САД: Влегувањето на Шведска и Финска во НАТО ја отежнува позицијата на Русија


Со влегувањето на Финска и Шведска во НАТО алијансата, Русија би била доведена во потешка воена позиција на Балтикот, изјави денеска за време на посетата на Стокхолм началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мајли. И покрај приговорите на Турција, Шведска и Финска – нордиските земји кои имаат долги граници во Балтичкото Море, […]

Наставниците во САД ќе можат да носат оружје во училиштата?


  Американската држава Охајо планира да донесе закон кој им дозволува на наставниците и на другите вработени да бидат вооружени во училиштата откако ќе завршат 24-часовна обука. Нацртот е финализиран 10 дена откако тинејџер со пушка изврши напад во основно училиште во Тексас во кој беа убиени најмалку 19 учениви и двајца наставници, пренесуваат американските […]

САД усвоија нов пакет санкции против Русија


Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница. Меѓу лицата опфатени со санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони, се вели во соопштението. 

Сите патници кои летаат за САД мора да се тестираат на Ковид-19


  Сите патници кои по воздушен пат сакаат да влезат во САД мора и понатаму, без разлика дали се вакцинирани или не, да имаат негативен тест на Ковид-19, објави Белата куќа. „Постојано ги проценуваме нашите одлуки, но актуелните правила за тестирање за сега остануваат на сила“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во средата, […]

Повторeна објава: Децата во САД најмногу умираат од огнено оружје


Пред 2020 година, водечка причина за смртноста кај децата во САД беа автомобилските несреќи, но сега ситуацијата е поинаква и дојде до огромно зголемување на бројот починати деца од употреба на огнено оружје. Податоците од Центарот за контрола и превенција од болести ЦДЦ покажуваат дека повеќе од 4.300 млади Американци починале од повреди здобиени од […]

САД обезбедиле 17 милиони долари за зајакнување на капацитетите на албанската војска


САД неодамна обезбедија 17 милиони долари за зајакнување на капацитетите на албанската војска, изјави началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили. Во интервју за Гласот на Америка, генералот Бегај појасни дека за време на состанок, што е одржан неделава со началникот на Генералштабот на американската војска, генерал Марк Мили, се зборувало за соработка меѓу двете […]

САД во Европа ќе остават 100.000 војници, освен доколку Русија не им се заканува на Шведска и Финска


Белгија – САД навестуваат дека уште некое време во Европа ќе имаат стационирано 100.000 војници, освен доколку Русија не почне сериозно да им се заканува на Шведска и Финска или членките на НАТО. Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски официјални лица,  наведува дека е можно САД да дозволат и привремено зголемување на бројот на војници доколку НАТО […]

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец


САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели,изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата […]

Владата одлучи – почнуваме стратешки дијалог со САД


Владата на Република Северна Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Како што соопшти владината прес-служба, за координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја […]

Конгресот на САД ќе се обиде до август да го ратификува зачленувањето на Финска во НАТО


 Американскиот Конгрес до август ќе се обиде да ја ратификува апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО. Тоа во Хелсинки го изјави републиканскиот лидер во американскиот Сенат Мич Меконел, по средбата со претседателот на Финска Саули Ниинисто. „Секако се надеваме дека ќе го постигнеме тоа пред августовските празници кога Конгресот вообичаено не заседава“, им рече […]

Американскиот Сенат не го поддржа предлог законот за абортус


Американскиот Сенат не го усвои предлог законот со кој правото на абортус, заштитено со пресуда на Врховниот суд во случајот „Роу против Вејд“, ќе го претвори во федерален закон. Републиканците го блокираа гласањето на законот со „филибастеринг“, односно право на неограничена дебата, што јасно ги покажа партиските поделби што постојат во врска со историската судска […]

Претставничкиот дом на САД одобри над 40 милијарди долари помош за Украина


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри над 40 милијарди долари помош за Украина, јавија странски медиуми. Предлог законот за украинска помош е усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“. Сега предлог законот е во рацете на Сенатот, каде се очекува брза реакција, за потоа да се најде пред претседателот Џо Бајден, кој, би требало, […]

Ѕвоната на катедралата во Вашингтон ѕвонеа во чест на милион смртни случаи од Ковид


САД– Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон во понеделникот ѕвонеа илјада пати во чест на жртвите од Ковид, бидејќи Соединетите Американски Држави имаат околу милион смртни случаи.   САД официјално објавија најголем број смртни случаи во светот, повеќе од Бразил, Индија и Русија, а во понеделникот имаа повеќе од 995.000 смртни случаи од Ковид-19, според […]

Економијата и одбраната во фокусот на стратешкиот дијалог со САД


Согласно одличната соработка со САД и силната поддршка која ни ја даваат континуирано, но и бројните иницијативи во сите општествени сектори, сметавме дека времето е созреано за подигнување на уште едно повисоко ниво во скалилото на односи, а тоа е изјавата за стратешко партнерство со САД да се преведе во процес на стратешки дијалог што […]

Пелоси: Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот


САД– Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, која неодамна беше во посета на Украина, денеска изјави дека се залага американската администрација да ја прогласи Русија за држава што го спонзорира тероризмот и изрази загриженост поради извештаите на американските медиуми кои открија наводни детали за разузнавачката соработка меѓу Киев и Вашингтон. На прашањето […]

Припадник на армијата на САД осуден за превезување снимки со детска порнографија


САД– Поранешен службеник во воено-воздухопловните сили на САД синоќа беше осуден од суд во Мериленд на 11 години затвор поради транспорт на снимки со детска порнографија, соопшти синоќа федерален обвинител. Судија од сојузниот областен суд го осудил Џејсон Даниел Орт (36) од Валдорф, Мериленд, на 11 години затвор, а по истекот на казната и 15 […]

САД нудат безбедносни гаранции на Шведска и Финска за периодот до полноправно членство во НАТО


Американските власти се уверени дека ќе успеат да одговорат на сите безбедносни грижи на Финска и на Шведска доколку земјите поднесат барање за членство во НАТО, што ќе се однесува на периодот пред нивното примање во Алијансата, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Шведска и Финска се загрижени дека би биле ранливи на руските […]

САД со најголем број починати со Ковид-19


САД– Бројот на починати од последици од коронавирус во САД надмина еден милион, покажуваат податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“ (Worldometers). Повеќе од еден милион луѓе починале 27 месеци откако во САД беше потврден првиот случај на Ковид-19. По САД, најмногу починати од последици од Ковид-19 има Бразил – повеќе од 600.000 лица. Третото место го зазема Индија […]

Линде: Шведска ќе добие своевидни безбедносни гаранции од САД доколку аплицира за членство во НАТО


Шведска доби уверување од САД дека ќе и обезбеди поддршка во периодот на разгледување на евентуалното барање за членство во НАТО, изјави шведската министерка за надворешни работи Ен Линде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон. Во изјава за шведската телевизија таа одби да каже какви гаранции добила од Блинкен, но додаде […]

САД: Време е Македонија и Албанија да продолжат заедно во следната фаза кон ЕУ


САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо бидејќи време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат претпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот.  Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на […]