Син на судија од Њујорк ја убил мајката пред да скокне од зграда во смрт


САД- Синот на познат пензиониран судија на Менхетен е обвинет дека фатално ја удрил мајка си пред да прескокне 16 ката во смрт од нивната луксузна зграда во вторникот, соопшти њујоршката полиција. 26-годишниот Даг Соломон, наводно, смртно ја претепал својата мајка Дајан Галагер (65), удирајќи ја во главата во семејниот дом во Њујорк. Ја удрил […]

САД ја ставаат Бугарија под надзор, не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе


САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен   од таа институција. Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се […]

„Панасоник“ гради фабрика за батерии за електромобили во САД


Јапонската корпорација „Панасоник“ планира во американската сојузната држава Канзас, да изгради уште една фабрика за производство на батерии за електрични автомобили. Проектот вреди четири милијарди долари, објави „Волстрит журнал“. Според наводите, компанијата веќе станува една од најголемите во областа на производството на батерии. Отворањето на погонот се очекува да отвори до 4.000 работни места. „Панасоник“, […]

Две жртви во неколку напади на познат синџир продавници во Калифорнија


Две лица загинаа, а тројца се ранети во грабежи на шест продавници на американскиот ланец „7-Eleven“ (7-11) во Јужна Калифорнија. Локалните власти соопштија дека трагаат по еден напаѓач. Нападите беа извршени во период од околу пет часа на 11 јули (7-11), денот кога националниот бренд ја слави својата годишнина. Вчера беше 95-годишнината на брендот и продавниците нудеа бесплатни пијалаци. […]

САД ќе паднат во рецесија – но не мораа, вели поранешниот главен економист на ММФ


„Речиси е невозможно ФЕД да ја намали инфлацијата без да ја турне американската економија во рецесија“, вели поранешниот главен економист на ММФ, Кен Рогоф. „ФЕД ќе треба да има многу среќа“, изјави Рогоф за CNN Business. „Тие треба да одлучат, или брзо ќе ја намалат инфлацијата или ќе не турнат во рецесија“, додаде тој. „Мислам […]

Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД-SFAB


Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД, единица за воена обука која е во партнерство со главната албанска воена единица, пренесе агенцијата Балкан веб. Се додава дека на церемонијата организирана во оваа прилика, во присуство на министерот за одбрана Нико Пелеши, американската амбасадорка Јури Ким го нагласила „интерактивното значење со сојузниците […]

Грција доставила официјално барање до САД за набавка на Ф-35


Грција потпиша и испрати барање до САД за набавка на американски Ф-35, што е прв чекор од долгиот и планиран процес, брифирале грчки владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите во медиумите во Грција земјата планира да набави 20 авиони во првата фаза, со можност за уште […]

Татко во САД се убил откако бебето што го оставил во автомобил починало


  Маж во Вирџинија САД си го одзел животот откако случајно го оставил синот на возраст од 18 месеци три чесови во вжештен автомобил, а бебето починало. Таткото бил надвор со синот кога се случила трагедијата и откако го пронашол безживотното тело на синот во автомобилот, се вратил дома. Полицијата потоа добила повеќе повици дека […]

Мигранти биле затворени во приколка на 40 степени – 46 починаа


Најмалку 46 мигранти се пронајдени во приколка во Сан Антонио во Тексас, во еден од досега најсмртоносните инциденти во криумчарењето луѓе по должина на американско-мексиканската граница, јавија тамошните власти. Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека уште 16 луѓе се најдени во приколката, а пренесени се во болница поради топлински удар и исцрпеност, меѓу кои […]

Најмалку три лица загинаа во железничка несреќа во САД


Три лица загинаа, а десетици се повредени откако воз излета од шините и удри во камион на необележан железнички премин во американската сојузна држава Мисури. Двајца од загинатите биле во возот, а еден во камионот. При  несреќата осум вагони излетале од шините. Сè уште не се знае точно колку луѓе се повредени, но болниците соопштија дека примиле повеќе од 50 пациенти. […]

САД ќе ѝ испратат на Украина ракетен систем со каков што се брани и Белата куќа


САД планираат да објават уште оваа недела дека купиле напреден ракетен одбранбен систем земја-воздух со среден до долг дострел за Украина, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со соопштението, пренесува Укринформ. Американскиот претседател Џо Бајден неодамна најави дека САД ќе и дадат на Украина „понапредни ракетни системи и муниција“. Како одговор на барањата на украинските сили, […]

Во САД почнаа да се затвораат клиники за абортус


По одлуката на Врховниот суд на САД почнаа да се затвораат клиниките за абортус. Во клиниката за абортус Литл Рок во Арканзас, држава која има прописи кои наметнуваат итна забрана во случај на ваква одлука на Врховниот суд, вратата за пациентите се затвори веднаш штом одлуката беше објавена на интернет. Вработените се јавиле да им […]

Политички земјотрес во САД: Врховниот суд ја укина легализацијата на абортусот


  Врховниот суд на САД ја прекина уставната заштита на нацијата за абортус, која беше во сила речиси 50 години, со одлука на неговото конзервативно мнозинство да го отфрли законот Ро против Вејд. Исходот од петокот се очекува да доведе до забрани за абортуси во приближно половина од државите. Одлуката, незамислива пред само неколку години, […]

Во САД почна вакцинацијата против Ковид-19 на деца постари од шест месеци


САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за Ковид-19, доктор Ашиш Јха. Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината на Модерна во две дози за младите на возраст од шест месеци […]

Рекордни горештини во САД – предупредување до граѓаните да не излегуваат надвор


САД– Властите во Соединетите Американски Држави апелираа до повеќе од 100 милиони Американци да не излегуваат надвор поради рекордните топлотни бранови, а експертите предупредуваат дека таквите температури може да станат вообичаени во услови на климатските промени. Според Гардијан, од вчера, дури 107,5 милиони луѓе, што е повеќе од една третина од населението, се предупредени да останат […]

Рекордни температури во САД: Во Феникс измерени 46 степени


Феникс, Лас Вегас, Денвер и Долината на смртта во Калифорнија забележаа рекордни температури додека топлотниот бран го погоди југозападниот дел на САД. Националната метеоролошка служба во Феникс регистрираше температура на воздухот од 46 степени Целзиусови, што е еднакво на рекордот од 11 јуни 1918 година, објави АП. Лас Вегас го израмни рекордот од 1956 година […]

САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите


 САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти денеска Белата куќа. Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен […]

Инфлацијата во САД достигна ново највисоко ниво од 8,6 отсто


Годишниот раст на потрошувачките цени во САД достигна 8,6 отсто во мај, што е нов четириесетгодишен максимум, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Цените забележаа најголем месечен раст од декември 1981 година. Годишниот раст на цените во мај е поголем од април кога изнесуваше 8,3 отсто, соопшти Министерството за труд. На месечна основа, цените се зголемија […]

Воен авион се урна во јужна Калифорнија


САД– Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпарол на американската морнарица но не кажа ништо за евентуални жртви. Во исто време, американската армија ги демантираше информациите во некои медиуми дека авионот превезувал радиоактивен материјал кога се урнал кај Гламис, на 35 километри од границата со Мексико. – Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина […]

Деветмина убиени во три нови вооружени напади во САД


Најмалку девет лица се убиени, а десетици ранети викендот во пукотници во три американски града. Три лица се убиени во оружен напад во сојузната држава Мичиген, во една од трите пукотници регистрирани во периодот од саботата вечер до вчера изутрината. Во пукотницата што се случила вчера изутрината во Сагинава, северозападно од Детроит, загинале две лица, […]