони вчера ги блокираа пристапните патишта, во знак на протест против владината одлука за задолжителна вакцинација на возачите кои ја минуваат границата. Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација. Протестите започнаа на 28 […]

Во Полска пристигнаа американски пешадиски трупи


Полска – Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си. Војниците пристигнаа по наредба на претседателот Џо Бајден во Полска да бидат распоредени 1.700 војници поради стравувањата од руска инвазија на Украина. Планирано е распоредување и на […]

Бројот на жртвите во САД од Ковид-19 достигна неверојатни 900.000


  Придвижуван делумно од многу заразната варијанта на Омикрон, бројот на загинати од Ковид-19 во САД достигна 900.000 во петокот, помалку од два месеци откако беа 800.000. Тој е поголем од населението на Индијанаполис или Сан Франциско. Овој меѓник доаѓа повеќе од 13 месеци откако почна вакцинацијата која беше опфатена со дезинформации и политички и […]

САД: Поради снежна бура, стотици илјади луѓе останаа без струја


САД– Неповолните временски услови кои вчера ги погодија централните делови на Соединетите Американски Држави, стигнаа и до сојузните држави на североистокот на земјата. Во околу 20 сојузни држави, каде живеат повеќе од 85 милиони луѓе, беше издадено предупредување поради снег и леден дожд. Снежните врнежи ги погодија и Њујорк и Бостон, а властите ги повикаа жителите […]

Снежна бура во САД, температури до минус 17 – откажани летови


  Поради снежна бура која погоди дел од САД стотици илјади домови и фирми останаа без струја во петокот, додека лошите временски услови претставуваат опасноснт за делови од Големата низина и Нова Англија. Повеќе од 330.000 корисници се без струја се од Тексас, Арканзас и Тенеси до Охајо и Њу Јорк, обави страницата на Poweroutage.us […]