Русија: Повлекувањето на САД е добро за политичко решение во Сирија


Одлуката на САД да ги повлечат своите војници од Сирија создава добра перспектива за политичко решавање на кризата во таа земја, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Руското МНР, исто така, оцени дека иницијативата за формирање сириски уставен комитет има „светла иднина“, заедно со повлекувањето на американската војска. Пентагон соопшти претходно денеска дека започнал […]

Помпео: Приемот на Македонија во НАТО ќе го намали руското влијание


Влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават на „недобронамерните активности“ на Русија во регионот, изјавил државниот секретар на САД Мајк Помпео по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос. Тој нагласил дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и верува дека грчкото раководство […]

Блумберг: Можно е НАТО и Русија да се судрат на Балканот


Во анализа по повод Акцискиот план за членство на БиХ во НАТО, американската агенција Блумберг предупредува дека следниот судир на НАТО со Русија би можел да се случи на Балканот, нагласувајќи дека Алијансата очекува да прими уште членки од Балканот, каде е „инволвирана во борбата за влијание со Русија“. Во тој контекст, Блумберг укажува дека […]

СИПРИ: Русија се искачи на второ место меѓу најголемите производители на оружје во светот


Шведска– Русија се искачи на второ место меѓу земјите производители на оружје во 2017 година. Таа е рангирана по САД, кои се на првата позиција, се наведува во извештајот на  Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ). -Руските компании се соочуваат со значително зголемување на продажбата на оружје од 2011 година, вели истражувачот […]

Путин се надева на затоплување на грчко-руските односи


Рускиот претседател Владимир Путин  денеска изрази надежт дека традиционално топлите односи на Русија со Грција се обновени по спорот, кој се случи претходно оваа година. – Се надевам дека оваа страница навистина е затворена, изјави Путин на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Руските односи со Грција во јули беа нарушени, кога Грција одлучи […]

Русија – главна тема на средбата на шефовите на дипломатии на земјите од НАТО


Русија е главна тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел. Тие ќе разговараат за начините како Москва да се одврати од дестабилизација на Украина, а воедно и да се охрабри да го почитува Договорот за нуклеарни проектили со среден и кус дострел. Американскиот државен секретар Мајк Помпео […]

Во Русија годинава зголемен бројот на милијардери од 69 на 74


Русија-Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Креди Суис. Во извештајот се нагласува дека постои нееднаква распределба на богатството во државата. „Силната концентрација на богатство во Русија се одразува на фактот дека има 74 возрасни милијардери и покрај ниското […]

Путин нареди вежба на руските стратешки нуклеарни сили


По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, вчера се одржаа вежби на руските стратешки нуклеарни сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија. – Вежбата на стратешките нуклеарни сили е одржана на 11 октомври 2018 година по наредба на претседателот на Русија и врховен командант Владимир Путин, се наведува во соопштението. Министерството за одбрана додава дека руските […]

Рускиот амбасадор во Тирана: Русија не се меша во Македонија


Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО. Сметам, додава тој, […]

Русија декласифицира тајни документи од Втората светска војна


Руската Надворешна разузнавачка служба (СВР) декласифицира документи што се однесуваат на соработката меѓу советските и британските тајни служби за време на Втората светска војна. Ова денеска го изјави шефот на СВР Сергеј Наришкин кој на телевизија покажа неколку документи и фотографии од тој период. „Тоа е заедничка операција со Британците, насловена Ајс-екс, во Втората светска […]

НАТО: Да беше Русија пријател ќе го поздравеше референдумот


Слободанка Јовановска Наш специјален известувач Брисел – По обвинувањата од Русија дека од надвор се наметнува одлука на граѓаните во Македонија околу членството во НАТО и договорот од Преспа од алијансата порачуваат дека да ѝ беше Русија навистина пријател на Македонија -и таа ќе застанеше зад референдумот. -Ова е домашно прашање. Наш интерес е едноставно […]

Читај за Русија, пишувај за Македонија


Речиси истите зборови што веднаш по референдумот ги употребија руското министерство за надворешни работи и официјалните српски претставници, можеа да се слушнат и од вилата во Водно каде што претседателот Ѓорге Иванов го прогласи неделното гласање за неуспешно, а договорот за името со Грција – „мртов“. Зад декларативната желба за европска интеграција на Македонија доминира […]

Вучиќ оди кај Путин


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на почетокот на октомври во Москва. Двете држави подолго време ја планираа средбата, која доаѓа во период на високи очекувања од преговорите меѓу Србија и Косово. Претходната нивна средба се случи во мај во Москва, каде Путин и Вучиќ […]

Москва: Никој да не создава конфликти на Балканот


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на заедничка прес-конференција со босанскиот колега Игор Црнадак во Сараево изјави дека никој од надвор не треба да создава конфликтни ситуации на Балканот и да претендира на целосна контрола над регионот. – Никој од таквите надворешни играчи не треба да претендира дека тој ќе го контролира Балканот, а на […]

Одличниот македонски на новиот руски амбасадор


Новиот руски амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин, ја изненади јавноста со одличниот македонски јазик при предавањето на акредитивните писма кај претседателот Ѓорѓе Иванов. Иако имаше помош од хартијата на која му беше напишан говорот, амбасадорот изгледаше како да зборува на мајчин јазик. Од Амбасадата на Руската Федерација во земјава велат дека Баздникин посетувал часови по […]

Заев: Сакаме пријателство со Русија


„Немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. Точно е тоа дека не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија, но таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западен Балкан“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. […]

Влезот во НАТО поплочен со руска калдрма


Премиерот Зоран Заев вчера ѝ порача на Русија дека треба да биде свесна оти нема алтернатива за Република Македонија освен полноправно членство во Европската Унија и НАТО. Со тоа продолжија препукувањата околу тоа дали руски и грчки бизнисмени со врски во Москва работат на кршење на договорот за името и оставање на нашата земја надвор […]

Бачев до Заев: Ако сум зел пари, да ги распуштиш службите


Моќни грчки бизнисмени, кои имаат симпатии кон Русија, финансираат луѓе во Македонија за да се организираат протести и насилства против договорот за името со Грција, односно влегувањето на Македонија во НАТО. За таа цел биле исплатени десетина илјади долари пред клучниот референдум наесен, кој ќе покаже дали малата балканската држава ќе може да се приклучи […]

Шекеринска: Нема да дозволиме Русија да го опструира договорот со Грција


Македонија нема да и дозволи на Русија да го опструира Договорот со името со Грција, кој на Скопје му ја отвори вратата за влез во НАТО, порача денеска во Загреб министерката за одбрана,  Радмила Шекеринска. – Отсекогаш говоревме дека сакаме добра соработка со Русија, но одлуките се на нас. Македонија донесе одлука, изјави Шекеринска пред […]

Грција протерува руски дипломати, се мешале и во договорот за името


Грчката влада одлучи да протера двајца  руски дипломати и да им забрани влез во Грција на други двајца, поради мешање во внатрешните работи на земјата и активности против  националната безбедност на Грција, како и поради обид да влијаат на одлуките на власта по прашањето за новото име на Македонијаинформира весникот „Катимерини“. Атина ги обвини руските […]