Ишиба: Јапонија ќе ги продолжи трговските преговори со САД


Премиерот на Јапонија, Шигеру Ишиба изјави дека Токио ќе ги продолжи трговските преговори со САД за да се постигне договор за билатерална трговија што ќе им користи на двете земји. Неговата изјава уследи како одговор на писмата од американскиот претседател Доналд Трамп, во кои ги предупредува Јапонија и Јужна Кореја дека ќе воведе за царини […]

Мицкоски верува дека ќе бидеме во групата земји со најниски царини за извоз во САД


Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.  – Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар, […]

Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август


Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август, пренесува Бета. Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји. Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во наредните денови ќе бидат […]

Странците ќе плаќаат поскапо за влез во националните паркови на САД


Претседателот Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која влезниците во националните паркови во Соединетите Држави ќе бидат поскапи за странските туристи. За оние со американско државјанство, таксите ќе останат исти, им рече Трамп на поддржувачите во Ајова, поврзувајќи ја својата политика со еден од неговите добро познати слогани: „Америка на прво место“. Уредбата, исто […]

Сенатот го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран


Американскиот Сенат вчера го отфрли предлогот на демократите да се спречи претседателот Доналд Трамп во иднина да употреби воена сила против Иран без одобрение од Конгресот, само неколку часа откако Трамп изјави дека ќе размисли повторно да го бомбардира Иран ако збогати ураниум до нивоа потребни за нуклеарно оружје. Сенатот, во кој доминираат републиканците, гласаше […]

САД и Кина потврдија дека потпишале договор за крај на трговската војна


САД и Кина соопштија дека постигнале договор со кој се става крај на трговската војна меѓу двете земји, но спогодбата не ги решава сите отворени прашања во билатералната трговија. Договорот, потпишан пред два дена, се темели на рамковните спогодби постигнати во Женева во мај, соопштија официјални лица од двете страни. Американскиот министер за трговија Хауард […]

САД повеќе нема да ја финансираат Глобалната алијанса за вакцини


Глобалната алијанса за вакцини (GAVI) обезбеди 9 милијарди долари за вакцинирање на најсиромашните деца во светот во следните пет години, изјави претседателот на одборот на организацијата, Жозе Мануел Баросо. Организацијата ја објави вкупната сума на крајот од самитот на донатори во Брисел. Износот ги вклучува ветувањата од донатори како што се Обединетото Кралство и Фондацијата […]

САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година


Почнувајќи од денеска,  26 јули, САД ја продолжуваат за уште една година националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година. Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша од американскиот претседател Доналд Трамп, а ја објави Федералниот регистер на САД. Во документот се наведува дека националната безбедност и […]

Топлотен бран затвори туристички атракции во САД, во Вашингтон и Бостон 38 степени


Десетици милиони луѓе во големите градови низ североисточниот дел на САД вчера беа изложени на рекордно високи температури кои се очекувани бидејќи топлотен бран го зафати поголемиот дел од земјата од крајот на минатата недела, а некои туристички атракции денеска треба да бидат затворени. Се очекува температурите во Вашингтон и Бостон да се искачат до […]

Нафтата на 100 долари? Тоа сценарио сега не изгледа толку неверојатно


Пазарите на нафта влегуваат во нова фаза на неизвесност откако САД се приклучија на војната меѓу Иран и Израел, а експертите предупредуваат за троцифрени цени. Инвеститорите внимателно го следат одговорот на Техеран на американските напади врз неговите нуклеарни постројки, а министерот за надворешни работи на Иран предупредува дека неговата земја ги задржува „сите опции“ за […]

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“ на синоќешниот американски напад врз нуклеарните објекти на Иран, нарекувајќи го чин на агресија. Пезешкијан ги дал овие забелешки во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. -Американците мора да добијат одговор на нивната агресија, рече иранскиот претседател. Пезешкијан денеска беше на антиамерикански демонстрации во Техеран, каде што […]

Официјален Пекинг остро го осуди нападот на САД врз Иран


Кина остро го осуди нападот на САД врз Иран и нуклеарните објекти под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството во соопштение на својата веб-страница наведува дека овој потег претставува сериозно кршење на Повелбата на ОН и дополнително ја влошува ситуацијата на Блискиот Исток. Кина ги […]

Реакции на светски лидери по нападите на САД врз цели во Иран


ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН, АНТОНИО ГУТЕРЕШ, ИЗЈАВА „Сериозно сум вознемирен од употребата на сила од страна на САД против Иран. Ова е опасна ескалација во регион кој е веќе на работ – и директна закана за меѓународниот мир и безбедност. Постои растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола – со катастрофални последици за […]

Иранскиот лидер го отфрли повикот на Трамп да се предаде


  Врховниот лидер на Иран во средата ги отфрли повиците на САД за предавање пред жестоките израелски напади и предупреди дека секое воено вклучување на Американците ќе им предизвика „непоправлива штета“, во снимено видео емитувано од државната телевизија. Ова беше второ јавно појавување на ајатолахот Али Хамнеи откако започнаа нападите, а дојде еден ден откако […]

Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив


Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, објави дека Амбасадата и Конзулатот на САД во Израел ќе останат затворени денеска од безбедносни причини. Наредбата за засолниште останува на сила. Според него, имало помала штета во близина на филијалата на амбасадата во Тел Авив поради детонации на ирански ракети, но нема повредени американски лица. 

САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии


САД го намалуваат својот персонал кој не е од суштинско значење за активностите на земјите на Блискиот Исток, а причината е регионални немири, објавија Стејт департментот и американската армија. Стејт департментот соопшти дека наредил заминување на својот несуштински персонал од амбасадата на САД во Багдад по конечниот преглед на ситуацијата и намерата „да се зачува […]

САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка


Преговарачките тимови на САД и Кина постигнале начелна согласност за заедничка рамка за надминување на трговските разлики, која сега треба да биде одобрена од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. – Двете страни се согласија на заедничка рамка и ќе ја презентираат пред своите лидери, изјави кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченган по дводневната […]

Понудата на ЕУ„нула-за-нула“ царина заглави поради отпорот на САД


Европската Унија се помирува со фактот дека нејзиниот обновен предлог за отстранување на царините за индустриски стоки не води никаде кај американската администрација, изјавија тројца функционери и дипломати за „Политико“. Во обид да избегне трговска војна со претседателот Доналд Трамп, Европската комисија ја обнови понудата на почетокот на април за отстранување на (веќе ниските) царини […]

САД го именуваа Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа


САД именуваа американски генерал за нов врховен командант на НАТО во Европа, смирувајќи ги стравувањата дека Вашингтон би можел да се откаже од клучната улога што ја имаше од основањето на Алијансата. Генералот на воздухопловните сили Алексус Гринкевич е номиниран од американскиот претседател Доналд Трамп и одобрен од 32-та сојузници на НАТО, соопштија Министерството за […]

САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа


САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата. – Ставот на САД е јасен, не можеме да поддржиме никакви мерки доколку во нив нема осуда […]