Опасен затвореник и затворска чуварка исчезнаа во САД, наводно биле во врска


Затвореник и затворска чуварка од Алабама, САД кои заедно исчезнале и по кои трага полицијата од минатата недела, имале посебен однос, тврдат истражителите. Во соопштението од канцеларијата на шерифот на Алабама се наведува дека за односот меѓу затвореникот Кејси Вајт и чуварката Вики Вајт, сведочеле другите затвореници, пишува Би-би-си. Вајт е осомничен за убиство, а […]

Во Оклахома потпишан еден од најрестриктивните закони за абортус во САД


Републиканскиот гувернер на Оклахома, во јужниот дел на САД, Кевин Стит информираше за потпишаниот закон, со што се забранува абортус по шестиот месец од бременоста. Медиуми нагласуваат дека станува збор за еден од најрестриктивните закони во земјата, додека Врховниот суд се подготвува да го преиспита тоа право на федерално ниво. „Ги застапувам сите четири милиони […]

Врховниот суд на САД ќе го укине правото на абортус?


  Врховниот суд на САД би можел да го укине националното законско право на абортус, според невидениот протечен нацрт на документ од судот. Во нацрт-мислењето од 98 страници, судијата Семјуел Алито пишува дека одлуката „Ро против Вејд“ од 1973 година за легализирање на абортусот низ САД е „огромно погрешна“. Доколку највисокиот американски суд ја укине […]

Што ќе донесе стратешкиот дијалог на Македонија со САД?


  Македонија и САД во јуни во Вашингтон ќе одржат стратегиски дијалог, што е нова рамка на билатералната соработка што треба да ги зајакне уште повеќе односите на двете држави. Ваквата вест, што ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата на помошникот државен секретар за Европа, Карен Донфрид, внесе малку […]

Рекордно високо ниво на американскиот трговски дефицит во март


Трговскиот дефицит на САД се зголеми на рекордно високо ниво во март, откако компаниите, под притисок на недостигот на суровини, почнаа да складираат залихи по инвазијата на Русија врз Украина. Тоа се нагласува во нов извештај на американското Министерство за трговија. Податоците покажуваат и значително зголемување на залихите на мало и големо. Ова може да […]

Големи пожари во САД, уништени повеќе од 160 станбени објекти


Големата суша што го зафати северниот дел на американската сојузна држава Ново Мексико предизвика големи шумски пожари при што се уништени 166 станбени објекти, а стотици домови се загрозени од силните ветрови што ја носи огнената стихија кон планинските населби. Локалните власти укажуваат дека илјадници жители се подготвуваат за евакуација доколку пожарите се приближат до […]

САД најавија враќање на своите дипломати во Украина


За време на вчерашната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најавија постепено враќање на американските дипломати во Украина и посочија дека ќе биде номиниран нов амбасадор. Се очекува денеска американскиот претседател Џо Бајден и официјално да ја назначи Бриџит Бринк за амбасадор на САД во Киев, […]

Децата во САД најмногу умираат од огнено оружје


  Пред 2020 година, водечка причина за смртноста кај децата во САД беа автомобилските несреќи, но сега ситуацијата е поинаква и дојде до огромно зголемување на бројот починати деца од употреба на огнено оружје. Податоците од Центарот за контрола и превенција од болести ЦДЦ покажуваат дека повеќе од 4.300 млади Американци починале од повреди здобиени […]

САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украина


Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските […]

САД: Србија треба да ги разбере ризиците и цената од бизнисот со Кина


Водењето бизнис со компании со седиште во Кина е суверена одлука, но српската влада треба да биде свесна за краткорочните и долгорочните ризици и цената, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со наводите дека на Србија и била испорачана кинеската воена опрема, јави дописникот на МИА од Белград. Портпаролот на Пентагон […]

Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории


САД– Филаделфија е првиот поголем град во САД каде повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории, по наглиот скок на бројот инфекции со коронавирус. Шерил Бетигол, градската комесарка за здравство, предупредува на можен нов бран инфекции на подваријантата на омикрон-сојот на коронавирусот. Таа појасни дека потврдениот број заразени во градот е зголемен […]

САД официјално го укинаа повластениот трговски статус на Русија и Белорусија


Американскиот Конгресот изгласа официјално укинување на привилегираниот трговски статус на Русија и Белорусија како одговор на војната во Украина, отворајќи го патот за воведување казнени тарифи за производи од двете земји. Американскиот претседател Џо Бајден, во координација со неговите европски сојузници, ја објави мерката минатиот месец со цел понатамошна изолација на Русија од светската сцена, но мерката мораше да […]

Кошаркарската јавност во САД во шок по претепувањето на судијата на детскиот турнир


Многу американски кошаркарски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи за да го изразат својот бес поради инцидентот на јуниорскиот кошаркарски турнир во округот ДеКалб, Џорџија. Натпреварот наречен „Love Of The Game“ во христијанската црква „Stronghold“ предизвика контроверзии и полициска истрага откако беше објавено видео како тинејџери кошаркари на игралиште тепаат судија. Неколку 14-годишни спортисти аматери […]

САД продаваат пакет-опрема вредна 95 милиони долари за поддршка на ПВО системите „Патриот“ на Тајван


Американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на опрема, обука и други ставки за надградба на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Тајван, во вредност од 95 милиони долари, соопшти Пентагон. Пакетот предвидува обука, планирање, поставување, распоредување и одржување на тајванските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопшти американското Министерство за одбрана. Агенцијата за одбранбена и безбедносна […]

САД го укинаа плаќањето на рускиот долг преку американски сметки


Американското Министерство за финансии го суспендираше плаќањето на долгот во долари од сметките на руската Влада во американските банки, зголемувајќи го притисокот врз Москва да најде алтернативни извори на финансирање за плаќање на инвеститорите во обврзници, јави Блумберг. Тој потег има за цел да ја принуди Русија да избере помеѓу три непривлечни опции – трошење […]

САД неделава ќе објават нови санкции против Русија


САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Тој истакна дека разговорите меѓу западните земји сега се однесуваат првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема […]

Заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност: САД нагло го зголемија увозот на нафта од Русија


Минатонеделните испораки на нафта од Русија во САД се зголемија за 43 отсто до 100.000 бапели дневно. Ова го изјави заменикот-претседател на Советот за безбедност на Руската федерација Михаил Попов, пренесува бугарски „Стандарт“. – САД ги принудија Европејците да наложат санкции кон Русија, додека тие самите продолжуваат да увезуваат нафта од Русија, па во изминатата […]

САД и сојузниците ќе испратат тенкови од советско производство во Украина


САД ќе соработуваат со сојузниците за да и обезбедат на Украина тенкови од советско производство за зајакнување на нејзината одбрана во регионот на Донбас, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи американски официјален претставник. Испораката на овие тенкови во Украина беше побарана од украинскиот претседател Зеленски, рече претставникот. Тој одби да каже колку тенкови ќе бидат испратени или […]

САД воведуваат нови извозни ограничувања за повеќе руски и белоруски компании


Владата на САД најави нова рунда извозни ограничувања што ги погодуваат Русија и Белорусија. Соединетите Американски Држави ја проширија листата на субјекти кои не можат да добиваат витални технологии, со додавање на 120 правни лица, главно компании поврзани со воената сфера. Американското Министерство за трговија соопшти дека овој потег има за цел „да ги ослаби […]

Галуп: Американците стравуваат од високите цени и проблеми со снабдувањето со енергија


Речиси половина од Американците стравуваат дека енергијата може да стане премногу скапа или недостапна, а 44 отсто велат дека енергетската ситуација е многу сериозна, како што беше за време на нафтената криза во 1970-те, покажа истражувањето на Галуп. Дури 47 отсто од испитаниците во анкетата на Галуп изјавиле дека многу се плашат од растот на […]