Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе […]

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови за оружје


Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска соопшти дека нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови во врска со оспорувањето на законитоста на државните ограничувања за јуришни пушки, како и оспорувањето на законитоста на шаржерите со голем капацитет. Судиите на Врховниот суд одбија две жалби, откако пониските судови ја потврдија забраната во Мериленд за […]

Македонија ќе  биде меѓу првите што ќе добие договор за слободна трговија со САД, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува Македонија да биде меѓу првите држави кои со САД ќе добијат Договор за слободна трговија. Запрашан за ефектите од посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на САД и неговата средба со Државниот секретар Марко Рубио, Мицкоски рече дека впечатоците од таа средба се […]

Американски суд ги блокираше царините на Трамп, биле нелегални


  Американски трговски суд го прогласи режимот на сеопфатни царини на Доналд Трамп за нелегален, во драматичен пресврт што може да ја блокира контроверзната глобална трговска политика на американскиот претседател. Одлуката на панел од тројца судии во Судот за меѓународна трговија со седиште во Њујорк дојде по неколку тужби во кои се тврдеше дека Трамп […]

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела


САД објавија официјално предупредување до своите граѓани да не патуваат во Венецуела, наведувајќи го растечкиот ризик од произволни притворања во земјата, каде што нема оперативна американска амбасада или конзулат. „Американските граѓани во Венецуела се соочуваат со значителен и растечки ризик од неправедно притворање“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Тие објавија највисоко, четврто ниво […]

Мексико планира да го ревидира трговскиот договор со САД и Канада на почетокот на есента


Мексико очекува планираната ревизија на трилатералниот трговски договор со САД и Канада (USMCA) да започне на почетокот на четвртиот квартал од оваа година, изјави денеска мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард. „Официјалниот почеток на евалуацијата се очекува кон крајот на септември, првата недела од октомври“, рече министерот. Ебрард, исто така, минатата среда изјави дека автомобилите […]

САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца


Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека вакцинацијата против Ковид-19 повеќе не се препорачува за бремени жени и здрави деца. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор во видео обраќање на платформата X објави дека тие вакцини се отстранети од препорачаната програма за вакцинација на ЦДЦ за тие две категории на […]

Хокеарите на САД го освоија мундијалскиот трофеј прв пат од 1960 година


Селекцијата на САД синоќа во Стокхолм ја победи Швајцарија со 1:0 во финалето на Светското првенство во хокеј на мраз. Стрелец на единствениот гол беше американскиот напаѓач Тејџ Томпсон во третата минута од продолжението, откако по основните 60 минути немаше победник ниту постигнат гол. Репрезентацијата на САД го освои Светското првенство во хокеј по трет […]

САД ги убалажуваат санкциите против Сирија


 Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги ублажи санкциите кон Сирија, што беше поздравено од привремените сириски власти. Минатата недела, Трамп вети дека ќе ги суспендира санкциите за да ѝ помогне на Сирија да се опорави од разорната граѓанска војна. Министерот за финансии Скот Бесент соопшти дека ублажувањето на санкциите е со цел да […]

Федерален судија привремено ја суспендира одлуката на Трамп да му забрани на Харвард да прима странски студенти


Федерален судија во САД привремено ја суспендира одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да му го одземе правото на Универзитетот Харвард да прима странски студенти. Со одлуката на судијата Кристофер Купер од Федералниот округ Колумбија, барем засега, не се нарушува статусот на странците кои студираат на една од најпрестижните високообразовни институции во САД. Универзитетот […]

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата од Трамп за царините


Европската Унија работи „добронамерно“ за да обезбеди спроведувањето на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави да се базира на „почитување“, а не на „закани“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ, по коментарите на Доналд Трамп за можни царини од 50 проценти. Американскиот претседател изјави дека не „бара трговски договор“ со Европската Унија, заканувајќи се […]

САД повеќе нема да кова монетите од еден цент


Министерството за финансии на САД донесе одлука да запре со изработка на монетите од еден цент, објави весникот „Волстрит џурнал“. Паричка, што во САД се нарекува и пени, е во употреба 232 години односно од 1793 година. Одлуката се очекува да стапи во сила на почетокот на 2026 година и е донесена поради високите трошоци […]

Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти


Администрацијата на Доналд Трамп денеска соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет. „Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до […]

Зошто пазарот на обврзници одеднаш паничи поради „големиот, прекрасен закон“ на Трамп


Пазарот на обврзници, кој е дефинитивно неатрактивен, обично е доста тивок. Но, кога сакаат, инвеститорите во обврзници можат да испратат гласна и јасна порака до Вашингтон. Токму тоа го направија во четврток. Аукцијата на 20-годишни обврзници што ја одржа Министерството за финансии на САД во среда беше исполнета со невообичаено слаба побарувачка. Според податоците од […]

Мексико се уште преговара со Трамп за царините


Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум разговараше со својот американски колега Доналд Трамп денеска и рече дека двете земји се уште бараат договор за укинување на преостанатите царини. „Продолжуваме да разговараме за трговски прашања“, изјави Шајнбаум по телефонскиот повик, најновиот во серијата разговори меѓу двајцата лидери. „Продолжуваме да преговараме, со добри односи и добра комуникација“, додаде таа. […]

Десетте најбогати Американци лани се збогатија за 365 милијарди долари. Сега може да добијат огромно намалување на даноците


И покрај краткото пазарно заплашување, 10-те најбогати Американци се збогатија за 365 милијарди долари во изминатата година, според нова анализа од Оксфам. Зачудувачкото зголемување на богатството претставува добивка од приближно 1 милијарда долари дневно за тие милијардери. Спротивно на тоа, типичниот американски работник заработил нешто повеќе од 50.000 долари во 2023 година. Оксфам откри дека […]

Во Истанбул денеска ќе има тројни средби на претставници на САД и Турција со Украинците и Русите


Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. „Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни […]

Законот донесен во 1798 година може да се користи за забрзување на депортациите од САД, пресуди федерална судијка


Федералната судијка во американската држава Пенсилванија, Стефани Хејнс пресуди дека САД можат да го користат Законот за странски непријатели, донесен во 1798 година, за да ја забрзаат депортацијата на наводните членови на венецуелските банди, но мора да ги известат најмалку 21 ден однапред и да им дадат можност да ја оспорат депортацијата. Судијка Хејнс наведе […]

Падна цената на јајцата во Америка: Едно јајце сега чини 0,42 долари


Цените на јајцата во САД паднаа за прв пат по неколку месеци, но остануваат близу рекордно високо ниво, според владини податоци објавени денес. Индексот на потрошувачки цени покажа дека просечната цена за 12 јајца од класа А паднала на 5,12 долари во април (0,42 долари по јајце). Цените на јајцата во САД се искачија на […]

САД прифатија бели бегалци од Јужна Африка кои наводно биле расно дискриминирани


Група од 59 белци (африканери) од Јужна Африка пристигнаа синоќа на аеродромот Дулс во близина на Вашингтон со чартер лет финансиран од владата на САД, откако добија бегалски статус од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Африканери се нарекуваат потомците на холандски доселеници кои живеат во Јужна Африка. Групата замина од Јоханесбург во неделата навечер и […]