Трамп најави можност САД да им понудат пари на мигрантите доброволно да ја напуштат земјата


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави. Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучи одредена финансиска помош и можност за подоцна легален влез во земјата. „Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со […]

Сѐ повеќе Американци сакаат да студираат во Канада поради мерките на Трамп


Се повеќе студенти кои живеат во САД аплицираат на канадските универзитети или изразуваат интерес за студирање во Канада, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги намали федералните средства за универзитетите и да ги укине визите за странските студенти, пишува Гардијан. Универзитетот на Британска Колумбија (UBC) во Ванкувер вели дека бројот на апликации за […]

САД ја одбија резолуцијата на Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми


САД одбија поддршка за заедничката резолуција на сојузниците од Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми, при што загинаа 35 лица, јави синоќа агенцијата „Блумберг“. Според извештајот, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ова го образложила со желбата да „се задржи простор за преговори“ со Москва за крај на војната во Украина. Како што наведуваат […]

Обвинителот Коцевски ја поврза истрагата за Кочани со оние во Бразил, САД и Романија. Но дали таму беше така и кој беше осуден?


  Правото признава дологорочен каузалитет. Вака вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски образложуваше зошто истрагата за трагедијата во Кочани е толку опширна, има толку многу осомничени (45) и оди до сите министри за економија од 2012 година па наваму, но без сегашниот. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши немал никаква вина за трагедијата, иако е […]

Шефот на Блекрок вели дека САД можеби веќе се во рецесија. „Ние сами го создадовме ова“


Лари Финк, извршен директор на инвестициската компанија Блекрок, предупреди дека Соединетите Држави се „многу блиску до рецесија и можеби веќе се во рецесија“. Финк, чие лично богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, во интервју за американската мрежа CNBC изјави дека верува дека „многу луѓе однапред купуваат поради очекуваните повисоки поскапувања, а пред продавниците на […]

Трговската војна не запира – Кина ги крена царините за САД на 125 отсто


  Кина ги зголеми тарифите за американските производи на 125 проценти во последната битка од трговскиот спор со Вашингтон, само неколку часа откако Ши Џинпинг рече дека „нема победници во војната са царини“. Ши ги даде коментарите за време на состанокот со шпанскиот премиер на кој ја покани ЕУ да работи со Кина за да […]

Бела куќа: Американските царини за Кина изнесуваат 145 отсто


Царините што САД во моментов ги применуваат за кинеските производи ќе изнесуваат вкупно 145 отсто, потврди Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави зголемување на тарифите на 125 отсто, но сега е појаснето дека оваа сума не ја вклучува веќе постоечката тарифа од 20 отсто. Ова значи дека вкупната стапка на давачки е значително […]

Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра


 Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто, ќе ја чинат економијата на САД дополнителни трошоци од околу 22 милијарди евра.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие мерки предвидуваат воведување царини во […]

Цел на тарифите на ЕУ се црвените држави на Трамп – на удар се сојата, цигарите, камионите, неглижеата…


  Одговорот на ЕУ на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе таканаречени реципрочни тарифи за сите американски трговски партнери можеби е помалку агресивен од очекуваното, но покажува одредена креативност во нејзиниот обид да ги погоди САД таму каде што најмногу ќе им наштети. Според интерен документ што го видел „Политико“, Комисијата размислува за […]

Пекинг издаде предупредување за кинеските туристи во САД


Кина издаде предупредување за ризик за сите патници кои се упатуваат кон САД. Министерството за култура и туризам соопшти дека сака да ги потсети кинеските туристи да ги проценат ризиците при патувањето во САД и да патуваат со претпазливост. Во него се наведува „влошувањето на кинеско-американските економски и трговски односи и домашната безбедносна ситуација во […]

ЕУ одобри воведување царини за Америка


Европската унија одобри воведување контрамерки во форма на царини за околу 22 милијарди евра американски производи како што се соја, мотоцикли и сок од портокал. За ова гласаа 27 земји-членки, сите освен Унгарија, соопшти Европската комисија. „ЕУ ги смета американските тарифи за неоправдани и штетни, предизвикувајќи економска штета на двете страни, како и на глобалната […]

Кина воведе царини од 84 отсто на стоки од САД


Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД. Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини. Одлуката доаѓа откако Америка претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по […]

Реакции од Кина за царините од САД: Продолжува злоупотребата


Почнаа да пристигнуваат првите официјални реакции од Кина во врска со американските царини од 104 отсто воведени на кинески стоки. „САД продолжуваат да ги злоупотребуваат царините за да вршат притисок врз Кина. Кина одлучно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати овој облик на насилничко однесување“, рече портпаролот на кинеското Министерство за […]

САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина


САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа, јавуваат западни медиуми. Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како […]

Реципрочните царини на САД стапуваат во сила утре


 Американскиот претставник за трговија Џејмисон Грир денеска потврди дека таканаречените реципрочни царини, најавени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе стапат во сила утре. Грир изјави дека САД моментално преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори. – Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните […]

Министерката за финансии порачува: Царините за стоки од САД може да ги спуштиме на нула


  До Владата сѐ уште не стигнале „добрите вести“ за американските царини, кои во неделата ги најави премиерот Христијан Мицкоски, но и без нив Македонија порача дека е подготвена да ги сведе царинските стапки на нула отсто за увозот на производи од САД. Ова денес на прес-конференција во Владата го потврди министерката за финансии Гордана […]

Јапонија прва почна преговори со владата на Трамп за царините. Ќе траат со месеци


  Американскиот министер за финансии Скот Бесент во неделата отпатувал за Флорида за да го охрабри претседателот Доналд Трамп да ја фокусира својата порака на преговарање поволни трговски договори – или да ризикува дополнително да ја поткопа берзата, според две лица запознаени со разговорите, на кои им дадоа анонимност да споделат детали за нив. „Ставот […]

САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација


 Воздухопловните сили на САД ги унапредуваат своите воздушни борбени спецификации и човекови вештини за следната генерација воени авиони. Со усвојувањето на програмата „ВЕНОМ-АФТ“, ќе им се овозможи на пилотите на „Ф-16“ да летаат со беспилотни летала, во двојки, и да собираат податоци со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Целта на проектот е да се развијат […]

Четворица републикански сенатори против Трамп. Сакаат да му ги намалат овластувањата за царина


Четири претставници на републиканците во американскиот Сенат вчера, на вториот ден од падот на берзите, изразија поддршка за нацрт-законот според кој воведувањето нови царини треба да го одобри Конгресот. Во Сенатот моментално има 53 републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори. Републиканските сенатори Лиза Мурковски од Алјаска, Мич Меконел од Кентаки, Џери Моран од Канзас […]

Мицкоски: Царините што ни ги воведе САД се очекувани, ќе се обидеме да потпишеме договор за слободна трговија


Царините од 33 отсто што ни ги воведе САД се очекувани. Тоа беше јасно веднаш после инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп и тој тоа го кажа. Ни една земја во Европа не беше подготвена за тоа и никој не се подготвува претходно. Кога е проблемот тука се седнува на маса и се разговара, порача вечерва […]