Зеленски го потпиша договорот за економско партнерство со САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се ратификува економскиот партнерски договор меѓу Украина и САД. Статусот на законот, кој беше синоќа објавен на онлајн порталот на Врховната Рада, парламентот на Украина, е ажуриран, наведувајќи дека е вратен со потпис на Зеленски. Парламентот го ратификуваше договорот на 8 мај. Зеленски го опиша како […]

САД и Кина постигнаа договор за царините


САД и Кина се согласија значително да ги намалат царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд. Зборувајќи во Женева, американскиот секретар за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115%“, откако се согласија на 90-дневна пауза. Деескалација на трговската војна Тоа е […]

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма


Преговарачи од Соединетите Американски Држави и Иран денеска во Оман ќе ја одржат четврта рунда преговори за иранската нуклеарна програма. Се очекува претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, да присуствуваат на разговорите во Мускат. Арагчи вчера изјави дека ако целта на Соединетите Американски Држави е […]

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно


Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел.  – Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула […]

САД блиску до голем број нови трговски договори, најави министерот Бесент


 Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави пред Конгресот дека САД би можеле да постигнат трговски договори со најголем дел од своите клучни партнери до крајот на годинава. – Околу 97 или 98 отсто од нашиот трговски дефицит се поврзани со само 15 земји. Би се изненадил ако не постигнеме најмалку 80 до 90 отсто […]

Канада никогаш нема да биде на продажба: Канадскиот премиер Карни ја отфрла идејата на Трамп


Канадскиот премиер Марк Карни ја посети Белата куќа во вторникот на своите први разговори со Доналд Трамп и отворено му рече на американскиот претседател дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Карни победи на изборите на 28 април со ветување дека ќе му се спротивстави на Трамп, кој воведе царини за некои канадски производи […]

Трговскиот дефицит на САД на највисоко ниво во последните повеќе од 30 години


Трговскиот дефицит на САД скокна во март на највисоко ниво откако Министерството за трговија почна да објавува податоци, што е одраз на порастот на увозот, бидејќи компаниите се обидуваат да ги надминат трошоците за новите царини. Увозот на стоки и услуги во САД се зголеми за 4,4 проценти во март во споредба со февруари и […]

ЕУ чека САД да покажат подготвеност за фер и балансирано решение за царините


Европската Унија јасно стави до знаење дека е подготвена да разговараа со САД за изнаоѓање заемно корисни решенија за трговските односи, со почитување на европските интереси и регулаторна автономија, но останува на Вашингтон да покаже подготвеност за постигнување фер и балансирано решение, изјави еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович во обраќањето на дебата […]

САД им плаќа на илегалните мигранти да се самодепортираат


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека на илегалните имигранти кои доброволно ќе се вратат во татковината ќе им плати 1.000 долари, плус патни трошоци. – Доколку тука сте нелегално, самодепортацијата е најдобриот, најбезбедниот и најисплатливиот начин да ги напуштите САД и да избегнете апсење. Министерството за внатрешна безбедност им нуди на нелегалните […]

САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина


САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“. Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, стапи во сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се укинува досегашното […]

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп


САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп. Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна. Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено […]

САД назначија нов в.д. амбасадор во Киев


САД назначија нов вршител на должноста амбасадор во Киев, а тоа е Џули Дејвис, која сега е амбасадорка на земјата на Кипар, објавија светските агенции. Дејвис зборува руски и е дипломат со богата кариера, работејќи главно во поранешните советски републики. Дејвис ќе биде највисоко рангиран американски дипломат во Украина во отсуство на амбасадор. Таа ќе […]

САД воведоа санкции врз субјекти со седиште во Кина и Иран за кои се тврди дека ја поддржувале ракетната програма на Техеран


САД воведоа санкции врз мрежа со седиште во Иран и Кина, која ја обвинуваат за снабдување на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран со компоненти потребни за производство на гориво за балистички ракети, во услови на напори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Техеран. Во соопштението од Министерството […]

САД одобрија продажба на ракети воздух-воздух на Полска во вредност од 1,3 милијарди долари


Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на напредни ракети воздух-воздух со среден дострел и сродни елементи, како и програмска поддршка на Полска, во вредност од околу 1,33 милијарди долари, објави вчера Пентагон. -Главен изведувач на нарачката ќе биде RTX Corporation, додаде Пентагон. 

САД одобрија продажба на „Патриот“ системи на Романија


Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и придружна опрема на Романија во вредност од 280 милиони долари, се наведува во соопштение на Пентагон. Американското Министерство за одбрана прецизира дека главни изведувачи на договорот ќе бидат компаниите „РТХ корпорејшн“ (поранешна „Рејтеон текнолоџис“) и „Локхид Мартин“. 

Кина ги повикаа САД да ги укинат сите царини: Не е вистина дека веќе сме во преговори


Кина повика на крај на сите „еднострани“ американски царини, бидејќи се појавија индикации дека администрацијата на Трамп би можела да ја деескалира трговската војна со Пекинг. Кина тврди дека не одржала трговски разговори со Вашингтон и покрај коментарите на американската влада кои сугерираат дека имало ангажмани. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека САД ќе […]

САД ќе запленува плати и даночни поврати поради студентски долгови, опфатени над пет милиони лица


Американската Влада објави дека од следниот месец ќе започне со наплата на неплатените студентски долгови, вклучително и со заплена на плати. Според соопштението на американското Министерство за образование, мерката ќе опфати над пет милиони лица кои веќе доцнат со отплатите. Дополнителни четири милиони Американци значително заостануваат со плаќањето. Претседателот Доналд Трамп во 2020 година го […]

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго. На својот ФБ профил објави дека на средбата истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека подддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така […]

Администрацијата на Трамп најави такси за кинеските бродови кои пристигнуваат во американските пристаништа


Администрацијата на Трамп во четвртокот најави такси за кинеските бродови откако истрагата на американскиот трговски претставник од администрациите на Бајден-Трамп покажа дека дејствата, политиките и практиките на Кина се неразумни и ја оптоваруваат или ограничуваат трговијата со САД. „Бродовите и превозот се клучни за економската безбедност на Америка и слободниот проток на трговија“, рече американскиот […]

Епидемија на сипаници регистрирана во шест американски држави


 Бројот на заболени од мали сипаници во САД надмина 700, а епидемија е регистрирана во вкупно шест американски држави, јавија денеска американските медиуми. Од почетокот на годината како последица на оваа болест починаа три лица, две невакцинирани деца на училишна возраст во Западен Тексас, како и еден возрасен во Ново Мексико кој исто така бил […]