Во САД откриена најголема парична измама поврзана со Ковид-19, обвинети 47 лица за кражба на 250 милиони долари


  Американското Министерство за правда покрена тужби против 47 лица обвинети за кражба на 250 милиони долари федерални средства наменети за исхрана за време на пандемијата на децата од загрозени семејства. Според Министерството, откриената шема е досега најголемата парична измама поврзана со Ковид-19 во САД. Обвинетите се соочуваат со децениски затворски казни, а врз основа […]

САД воведоа нови санкции против поединци и организации кои ја олеснија руската инвазија на Украина


 Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови санкции против поединци и организации кои ја олеснија руската инвазија на Украина, соопшти американското Министерство за финансии. „Новите санкции се насочени кон 22 лица и две организации кои помогнале да се унапредат целите на Москва во Украина и пред и по почетокот на руската инвазија на 24 февруари“, се […]

Каде живеат американските милијардери? (инфографика)


  Повеќе од една четвртина од светските милијардери живеат во САД, односно 720 од околу 2.700 во светот. Иако земјата има повеќе милијардери од која било друга, американскиот удел на глобалните милијардери всушност се намалува во последните децении. Во 2010 година, околу 40 отсто од светската популација милијардери живееше во Америка – а денес таа […]

САД ќе му скратат на Египет 130 милиони долари од помошта поради кршење на човекови права


Владата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да скрати 130 милиони долари воена помош за Египет поради неуспех на земјата на полето на заштита на човековите права. Ова го потврдија американски официјални лица, со тоа што Владата во Каиро сепак ќе добие одреден дел од американскиот пакет помош поради намалување на бројот на политички затвореници. […]

Храната и енергијата ја задржаа инфлацијата во САД над осум отсто


Растот на потрошувачките цени во САД благо се намалил во август, но останал над нивото од осум отсто, поддржан од растот на цените на храната и енергијата. Податоците што денеска ги објави Министерството за труд покажуваат дека индексот на потрошувачките цени во август бележи пораст за 0,1 отсто во однос на јули кога цените стагнираа. […]

Се намалува очекуваниот животен век во САД


Очекуваниот животен век во САД втора година по ред бележи пад и во 2021 година и е за една година е пократок во споредба со 2020 година, се наведува во денеска објавениот владин извештај. Во текот на првите две години од пандемијата со Ковид-19 очекуваниот животен век на Американците беше намален за околу три години. […]

Надал: Жал ми е поради Новак, но тенисот е поголем од сите нас


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја коментираше одлуката на американските власти да му забранет влез во САД на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, и со тоа да го оневозможат да настапи на претстојниот грен – слем турнир ЈуЕс Опен во Њујорк. – Жал ми е поради тоа што Новак Ѓоковиќ нема да […]

Абортусот забранет во уште три американски држави


Законот за забрана за абортус денеска стапи во сила во уште три американски држави. Со ова, дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеца по одлуката на Врховниот суд да го прекине тоа право. Како што пишува Вашингтон пост, сега на 21 милион жени им е забранет абортусот или пристапот им е значително […]

САД: Русија планира зајакнување на нападите врз цивилната инфраструктура во Украина


Американскиот Стејт департмент издаде безбедносно предупредување дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови. Амбасадата на САД во Киев ги повика американските граѓани кои се уште се во Украина веднаш да ја напуштат земјата. „Ако слушнете силна експлозија или ако се активираат сирените, веднаш […]

Мекконел: Шансите републиканците да имаат мнозинство во Сенатот се 50 спрема 50


Според лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Мекконел, шансите неговата партија да ја преземе контролата врз Горниот дом на Парламентот по изборите во ноември е 50 спрема 50. Тој додаде дека Сенатот ќе остане длабоко поделен, без оглед на исходот од изборите. Мекконел нагласи дека ако републиканците освојат мнозинство во двата дома, Конгресот ќе […]

Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите вежби од 2017 година


Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа најголемите заеднички воени вежби од 2017 година, објавија јужнокорејските власти. Годишните летни вежби треба да завршат на 1 септември, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ги „нормализира“ заедничките вежби со САД и ќе го зајакне военото одвраќање против Северна Кореја. […]

Директната помош на САД за шесте земји од Западен Балкан може да изнесува околу четири милијарди долари


Помошта што се подготвува во Конгресот на САД за развој на Западен Балкан е вредна околу четири милијарди долари, а е предвидена за економски реформи, потесна економска интеграција со ЕУ и заштита на културните разлики. Доколку биде изгласана, Владата на САД ќе може да нуди техничка помош на државите кои треба да развијат национални стратегии […]

Без изолација по контакт со заразено лице: САД со нови насоки за Ковид-19


Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги олесни мерките за Ковид-19, укинувајќи ја препораката за граѓаните на САД да се изолираат доколку дојдат во близок контакт со заразено лице. Американската здравствена агенција објави и дека држењето растојание од најмалку два метри од другите повеќе не е задолжително. ЦДЦ објасни дека промените се […]

Русија ќе ги шпионира Американците и во вселената


Русија го лансираше својот нов воен сателит чија цел е да ги шпионира американските воени сателити во орбитата. Според неговата траекторија, тој треба веќе да е пристигнат на својата дестинација. Гласините се појавија уште пред лансирањето на сателитот, а се вели дека станува збор за „инспекторски сателит“ специјално дизајниран да ги шпионира другите сателити и […]

Во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници


Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници. Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми. Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус. – Подготвени сме за наш одговор […]

Највисокото дрво на светот забрането за посета


Највисокото дрво на светот, што се наоѓа во Националниот парк Редвуд во Калифорнија (САД), е забрането за туристи. Имено, посетата на дрвото секвоја високо 116 метри сега е официјално забранета. Управата на паркот објави дека сите посетители кои ќе бидат фатени близу огромното растение, може да добијат до шест месеци затвор и парична казна од […]

Три сестри (9, 8 и 5) пронајдени мртви во езеро во САД


  Три сестри на возраст од девет, осум и пет години, пронајдени се мртви, откако се оддалечиле од својот дом во тексас, додека ги чувала семејна пријателка. Зи Ариел Робинсон Оливер, Амија Хјуџис и Темари Робинсон Оливер, пријавени се за исчезнати во петокот навечер. Нурчачки тим ги извлече нивните тела од приватно езеро на соседниот […]

Милиони Американци во исчекување за добитното ливче на Мега милионс вредно над милијарда долари


 Кој ќе го добие џекпотот од над милијарда долари вечерва на извлекувањето на Мега милионс, најголемото лото во САД. Ова е главното прашање во Америка деновиве, откако во вторникот не беше продадено добитно ливче со сите шест погодоци вредно 830 милиони долари. Со тоа, можниот џекпот вечерва би чинел приближно 1.025 милијарди долари, трета по […]

САД веќе е најголемиот светски извозник на природен гас


Соединетите Американски Држави станаа најголемиот извозник на течен природен гас во првата половина на 2022-ра година, откако ги зголемија испораките за Европа во услови на украинската криза. Ова го соопшти Меѓународната агенција за енергија, цитирана од „Reuters“. Извозот на ЛНГ од САД се зголеми за 12% до просечни 11,2 милијарди кубни стапки (317 милиони кубни […]

САД ќе сади повеќе од милијарда дрвја за да ги надомести уништените шуми


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера соопшти дека владата ќе посади повеќе од една милијарда дрвја на површина каде пожари уништија шуми на западот на САД. Овој потег доаѓа откако властите се борат да го ограничат огромното губење шуми од пожарите, инсектите и другите последици на климатските промени. Деструктивните пожари последниве години го надминаа […]