Во Стокхолм нов круг разговори меѓу САД и Кина за царините


 Американскиот секретар за финансии Скот Бесент и високи кинески претставници денеска и утре во Стокхолм ќе одржат нови разговори во врска со спорот околу царините. Главна цел на преговорите е продолжување на тековната пауза на царините, која е во сила до 12 август. Кинеската делегација се очекува да ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг. Од април, […]

САД ја обвинија Кина на седницата на СБ на ОН за поттикнување на руската агресија во Украина


Вршителката на должноста амбасадор на САД во ОН, Дороти Ши, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ја обвини Кина за поттикнување на руската агресија во Украина, додека заменик-кинескиот амбасадор во ОН, Генг Шуанг, го обвини Вашингтон дека се обидува да ја префрли вината и да предизвика конфронтација. Ши ги повика сите земји, […]

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема


 САД објавија дека даваат гаранција за кредит од 4 милијарди долари на Полска за купување американска воена опрема во контекст на зајакнување на нејзината одбрана и војната во Украина. „Полска останува еден од најцврстите и најсигурните сојузници на САД во Европа, земја на фронт линијата на источното крило на НАТО и лидер во инвестициите во […]

САД одобрија продажба на опрема за ПВО за Украина во вредност од 180 милиони долари


Американскиот Стејт департмент соопшти дека ја одобрил продажбата на опрема и услуги за Украина за поддршка и одржување на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) од американско производство, во вредност до 180 милиони долари. – Владата на Украина побара купување опрема и услуги за обука, одржување и модернизација на постоечките системи за противвоздушна одбрана од американско […]

САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава


 Соединетите Американски Држави остро го критикуваа соопштението на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе ја признае палестинската држава, нарекувајќи го овој потег невнимателен и штетен за мировните напори, пренесе ДПА. – Оваа невнимателна одлука служи само за пропагандата на Хамас и го кочи мирот, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на X. – Овој потег […]

Јапонија е победник во трговскиот договор со САД?


  САД и Јапонија постигнаа историски трговски договор со кој се наметнува царина од 15 проценти за јапонските стоки увезени во САД. Иако новата царинска стапка е пониска од претходната закана на претседателот Доналд Трамп за царина од 25 проценти, таа е сепак повисока од привремените 10 проценти што беа во сила за време на […]

Олимпискиот комитет на САД им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женски натпревари


Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави (USOPC) им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женски олимписки спортови, објави „ABC News“, повикувајќи се на соопштение од комитетот. Ажурираната верзија на политиката за безбедност на спортистите на USOPC не го користи директно зборот „трансрод“. Сепак, се забележува дека ревидираната политика ја нагласува важноста на обезбедувањето фер […]

Српските ватерполисти ги победија САД и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство


Српската ватерполо репрезентација ги победи САД со 14:9 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Србите го оправдаа својот статус на фаворити и водеа со 3:1 по првата четвртина, а на полувремето влегоа со предност од 6:3. Србија влезе во последната четвртина со предност од 10:5, и немаше проблем да ја задржи стекнатата предност […]

Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина


Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон. Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на Икс, пренесе Униан. Законот треба да биде разгледан во Сенатот, […]

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии


САД го отфрлија договорот усвоен од земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО), чија цел е да ја зголеми подготвеноста за идни пандемии по нееднаквите реакции на коронавирусот, соопшти денеска американската влада. Министерствата за надворешни работи и за здравство соопштија дека денеска официјално ја известиле СЗО дека САД го отфрлаат правно обврзувачкиот акт усвоен во мај […]

Патниците во САД ќе мора да платат нова такса од 250 долари


Посетителите на Соединетите Американски Држави во иднина ќе мора да платат таканаречена „такса за интегритет на визата“, според одредба во новиот закон на администрацијата на Доналд Трамп, наречен Еден голем прекрасен закон. Оваа такса важи за сите странски државјани на кои им е потребна неимигрантска виза за влез во земјата и не може да се […]

Америка уништи 500 тони храна складирана на Блискиот Исток – ѝ истекол рокот


Стејт департментот потврди дека 500 тони храна што се наоѓала во магацин на Блискиот Исток е уништена. Тие нагласија дека морале да ја уништат храната бидејќи ѝ е истечен рокот и забележуваат дека овој потег нема да влијае на дистрибуцијата на слична помош во иднина. Бисквитите со висока енергетска вредност, кои првенствено се користат за […]

Што тргна лошо во трговските преговори меѓу САД и ЕУ?


  Малку повеќе од три месеци откако Трамп прогласи „Ден на ослободувањето“, ЕУ повторно се соочува со можноста за високи тарифи освен ако некако не ги исполни неговите барања до 1 август. Заканата за тарифи од 30 проценти, доставена во форма на писмо објавено на Truth Social во саботата, предизвика бран дипломатски превирања во текот […]

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија


Авторите на новиот двопартиски предлог-закон за санкции кон Русија ги информираа европските сојузници и Украина за содржината на мерките, кои, според нив, ќе претставуваат „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва. Законот, предложен од сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија), предвидува воведување царини од 500 отсто на увоз на стоки од […]

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа  Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот […]

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина


  Европските земји се држат во темнина за плановите на американската администрација за нивната безбедност и поддршка за Украина. Политиката на Доналд Трамп останува непредвидлива, но ситуацијата е уште полоша во областа на контактите со Пентагон. Се чини дека министерот за одбрана Пит Хегсет стана иритантен дури и за Белата куќа. Украинците и Европејците не […]

Анкета: За Канада и Мексико најголема закана се САД, а за Американците е Кина


Резултатите од најновата анкета на Истражувачкиот центар Пју“ (Pew Research Center) покажуваат дека 59 проценти од Канаѓаните ги сметаат САД за најголема закана за нивната земја. Досега Кина беше најголема закана по Канада. Но, откако претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ја анектира Канада како 51-ва држава на САД и почна трговска […]

САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките. Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е […]

САД воведуваат санкции за Италијанката која е специјален известувач на ОН за Палестина


САД воведуваат санкции за Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за човекови права на окупираните палестински територии, поради нејзините напори Меѓународниот кривичен суд (МКС) да преземе мерки против американски и израелски функционери, компании и нивните лидери, изјави американскиот државен секретар. Обвинувајќи ја Албанезе за пристрасност во својот извештај, американскиот државен секретар Марк Рубио рече дека […]

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините


Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе царини од 50 проценти за индустрискиот метал во најновата ескалација на трговската војна на претседателот. „Денес се занимаваме со бакар“, рече Трамп пред состанокот на кабинетот, додавајќи дека верува оти тарифите ќе бидат 50 проценти. […]