Над 80 милиони жители на САД погодени од ледена бура и обилни снежни врнежи


Силна зимска бура почна да „сече“ низ делови од југоисточниот дел на САД во неделата, проследена со замрзнат дожд, мраз и снег во градовите и државите кои вообичаено не се соочуваат со такви студени временски предизвици. Зимските временски предупредувања се протегаат низ источниот дел на САД – на 1.400 милји од Мисисипи до Мејн, област […]

Белата куќа испраќа 1.000 воени здравствени работници во американските болници


САД – Дополнителни 1.000 воени здравствени работници ќе бидат распоредени во шест американски сојузни држави за да им помогнат на болниците преплавени со пациенти поради растот на случаите на Ковид-19 поврзани со сојот омикрон, соопшти Белата куќа. -Следната недела тимови од седум до 25 воени лекари, медицински сестри и друг медицински персонал ќе почнат да […]

САД го проучуваат Хаванскиот синдром по заболување на дипломати во Париз и Женева


САД – САД сè уште не се запознати со Хаванскиот синдром или кој е одговорен за таа болест, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешното интервју, откако се разболеа американски дипломати во Париз и Женева. Блинкен истакна дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која ги погоди речиси 200 американски дипломати, […]

Армијата на САД снема регрути, па го зголеми бонусот на 50.000 долари


 Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции. Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата. […]

Во САД највисока стапка на инфлација во последните 40 години


Цените во САД се зголемени за седум отсто во декември 2021 година во однос на претходната година, што претставува највисока стапка на инфлација во последните 40 години, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон. Според Гласот на Америка, повисоки цени ја одбележаа американската економија во текот на целата претходна година, а нивниот раст е највисок од […]

ЦДЦ: Бројот на дневни смртни случаи се зголемува во САД, веројатно поради делта сојот, а не омикронот


Бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 во САД се зголеми за околу 33 отсто, а бројот на смртни случаи е зголемен за околу 40 проценти во споредба со претходната недела, изјави директорката на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Рошел Валенски, додавајќи дека наведените бројки веројатно растат поради делта варијантата, а не поради […]

Мини турнеја на Владимир Четкар во САД


Нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со турнеја концерти низ САД. Според предвидената програма, Четкар настапите низ САД со неговиот бенд ќе ги почнат со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Два дена подоцна ќе одржат концерт во „Skadarliya“ во Чикаго, на 5 февруари концерт во […]

Во САД за 24 часа регистрирани 1,13 милиони новозаразени од Ковид-19, најмногу во светот до сега


САД регистрираа најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 за 24 часа и тоа е апсолутен светски рекорд во време кога ширењето на високо заразниот сој на коронавирусот Омикрон не покажува знаци на ремисија. Претходниот негативен рекорд беше 1,03 милиони, на 3 јануари. Секој понеделник во САД се пријавуваат голем број случаи, бидејќи многу држави […]

Јапонија и САД се договорија за задржување на американскиот воен персонал во базите поради коронавирусот


Јапонија – Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека Јапонија и САД постигнале „основен договор“. Според договорот, на членовите на американскиот воен контингент не им е дозволено да ги напуштат своите бази во Јапонија, поради загриженоста за наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус. Кишида рече дека американските војници нема да ги напуштат своите бази […]

Искусни дипломати од САД и Русија ќе ги намалуваат тензиите околу Украина


САД– Дипломати од Русија и од САД почнуваат в понеделник во Женева преговори во врска со распоредувањето руски војници во близина на границата со Украин. Од двете страни ќе бидат двајца ветерани од дипломатијата во обид да се спречи криза. Заменичката државен секретар Венди Шерман ќе се соочи со рускиот заменик министер за надворешни работи […]

САД отвораат база за специјални операции во Албанија


Американската команда за специјални операции за Европа (SOCEUR) ќе отвори база во Албанија на ротирачка основа, објави во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама. SOCEUR, со седиште во Штутгарт, Германија, на својата веб-страница објави дека базата во Албанија ќе обезбеди поголема соработка со албанските сојузници, важен пристап до транспортните центри на Балканот и поголема логистичка флексибилност, […]

Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија


Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година. Зборувајќи во зградата каде што се случија немирите на 6 јануари […]

САД го осудија насилството во Казахстан и повикаа на воздржаност


САД – Соединетите Американски Држави го осудија насилството и вандализмот во Казахстан. Стејт департментот ги повика демонстрантите и властите во централноазиската земја да се воздржат. Нарекувајќи го Казахстан „вреден партнер“, ги повика сите Казахстанци да ги почитуваат институциите, човековите права и медиумските слободи. Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа во протестите, а […]

САД официјално воведоа санкции против лидерот на босанските Срби Додик


САД ја проширија листата на санкции која е поврзана со корупцијата ширум светот, а од денеска на листата се поединци и компании кои работат во Босна и Херцеговина. Откако американското Министерство за финансии објави проширена листа на санкционирани лица и компании од Србија, Хрватска, Косово и Бугарија во декември поврзани со корупција и други незаконски активности, „црната […]

САД: Речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден


САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување.   Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските […]

Бајден ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19


САД – Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради позаразниот сој Омикрон. Тој истакна дека сојот Омикрон е „многу позаразен“ но оти граѓаните можат да се заштитат. – Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност, истакна Бајден. […]

(Видео) До 40 см снег во делови од Америка


  Зимската бура која во понеделникот со силни снежни врнежи и силен ветар зафати делови од источниот брег на САД, донесе и до 40 ссм снег. Поради тоа сојузните служби и училиштата сопреа со работа, а дојде и до одлагање на летови и исклучување струја за голем број домаќинства. Нацуоналната метеоролошка служба најави 12 до […]

Омикрон и снегот го одложија продолжението на учебната година во САД


Во многу училишта ширум САД е одложен почетокот на наставата, додека образовните институции се обидуваат да спроведат тестирање за учениците, и во краен случај се подготвуваат да се вратат на онлајн часови. Исто така, снежното невреме придонесе за одложување на почетокот на вториот дел од учебната година во Вашингтон и околината, јави вечерва Гласот на Америка. Сето ова се случува во време кога во целата […]

Ново торнадо во САД, најмалку осум жртви


  Во налет на торнадо во САД загинаа најмалку осум лица. Енди Башир, гувернер на Кентаки, држава погодена од торнадото, рече дека можно е да има најмалку 50 мртви/ Штотуку се опорави од силното торнадо од 11 декември, Кентаки неше погодена од уште неколку, во петокот и саботата, кога повтроно се случи елементарната непогода, во […]

Бајден: САД и сојузниците со одлучен одговор ако Русија дополнително ја нападне Украина


САД–  СAД и нивните сојузници „одлучно ќе одговорат“ доколку Русија дополнително ја нападне Украина. Таква порака му пренел американскиот претседател Џо Бајден на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа. Повикот е неколку дена откако Бајден одржа втор разговор за еден месец со рускиот претседател Владимир Путин во време на тензии на руско-украинската граница каде […]