Финска размислува за пристапување во НАТО покрај острото противење од Русија


  Активностите на руската војска на границата со Украина повторно ги покренаа разговорите во Финска за тоа дали оваа земја треба да стане дел од НАТО. Како што изјави премиерката на Финска Сана Марин, Финска ја заджува можноста да се пријави за членство во НАТО. „Ја задржуваме можноста да се пријавиме за влез во НАТО. […]

Во Русија пет лица загинаа во автобуска несреќа


Русија – Најмалку пет лица загинаа, а 21 се повредени во автобуска несреќа што се случи јужно од Москва рано утринава, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во областа Рјазан, на околу 270 километри од Москва, соопшти руската Федерална управа за патен сообраќај. Автобусот, во кој имало 49 патници, наводно удрил во столб и излетал од патот. 

Русија тестираше 10 нови хиперсонични ракети


Русија– Русија тестираше десет нови хиперсонични крстосувачки ракети Циркон од една фрегата и уште две од една подморница, соопшти руската северна флота. Рускиот претседател Владимир Путин го пофали оружјето како дел од новата генерација на системи за оружје кои се без конкуренција. Путин го нарече ракетниот тест, извршен минатата недела, „голем настан во животот на земјата“, додавајќи дека тоа е „значаен […]

Борел: Барањето да се запре проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо


  Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел во интервју за весникот „Велт“ ги нарече барањата на Русија за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток „чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови“. „Барањата за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток се […]

Русија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ 2036


 Русија сака да се натпреварува за домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2036 и се подготвува да избере најсоодветен град за својата кандидатура. – Мораме да се натпреваруваме за домаќини на Игрите 2036 и целата земја мора да именува достоен кандидат, изјави денеска во Москва, рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко. Изборниот процес ќе го води Рускиот […]

Русија ја забрани најстарата група за човекови права во земјата Меморијал


  Рускиот Врховен суд нареди затворање на Меморијал, најстарата група за човекови права во земјата, во пресудниот момент во казнувањето на независната мисла од страна на Владимир Путин. Судот нареди затворање на Меморијал според контроверзниот руски закон за „странски агенти“, чија цел беше десетици невладини организации и медиуми кои се сметаат за критички настроени кон […]

САД и Русија ќе разговараат за Украина на 10 јануари


Вашингтон и Москва ќе разговараат за Украина и за безбедносни прашања на 10 јануари, соопшти Белата куќа. Главни теми на разговорите ќе бидат прашањата поврзани со контролата на нуклеарното оружје. Генералниот секретар на НАТО предложи состанок на Советот НАТО-Русија да се одржи на 12 јануари. Рускиот претседател Владимир Путин во неделата рече дека ќе разгледа различни опции доколку Западот не одговори […]

Во Русија загинаа две лица при пожар во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19


Две лица загинаа во денешниот пожар што изби во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19 во рускиот град Астрахан. Огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите. Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Обвинителството отвори истрага за пожарот. 

Руски падобранци ќе одржат воена вежба во близина на границата со Украина


Стотици руски падобранци оваа недела ќе одржат вежби во близина на украинската граница, соопшти руското Министерство за одбрана. Околу 1.200 војници и 250 возила, како и еден авион ќе учествуваат на вежбата, што ќе се одржи меѓу центрите за обука на Крим и блиската провинција Краснодар. Министерството соопшти дека војниците ќе симулираат освојување област како […]

Русија не подготвува воена инвазија врз Украина, тврди рускиот амбасадор во ЕУ


Германија–  Амбасадорот на Русија во Европската унија, Владимир Чижов,   изјави дека Русија не се подготвува за воена инвазија на Украина, откако Москва го вознемири Западот со масовното распоредување војници на нејзината територија во близина на границата со Украина. Во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, Чижов рече дека Русија ги поддржува луѓето кои зборуваат руски и […]

Во Русија е регистриран МИР-19, нов лек против Ковид-19


 Министерството за здравство на Русија регистрираше нов лек против Ковид-19, МИР-19, кој го изработи Медицинско-биолошката агенција, соопштија денеска претставници на институцијата. – На 22 декември 2021 година, руското Министерство за здравство го регистрираше лекот МИР-19 против инфекција со коронавирус, се вели во соопштението на агенцијата.

Руската морнарица лансираше крстосувачка ракета од Јапонското Море и погоди цел оддалечена над 1.000 километри


Русија– Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руско полигон на копно. Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС. […]

Стејт департментот ги предупреди Американците да не патуваат во Украина, можни се воени акции на Русија


Стејт департментот денеска објави предупредување за опасност при патувања во Украина до најкритично црвено ниво и советува Американците да не патуваат во оваа земја бидејќи постојат закани Русија да започне воена акција против Украина. Од американскиот надворешнополитички орган го реафирмираат советот државјаните на САД да не патуваат во Украина поради Ковид-19 и да сменат планови […]

Американските медиуми открија „таен план“: Веќе е наложено да се употребат сите можни средства


  Претседателот на САД му наложил на раководството за национална безбедност да ги употреби сите можни средства да ја заузда наводно претстојната руска инвазија на Украина. Како што јави Си-ен-ен, кој се повикува на висок американски функционер, американскиот лидер стравува од повторување на сценариото од 2014 година, кога враќањето на Крим на Русија „ги изненади […]

Германската министерка за одбрана побара построги санкции против Русија


Германија – Новоименуваната германска министерка за одбрана Кристин Ламбрехт се заложи денеска, пред да замине за Литванија, за воведување построги санкции против Русија, која распореди десетици илјади војници во близина на нејзината граница со Украина. Ламбрехт, која пристигна во Литванија во својата прва странска посета, ќе ги посети воените единици во земјата-членка на НАТО, која е исто […]

ЕУ едногласна за Русија, санкции и во наредните шест месеци


Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ едногласно се договорија да ги продолжат економските санкции против Русија за дополнителни шест месеци, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. –  Лидерите на Европскиот совет едногласно се согласија да ги продолжат економските санкции против Русија. Ја повикуваме Русија да се придржува до својот дел од договорот и да […]

ЕП бара нов пакет санкции против Русија како одговор на трупањето војска на границата со Украина


 Европратениците денеска повикаа на нов пакет санкции против Русија како одговор на трупањето руски војници долж границата со Украина. Во резолуцијата усвоена со 548 гласа „за“, 69 против и 54 воздржани, европратениците повикаа на „строги економски и финансиски санкции“ кон Русија како одговор на нејзините закани кон Украина. Украина, Европската унија и САД со недели […]

Столтенберг: Русија се однесува агресорски кон Украина


НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел, по средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски. -Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста […]

Франција и Германија бараат нови преговори со Русија


Лидерите на Франција и Германија се обидоа да ги оживеат разговорите со Русија, додека продолжија да вршат притисок врз Москва да го одвлече вниманието од она што Западот го нарекува подготовки за нов напад на украинска територија. Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски се состанаа за време на […]

Германија протерува двајца руски дипломати откако Москва беше поврзана со нарачано убиство во Берлин


Германија – Германската Влада денеска за персона нон грата прогласи двајца руски дипломати, откако судот во Берлин утврди дека Русија нарачала убиство на грузиски државјанин во Берлин во 2019 година, изјави министерката за надворешни работи Аналена Баербок, пренесе ДПА. -Потегот денеска му беше соопштен на рускиот амбасадор Сергеј Нечаев за време на состанокот во Министерството за […]