Изгаснат пожарот во хотелот „Космос“ во Москва, 230 луѓе евакуирани


Русија – Изгаснат е пожарот што избувна синоќа во хотелот „Космос“ во центарот на Москва, кој зафати површина од 25 метри квадратни. Засега нема информации за евентуални настрадани. Според претходните информации, евакуирани се 230 луѓе од хотелот. Службата за итни случаи соопшти дека пожарот избувнал на 15. кат од хотелот од каде се гледаше густ сив […]

Путин: Русија е заинтересирана за обнова на целосните односи со ЕУ


Русија– Русија е заинтересирана за обнова на целосните односи со Европската унија во името на поддршка на мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот заеднички континент, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Кориере дела сера. Интервјуто е објавено денеска на денот на пристигнување во посета на Италија. – Подготвени сме за конструктивни односи со […]

Полицијата во Москва доби 16 анонимни закани за поставени бомби


Русија– Анонимни закани за поставени бомби доби полицијата во Москва денеска меѓу кои е и катедралата Христос Спасител и телевизиската кула Останкино. -Полицијата почна со итна проверка, изјави портпарол на полицијата во Москва. Според него, веќе се проверуваат сите места за кои е добиен сигнал за поставена бомба.

Извозот во Русија се одвива непречено и бележи постојан раст


Македонската економија во првите неколку месеци од годинава бележи зголемување на вкупниот извоз на пазарот во Русија за 41 процент, од кои само кај земјоделските и прехранбените производи растот изнесува 90 проценти за месец јануари, споредено со истиот месец минатата година. Ова беше истакнато на денешната свеченост по повод одбележувањето 14 години Македонско-руска стопанска комора […]

Ким Јонг-Ун наскоро во Москва


Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-Ун ќе допатува во посета на Русија на разговори оваа пролет или на лето, изјави денеска рускиот пратеник Александер Башкин, пренесуваат агенциите. „Точниот датум на посета не е утврден“, рече Башкин. САД минатата недела воведоа нови санкции за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. Тоа беше прв ваков чекор на […]

Русија ќе распореди бомбардери Тупољев на Крим


Русија одлучи да распореди стратешки бомбардери Тупољев (Ту-22М3) на полуостровот Крим како одговор на американското поставување на систем за ракетна одбрана во Романија. – Русија планира да постави бомбардери, кој можат да носат нуклеарни бомби, во воздухопловната база Гвардескоје на Крим, изјави шефот на Одборот за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент, […]

За Русија станавме Северна Македонија


Руската федерација го прифати новото име на нашата земја и од денеска ќе ни се обраќа како Република Северна Македонија. На 19 февруари, руската амбасада во Скопје добила белешка од Министерството за надворешни работи на владата во Скопје за новото име на државата. Последично, Москва ја признава земја под новото име: „Република Северна Македонија”, се наведува […]

Бешлиев: Извозот во Русија без проблеми, прифатени сертификатите со новото име на државата


Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија. Како што изјави директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан […]

(ФОТО+ВИДЕО)Русија во океаните пушта нуклеарни подморници


Русија планира во својата флота во 2019 година, да вклучи две нуклеарни подморници, потврди министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Како што се наведува, двете подморници се унапредена верзија на оригиналните модели, а освен тие две се очекува уште неколку такви нуклеарни подморници да се вклучат во руската флота до 2021 година. Се работи за подморници […]

Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија


Пентагон се закани на Турција со „технички последици“ во случај да се реализира купувањето на рускиот противракетен систем С-400, пишува американскиот весник „Хил“. Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс изјави дека тоа многу лошо ќе се одрази на целокупната воена соработка меѓу САД и Турција. Турција, која е членка на НАТО, планира да купи руски ракетен […]

Блумберг: Путин се залага за руски интернет


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува предлог-законот наречен „Суверен интернет“, со кој би се поставиле темелите на руски интернет, односно целокупниот сообраќај во рускиот кибер простор би бил контролиран од главен контролен центар, објави Блумберг. На тој начин би можеле да се блокираат или цензурираат „непослушните“ корисници на интернет, но и да се врши надзор […]

Лавров: Русија е подготвена да посредува помеѓу Индија и Пакистан


Русија е подготвена да им понуди на Индија и Пакистан платформа за разговор, откако се зголемија тензиите помеѓу двете нуклеарни сили, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. – Секако, ако сакаат, наведе Лавров. Во меѓувреме, тензиите помеѓу Њу Делхи и Исламабад почнаа да се намалуваат откако пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд […]

Зелен снег ги труе граѓаните во руски град


Во рускиот град Первоуралск зелен снег ги загрижи граѓаните поради можноста од загадување, а претпоставуваат дека тоа е резултат на работата на фабриката во близина. Наталија Соловеј, жителка која објави фотографии од зелениот снег, вели дека го забележала во близина на градинка, каде секојдневно поминуваат деца. „Децата се разболуваат, кашлаат, а нивната кожа поцрвенува, и […]

Повикан амбасадорот да го објасни инцидентот над Балтикот


Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го повикаат на разговор рускиот амбасадор за да објасни зошто порано оваа недела руски борбен авион пролетал на само 20 метри од шведскиот извиднички авион над Балтичкото Море. Портпаролката на шведското министерство Дијана Кудхаиб за шведската ТВ станица СВТ рече дека Шведска, овој инцидент го смета за […]

Русија и Индија заедно работат на хиперсонична ракета


Во следните неколку години ќе биде лансирана хиперсоничната воздушна ракета Брамос-2, на која Русија и Индија работат заедно, објави „Независимаја газета“. Прототипот на ракетата Брамос-НГ беше презентиран на Аеро Индија 2019, од страна на руско-индиската компанија Брамос аероспејс. Според шефот на Одделението за информатички технологии во компанијата, Правин Патхак добро се одвива работата на хиперсоничниот […]

(Видео) Акармара – град на духови, има само 35 жители


Во рускиот град Акармара некогаш живееле повеќе од 5.000 жители, додека регионот броел повеќе од 400.000 луѓе, а сега има само 35. Денес се смета за бизарна локација која ја посетуваат туристи од сите делови на светот, а зградите кои некогаш биле полни со семејства зјаат празни и напуштени. Граѓаните на Акармара се разотидоа поради […]

Помпео во Централна Европа, главна тема влијанието на Кина и Русија


Вашингтон – Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре ќе допатува во повеќедневна посета на Централна Европа. Како што пренесуваат светските агенции, на врвот на неговата агенда е зголеменото влијание на Кина и Русија во тој регион. Според американски официјални претставници, Помпео за оваа проблематика ќе разговара со лидерите на Унгарија и Словачка, во понеделник и […]

Најмалку шест рудари загинаа во автобуска несреќа во Сибир


Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени кога автобус кој превезувал рудари на работа паднал во бездна во западниот сибирски регион Кемерово, соопшти локалната полиција. Во несреќата се повредени 16 лица, од кои неколкумина потешко. Според полициски извори, до несреќата веројатно дошло затоа што возачот загубил контрола врз автобусот. Претставници на рудникот Распадски потврдија […]

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија


Белгија – Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју , раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат. Како ја откривте оваа мрежа? Имам веб страница за проверка […]

Маглов: Русија не е против Северна, ама е против Македонија во НАТО


Русија нема ништо против договорот од Преспа за името, но се противи на членството на Македонија во НАТО, изјавил рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов на брифинг во Атина во врска со посетата на грчкиот премиер Алескис Ципрас на Москва. – Ако Атина и Скопје постигнат договор за името и ако тоа биде официјално прифатено во […]