Ова се ТОП 10 најголеми компании во Русија


Од 1922 до 1991 година, Советскиот Сојуз (СССР) не само што беше најголемата земја во светот, туку и една од најнаселените, највлијателните и најмоќните држави. Денес, модерна Русија сè уште има од сето тоа. Иако повеќе не е суперсила, Руската Федерација закрепна по падот на Советскиот Сојуз и стана 11-та по големина економија во светот, […]

Можат ли западните фанфари да го спречат Путин да влезе во Украина


Британскиот „Тајмс“ наведува дека во дипломатските кругови постои сомнеж дека опцијата за воведување санкции ќе ја одврати Русија на Владимир Путин и ќе го обесхрабри од секој обид за инвазија на Украина. Меѓутоа, британските официјални лица сметаат дека силната демонстрација на единство за време на самитот на Г7 во Ливерпул барем ќе го поттикне рускиот […]

Русија стави вето на резолуција на ОН која климатските промени ги поврзува со безбедноста


Русија денеска стави вето на резолуција на Обединетите нации, прва од ваков вид, со која климатските промени се претставени како закана за меѓународниот мир и стабилност. Нацрт-резолуцијата ја изготвиле Ирска и Нигер и во неа се бара „вклучување на информации за безбедносните импликации од климатските промени“ за да може Советот за безбедност на ОН „да посвети соодветно внимание на сите основни […]

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица


Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или […]

Путин возел такси по распадот на СССР


  Рускиот претседател Владимир Путин откри дека возел такси за да врзе крај со крај по распадот на СССР. Неговите зборови г пренесе државната новинска агенција РИА Новости во неделата, со филмот „Русија. Неодамнешна историја“ прикажан на телевизискиот Канал 1. Путин откри дека повремено работел како таксист за да ги зголеми своите примања. „Понекогаш морав […]

Г7 ја предупреди Русија со „масивни последици“ ако ја нападне Украина


Големите економски сили го поддржаа правото на Украина да ја „одреди својата иднина“   Русија ќе се соочи со „масивни последици и тешки трошоци“ доколку продолжи со натамошна воена агресија против Украина, предупредија во неделата министрите за надворешни работи од групата на демократски сили Г7. Земјите од Г7 се обединети во нивната „осуда на руското […]

Г7 ја предупреди Русија на тешки последици доколку ја нападне Украина


Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја напдне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми. На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на […]

САД ќе испратат војници во Источна Европа при евентуална инвазија на Русија врз Украина


САД– САД имаат намера да испратат војници не во Украина, туку во соседните НАТО земји, во случај на евентуална инвазија на Русија. Ова синоќа го соопшти американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања на новинари во Вилмингтон, во државата Делавер, каде го минува викендот. Неговата изјава веднаш беше објавена на интернет страницата на Белата куќа. […]

САД ја испраќаат Карен Донфрид за посредник во спорот меѓу Украина и Русија


САД- Американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Карен Донфрид, следната недела ќе ги посети Украина и Русија за да разговара за воените тензии на границата меѓу двете земји, соопшти вечерва американското Министерство за одбрана. Донфрид од понеделник до среда ќе престојува во Киев и Москва, а со претставниците на земјите домаќини ќе разговара за посветеноста […]

Моравјецки: Русија да избере дали е со или против Европа


Полска– Русија мора да одлучи дали ќе биде со Европа или против неа, а засега таа го избира конфликтот, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервјуто за италијанскиот весник „Ла република“. -Русија мора да избере дали сака да биде со Европа или против неа. Владимир Путин денеска го избира конфликтот. И ова и штети не […]

Столтенберг го одби ветото на Русија за евентуалното членство на Украина во НАТО


Белгија – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво вмешување на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да го одбие евентуалното членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва. -Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО […]

Анкета: Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за агресор


Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за „непријателска земја“. Ова го покажуваат податоците од новата студија спроведена по распоредувањето на руски војници во близина на украинската граница. Само 12 отсто од Украинците ја сметаат Русија за сојузник. Анкетата ја спроведе социолошката агенција „Рејтинг“. Во изминатите две години, процентот на Украинци кои бараат […]

Руските власти забранија извоз на маски и медицински производи


Поради ширењето на новиот коронавирус, руската Влада изрече привремена мерка забрана за извоз на некои медицински производи и опрема, вклучително и заштитни маски и антивирусни лекови, која ќе биде во сила до 1 јуни. Забраната ја потпиша рускиот премиер Миахил Мишустин. – Се изрекува привремена мерка за забрана за извоз од Руската Федерација на производи […]

Русија бара од „ЈуТјуб“ да спречи споделување информации за протести


Русија – Руската агенција за надзор на медиуми побара од „Гугл“ да преземе акција за да ја спречи нејзината страница „ЈуТјуб“ да им овозможува на корисниците да испраќаат информации за неовластени протести во Русија. Тој потег на Роскомнадзор следува по неколку демонстрации во Москва поради одбивањето на номинации на некои опозициски и независни политичари за изборите […]

Руси на Далечниот Исток купуваат масовно јод поради страв од радијација


Русија– На далечниот север на Русија, масовно се купува јод поради кратката радијација како резултат на несреќа со воена ракета, јавуваат руските медиуми. Залихите на јод во аптеките се на крај, особено во градовите Архангелск и Северодвинск. Јодот може да спречи навлегување на радиоактивен јод во тироидната жлезда, но апчињата исто така може да предизвикаат здравствени […]

На протестите во Москва 50.000 лица побараа слободни избори


Русија – Околу 50.000 лица се собраа на вчерашните протести во Москва против исклучувањето на независни кандидати од локалните избори во септември. Дозволениот собир беше ограничен на една московска авенија и мина без инцидентити. Стотици демонстранти сакаа да го продолжат протестот пред зградата на претседателската администрација, но близу беа распоредени бројни полициски сили, пренесува Хина. Московската […]

Американскиот амбасадор во Русија поднесе оставка


САД– Амбасадорот на САД во Русија, Џон Хантсман му ја предаде својата оставка на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој планира да ја напушти својата функција на 3 октомври, за да има доволно време да се именува и потврди неговиот наследник, напишал Хантсман. Педесет и девет годишниот Хантсман е американски амбасадор во Русија од 3 октомври […]

Стејт департментот ги прецизира новите санкции против Русија


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша указ за воведување втор пакет санкции против Русија за случајот Скрипал. Во врска со ова, американскиот Стејт департментот синоќа во одвоено соопштение за јавноста прецизираше дека се санкцинирани руските државни обврзници додека меѓународните кредитори, како ММФ или СБ, се повикуваат да не доделуваат кредити на Москва. Мерките […]

Бизарна смрт на руска модна блогерка : Ја пронашле мртва во ковчег


Русија- Екатерина Карагланова, руската модна блогерка е пронајдена мртва во изнајмениот стан во Москва. Освен што беше активна на социјалните мрежи каде ја следеа 80.000 луѓе, таа работеше и во болница, каде специјализираше дерматологија и венерологија. Како што пренесуваат британските меидуми, 24-годишната девојка е пронајдена гола во ковчег со пресечен врат и повеќекратни убодни рани. […]

Малер: Русија останува закана за следните избори во САД


САД – Русија е закана за изборите во 2020 година, и други земји развиваат слични способности за мешање во демократските процеси, ова денеска го заклучи поранешниот специјален обвинител Роберт Малер на две одвоени сведочења во американскиот Конгрес. На првото сведочење пред Комисјата за правосудство, Малер неколкупати се збуни од некои прашања. Така, тој погреши да каже […]